Aknefug Oxid Wash - третман против акниСуспензија на база на бензоил пероксид за миење и чистење на кожа склона кон акни. Побарајте го во аптеките.

Aknefug Oxid Wash - третман против акни

Побарајте во аптека

Лекот Aknefug Oxid Wash ја содржи активната супстанција бензоил пероксид, која спаѓа во групата на лекови против акни и е наменет за употреба на кожата и третман на благи до умерени форми на акни на лицето, грбот и деколтето.

Третманот за акни бара посебен пристап и може да потрае неколку месеци, но со следење на советите на дерматолог и користење на адекватна терапија, можете да имате чиста кожа без акни.

Како Aknefug Oxid Wash делува на акните и на Вашата кожа?

Во 60% од случаите на третман на акни, локалната терапија, како што е Aknefug Oxid Wash, е доволна.

Со употрба на Aknefug Oxid Wash:Активноста на лојните жлезди се намалува (за време на пубертетот лојните жлезди лачат повеќе маснотии (лој), затоа и појавата на акните е најчеста за време на пубертетот).

  1. Нарушувањето на кератинизацијата е намалено - природно клетките од подлабоките слоеви на епидермисот мигрираат на површината на кожата, каде што формираат заштитен слој од мртвите клетки.

  2. Нарушувањето на кератинизацијата е намалено - природно клетките од подлабоките слоеви на епидермисот мигрираат на површината на кожата, каде што формираат заштитен слој од мртвите клетки.                                                                                                                                                                      Овој слој служи како бариера која ја штити кожата од надворешни фактори (прашина, нечистотија и сл.), го спречува губењето на вода и го штити телото од микроорганизми. Сепак, прекумерната кератинизација доведува до акумулација на мртви клетки во порите и нивно блокирање.

  3. Се намалува размножувањето на главните причинители за појава на акни.
    Кога се нанесува на кожата, Aknefug ослободува кислород кој го намалува бројот на штетни бактерии во лојните жлезди. Toа значи дека бактериите кои претпочитаат средина без кислород (како Cutibacterium acnes, кои се поврзани со појавата на акни) ќе имаат помали шанси да се размножат.
     
  4. Ги ублажува знаците на воспаление како црвенило.
     
Како се употребува Aknefug Oxid Wash ?

Доколку употребуваш Aknefug Oxid Wash, важно е правилно да го нанесуваш за да постигнеш најдобри резултати.

Употребата на Aknefug е едноставна.

Како се нанесува?

Возрасни и тинејџери (12+ години) го употребуваат 2 пати дневно – наутро и навечер.

Прво намокри го лицето со млака вода.

Истиснете 2-3 пати од суспензијата на врвовите на прстите и нежно втријте ја во кожата.

Оставете да делува околу 2 минути, а потоа добро исплакнете со вода.

Смеам ли да користам Aknefug Oxid Wash ако имам чувствителна кожа?

Користете го секој втор ден во првите две недели, а потоа преминете на секојдневна апликација.

Може да забележите мало црвенило или лупење - ова е нормално и значи дека третманот делува.

Колку долго трае Acnefug третманот за лечење на акни?

Потребни се 4 до 12 недели за видливи резултати.

Акните може да бараат долгорочен третман, но со трпение и упорност, Вашата кожа може да стане чиста и здрава! Затоа е многу важно да се користи Acnefug додека симптомите на воспаление целосно не исчезнат.

Каде да го чувате пакувањето Aknefug?

Пред отворање: ставете го во фрижидер за да се зачува неговата стабилност.

По отворањето: на собна температура, но сепак чувајте го Acnefug на суво и темно место.

Дали за Aknefug Oxid Wash е потребен рецепт?

Не, Aknefug Oxid Wash е лек без рецепт, затоа не Ви е потребен рецепт. Сепак, третманот за акни е сериозен третман, па затоа е важно да се консултирате со дерматолог или фармацевт пред употреба.

Упатство за производот

Aknefug Oxid Wash
4% суспензија за кожа
бензоил пероксид

Пред да започнете со употреба на овој лек, внимателно прочитајте го упатството затоа што содржи важни информации за Вас. Секогаш користете го овој лек точно како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт.

  • Чувајте го упатството. Може ќе имате потреба да го прочитате повторно.
  • Прашајте го Вашиот лекар или фармацевт доколку Ви се потребни повеќе информации или совети.
  • Доколку некој од несаканите ефекти стане сериозен, или доколку забележите несакан ефект кој не е наведен во упатството, известете го Вашиот лекар или фармацевт.
  • Информирајте го Вашиот лекар доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо по 7 дена од употреба на овој лек.

