Капките за уши Auridol се наменети за возрасни, деца и бебиња над 6 месеци.
Глицеролот во Auridol го омекнува церуменот (ушниот восок) и помага да се отстрани. Благодарение на својствата за врзување на водата, го отстранува вишокот течност од ушниот канал (осмотски ефект), што доведува до елиминирање на проблемите како болка и оток, кои се јавуваат при воспалителни состојби во увото.
Лидокаинот во капките за уши Auridol е локален анестетик кој го поддржува основниот ефект на глицеролот и дополнително придонесува за ублажување на болката во увото.
Возрасни, деца и доенчиња над 6 месеци: 2 капки во секое уво до три пати на ден. Ако нема подобрување по 3 дена или ако се влоши, контактирајте го Вашиот лекар.
Во случај на употреба кај деца, неопходно е да се заштити увото со памучна вата.
По употребата на Auridol, употребата на други лекови, медицински средства или капки за уши не се препорачува најмалку 30 минути.
AURIDOL
Капки за уво
Содржина:
Состојки: 0,5% раствор на лидокаин-хидрохлорид во безводен глицерол
1.Што е AURIDOL и за што се употребува
AURIDOL капки за уво е медицинско средство чие делување се базира на осмотските својства на глицеролот.
Главна компонента на медицинското средство AURIDOL е глицеролот. Глицеролот има две основни карактеристики кои се важни за неговата примена во капките за уво:
(1)мрсна конзистентност на глицеролот – овозможува нежно прилепување на глицеролот на кожата на местото на аплицирање и е одговорен за неговите заштитни својства и
(2)хигроскопност на глицеролот - глицеролот кога се применува локално, ја отстранува водата од отеченото ткиво (осмотски ефект) што доведува до намалување на отокот, а со тоа и до ублажување на болката во увото
Лидокаинот, кој е локален анестетик, го поддржува основниот ефект на глицеролот и дополнително придонесува за ублажување на болката во увото.
Глицеролот, присутен во медицинското средство AURIDOL, го омекнува церуменот (восокот во увото) и помага во неговото отстранување. Благодарение на неговата способност да ја врзува водата, го отстранува вишокот течност од ушниот канал (осмотски ефект), што доведува до елиминирање на тегобите како што се болка и оток кои се јавуваат при воспалителни состојби на увото. Глицеролот делува на причинителот. Лидокаинот во AURIDOL капките за уво е локален анестетик кој го поддржува основниот ефект на глицеролот и дополнително придонесува за ублажување на болката во увото.
AURIDOL се користи за:
AURIDOL може да се користи кај деца постари од 6 месеци.
2. Важни информации пред да употребите AURIDOL
Контраиндикации
Не користете AURIDOL:
Предупредувања
Употреба со други лекови/медицински средства
Интеракцијата со други производи не е истражувана. Меѓутоа, познато е дека антиаритмиците (лекови за третман на неправилен ритам на срцето) ги зголемуваат несаканите дејства на лидокаинот, па нивната истовремена употреба може да доведе до сериозни несакани дејства. Циметидин, бета-блокатори, норепинефрин, анестетици за инхалација го инхибираат метаболизмот на лидокаин со намалување на преминот низ црниот дроб, што доведува до зголемување на нивото на лидокаин во серумот.
Барбитуратите, рифампицин и фенитоин го забрзуваат метаболизмот на лидокаин преку активирање на микрозомалните ензими на црниот дроб.
Лидокаинот го подобрува ефектот на релаксантите на попречно-пругастите мускули.
Не се препорачува употреба на други лекови/медицински средства во форма на капки за уво и спрејови за уво за време на употребата на медицинското средство AURIDOL; за нивната истовремена употреба со медицинскиот производ AURIDOL, неопходно е да се консултирате со лекар или фармацевт.
Пред да користите AURIDOL, капки за уво, информирајте го Вашиот лекар или фармацевт за другите производи што ги нанесувате во увото, како и за сите лекови што ги земате или неодамна сте ги земале, вклучително и оние што се издаваат без лекарски рецепт. По употреба на капките, не се препорачува употреба на други лекови, медицински средства, во форма на капки за уво најмалку 30 минути.
3. Како да се употребува AURIDOL
Дозирање
Возрасни и деца над 12 години: 2 капки во секое уво до три пати на ден.
Ако нема подобрување по 3 дена или ако се чувствувате полошо, консултирајте се со лекар.
Деца постари од 6 месеци: 2 капки во секое уво до три пати на ден.
Да се користи само под надзор на возрасен или лекар.
Ако нема подобрување по 3 дена или ако детето се чувствува полошо, контактирајте се со лекар.
Во случај на употреба кај деца, неопходно е да се заштити увото со памучна вата.
AURIDOL не смее да се користи кај деца помлади од 6 месеци.
Само за надворешна употреба. Третманот треба да биде под надзор на лекар.
AURIDOL содржи 7 g раствор.
4. Можни несакани дејства
AURIDOL добро се поднесува и нема познати несакани дејства при неговата употреба. Во случај да се појави алергија или друго несакано дејство, информирајте го Вашиот лекар или фармацевт и веднаш прекинете ја употребата на производот.
AURIDOL, капките за уво треба да се користат исклучиво во согласност со упатството за употреба.
5. Чување на AURIDOL
AURIDOL треба:
По првото отворање, капките за уво AURIDOL може да се користат 4 недели. Напишете го на пакувањето датумот на првата употреба на AURIDOL, капките за уво.
По употребата, отстранете го пакувањето во согласност со локалните прописи.
6. Останати информации
AURIDOL е медицинско средство од III класа.
CE 1434
Пакување: Повеќедозно шишенце кое содржи 7 g раствор.
Производител: EmergoPharm Sp. z.o.o. Sp.K., ul. Jana Ciszewskiego 15, 02-777 Warszawa, Полска
Објаснување на симболите употребени на пакувањето:
Дозволена температура за чување
Пред употребата да се прочита упатството за употреба
Производител
Предупредување
Број на серијата
Важи до (рок на употреба)
CE знак
Да се чува заштитено од сончевата светлина
Да не се употребува доколку пакувањето е оштетено
Датум на последна ревизија на упатството за употреба:
Февруари, 2024 година
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија:
САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства: 14-2296/2 од 01.03.2024 година
AURIDOL-EME-V01-03.2024
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.AURIDOL

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.