Упатството за пациентот содржи:

1.Што претставува Aknefug Oxid Wash и за што се употребува
2.Што мора да знаете, пред да го земете/ употребите Aknefug Oxid Wash
3. Како да го земате/ употребувате Aknefug Oxid Wash
4. Можни несакани дејства (реакции)
5. Чување и рок на употреба на Aknefug Oxid Wash
6. Останати информации

Aknefug Oxid Wash суспензијата за кожа содржи бензоил пероксид како активна супстанца, која спаѓа во групата на агенси против акни и е наменета за употреба на кожа.
Aknefug Oxid Wash е суспензија наменета за третман на лесни до умерени форми на акни.

Информирајте го Вашиот лекар доколку употребувате други лекови, имате хронична болест или метаболно нарушување, сте преосетливи на било какви лекови или сте имале алергиски реакции на било кој лек.

Немојте да го земате/употребувате Aknefug Oxid Wash:

Доколку сте алергични на бензоил пероксид или било која друга состојка на овој лек (видете дел 6.).
Aknefug Oxid Wash не смее да се користи на мукозни мембрани, во близина на очите, носот или устата или на оштетена кожа.

Бидете посебно внимателни со Aknefug Oxid Wash ако:

  • сте склони кон алергиска реакција и имате атопичен дерматитис и сува или себостатична кожа (кожа на која послабо се создава себум). Доколку се појават реакции на преосетливост или сериозна иритација на кожата за време на употреба на Aknefug Oxid Wash, потребно е да се прекине со употреба и да се побара медицинска помош.
  • на почеток, за време на апликацијата на Aknefug Oxid Wash суспензијата, кожата може да се чувствува затегната, и можна е појава на лупење, чешање и благо црвенило како резултат на зголемена сувост.
  • бидејќи реакциите кон УВ-зраци може да бидат поинтензивни, може да се јави зголемена тенденција кон изгореници. Поради тоа, за време на третман со Aknefug Oxid Wash, се препорачува да се избегнува сончање, посети на солариум и изложување на УВ зрачење.
  • внимавајте Aknefug Oxid Wash да не ја пренесете на косата или обоена ткаенина, преку рацете или третираната кожа, бидејќи може да дојде до нивно избелување.
  • внимавајте Aknefug Oxid Wash да не дојде во допир со очите, бидејќи може да предизвика црвенило и печење. Доколку сепак до ова дојде, исплакнете ги очите со обилна количина вода.
  • доколку Вие, или било кој од Вашата околина, случајно проголта Aknefug Oxid Wash, консултирајте го Вашиот лекар бидејќи бензоил пероксидот (активната компонента) може да предизвика стомачни проблеми.

Земање/употребување на други лекови:

Ве молиме известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку користите, или скоро време сте користеле некои други лекови, вклучувајќи ги и оние за кои не е потребен лекарски рецепт.
Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку:

  • Истовремено применувате производи за кожа (на пр. масти, креми и др.) кои можат да предизвикаат иритација на кожата, бидејќи иритацијата може да се влоши
  • Користите други лекови за лечење на акни кои содржат витамин А, бидејќи истовремената употреба на Aknefug Oxid Wash со нив може да го намали нивното дејство и да ја зголеми иритацијата на кожата.

Употреба на Aknefug Oxid Wash со храна и пијалоци:

Нема податоци за несакани ефекти.

Употреба на Aknefug Oxid Wash при бременост и доење:

За време на бременост и доење, Aknefug Oxid Wash треба да се користи само по внимателна проценка на ризикот и користа и детални консултации со лекар.
Не е познато дали активната компонента на Aknefug Oxid Wash преминува во мајчиното млеко и дали е безбедно за детето.

Влијание врз способноста за возење или ракување со машини: Не е потребна претпазливост.

Важни информации за некои од составните компоненти на Aknefug Oxid Wash:

Aknefug Oxid wash не содржи ексципиенси со потврден ефект.

3. Како да го земате/употребувате Aknefug Oxid Wash

Секогаш користете го Aknefug Oxid Wash точно како што што е наведено во упатството. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Aknefug Oxid Wash е наменет за употреба кај возрасни и деца над 12 години.
За кожна употреба.
Ако не е пропишано поинаку, Aknefug Oxid Wash се аплицира два пати дневно во тенок слој на претходно навлажнета површина на кожата.
Доколку Вашата кожа е особено чувствителна, употребувајте го Aknefug Oxid Wash секој втор ден за време на првата недела, а потоа може да се продолжи со секојдневна апликација.
Aknefug Oxid Wash се употребува се додека не се отстранат симптомите на воспалената кожа, просечно 4-12 недели.

Секогаш кога го употребувате овој препарат, следете ги наведените инструкции:

  • секогаш најпрво отстранете ја шминката од лицето
  • навлажнете ги заболените региони на кожата со вода.
  • земете мала количина од суспензијата со прстите и нежно масирајте ги навлажнетите делови.
  • Aknefug Oxid Wash се аплицира во тенок слој.
  • оставете ја создадената пена 2 минути, а потоа измијте ја со голема количина вода.
  • Забелешка: Кога ќе ја бришете кожата, не употребувајте обоени крпи, поради можноста од избелувачки ефект.
  • измијте ги рацете по употребата на Aknefug Oxid Wash суспензијата.

Ако сте земале/употребиле поголема количина на Aknefug Oxid Wash отколку што треба:

Доколку Aknefug Oxid Wash го аплицирате во многу дебел слој, или сте го аплицирале почесто од пропишаното, поверојатна е појавата на несаканите ефекти. Во тој случај треба да се намали зачестеноста на примената или количината на нанесениот лек (вишокот на лек може да се отстрани со хартиено марамче или преку испирање со вода).

Ако сте заборавиле да го земете/употребите Aknefug Oxid Wash:

Не ја дуплирајте дозата доколку сте пропуштиле една апликација на Aknefug Oxid Wash. Придржувајте се на пропишаното дозирање.

Ефекти кога престанува третманот со Aknefug Oxid Wash:

Доколку привремено или подолготрајно се ја прекинете употребата на Aknefug Oxid Wash, консултирајте се со Вашиот лекар. Но, и во двата случаи, третманот може да не е ефикасен.

4. Можни несакани дејства (реакции)

Како и сите лекови, Aknefug Oxid Wash може да има несакани дејства, иако тие не се појавуваат кај секого.
Доколку забележите појава на било кој од долу наведените несакани ефекти, прекинете ја употребата на Aknefug Oxid Wash, и консултирајте се со Вашиот лекар.

Ретки (може да се појават кај најмногу 1 од 1000 пациенти):
Бензоил пероксидот или другите компоненти во Aknefug Oxid Wash може да предизвикаат хиперсензитивна реакција (веројатно одложена) на кожата. Во таквите реакции спаѓаат контактни алергии со црвенило и создавање плускавци или псевдоалергиски реакции со едем (отекување). Во овие случаи, престанете со користење на производот.

Чести несакани ефекти (може да се појават кај најмногу 1 од 100 пациенти):
На почетокот на користењето на Aknefug Oxid Wash, како резултат на сушењето на кожата, може да се појави затегнатост на кожата, како и нејзино лупење, печење, чешање и слабо црвенило.
Благите иритации на кожата како црвенило, чешање и печење, помагаат на процесот на заздравување, и најчесто исчезнуваат за неколку дена. Сушењето и лупењето на кожата исто така се терапевтски посакувани несакани ефекти. Сепак, треба да се прекине примената и да се консултира медицинско мислење доколку овие симптоми траат повеќе од една недела, или доколку дојде до сериозна кожна иритација.

Пријавување на несаканите реакции

Ако забележите некое несакано дејство, известете го Вашиот лекар или фармацевт. Ова важи и за секое можно несакано дејство што не е споменато во ова упатство за употреба.
Несаканите реакции од лековите може да ги пријавите во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/.
Преку пријавувањето на несаканите ефекти може да помогнете во собирањето на повеќе информации за безбедноста на овој лек.

Рок на траење

Рок на траење пред првото отворање: 3 години.
По првото отворање, лекот може да се употребува за 6 месеци, но не подоцна од рокот на употреба.
Користете го лекот до датумот на пакувањето.

Чување

Aknefug Oxid Wash се чува во фрижидер на температура од 2-8°C.
Услови за чување по првото отворање: да се чува на температура до 25° C.

6. Останати информации

Содржина на Aknefug Oxid Wash

Активна супстанција е бензоил пероксидот.
Во 100 грама од суспензијата има 5,33 грама бензоил пероксид што содржи вода (одговара на 4 грама бензоил пероксид).

Други компоненти:
макрогол-3-дистеарат, натриум лаурет сулфат, карбомер 980, натриум хидроксид, динатриум едетат, прочистена вода.

Како изгледа Aknefug Oxid Wash и што содржи пакувањето

Aknefug Oxid Wash е хомогена, вискозна суспензија со бела боја и карактеристичен мирис.
Готовиот производ е спакуван во внатрешното пакување, кое е HDPE туба затворена со полипропиленска завртка.
Надворешното пакување е преклопена картонска кутија која содржи туба со 100 гр кожна суспензија и упатство за употреба.

Носител на одобрението за ставање на лекот во промет:

САЛВЕО ДООЕЛ Скопје
Ул. Христо Татарчев 13 бр. 9
Скопје

Производител

Dr. August Wolff GmbH & Co. KG Arzneimittel
Sudbrackstrasse 56, 33611 Биелефелд, Германија
Тел. број: +49 (0)521 8808-05;
Факс: +49 (0)521 8808-334
Е-пошта: info@wolff-arzneimittel.de

Датум на последна ревизија на внатрешното упатство:
Април 2022

Начин на издавање на лекот:

Лекот може да се издава во аптека без рецепт (БР).

Број на одобрение за ставање на лекот во промет:
11-3944/3 од 09.08.2022 година

AKNEFUG-WOLFF-V01-08.2022

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.