Клинички приказ на случај со Otitis Externa и примена на капките Auridol - Biram zdravlje

Клинички приказ на случај со Otitis Externa и примена на капките Auridol

shadow illustration

Пишува: д-р. Игор Панев

Воспаленија  на  Увото ( Otitis )

ПОДЕЛБА  :

По локализација :

- Надворешен слушен канал
- Средно уво ,
- Внатрешно уво

По текот:

- Акутни
- Хронични

По причинител:

- бактериски
- вирусни
- габични

- специфични
- неспецифични

Отитис екстерна ( ОЕ ) е инфламација ( воспаление) ,која може да биде инфективна или неифективна етиологија на надворешниот слушен канал.
Во одредени случаеви воспалението може да се прошири на надворешното уво аурикулата,tragus , pinna итн.

Otitis externa може да биде класифицирана како акутна ( помалку од 6 недели)
или Хронична (подолго од 12 недели)  

Отитис екстерна  позната е и како „пливачко уво“, е воспаление или инфекција на надворешниот ушен канал, често предизвикано во летната сезона и тропски краишта од бактерии по задршка на  вода во увото која што е нотиран ризик фактор за појава на оваа инфекција.
Најчестата причина за појава на Otitis externa e бактериска инфекција.

Може да биде асоцирана со алергиски ринитис, егзем и псоријаза.

ЕТИОЛОГИЈА

Pseudomonas aeruginosa и Staphylococcus aureus се најчести патогени причинители на отитис екстерна.
Оtitis externa може да се појави како полимикробна инфекција , поретко може да се манифестира како габична инфекција причинета од Candida albicans.или Aspergillus . Различни фактори можат да ги предиспонираат пациентите за развој на отитис екстерна.
Пливањето е еден од начестите ризик фактори кој петкратно го зголемува ризикот за појава на оваа инфекција во споредба со непливачи.

Останати ризик фактори:
- Влажност
- Траума или повреда со страни тела ( стапчиња за уши, безжични слушалки или тампони за уши. Слушни помагала.. итн)
- Дерматолошки заболувања како егзем и псоријаза
- Тесни надворешни слушни канали
- Обструкција , оптурираност на надворешните слушни канали со церуминозни чепови, страни тела.
- Радио и Хемотерапија
- Стрес
- Имунокомпроитирани пациенти

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА

Отитис екстерна е честа состојба која може да се појави во сите возрасни групи. Не е карактеристична за детска возраст под 2 годишна возраст. Инциденцата е непозната но пикот е од 7 до 14 годишна возраст. Апроксимативно 10 % од популацијата во текот на својот живот ќе заболат од ова заболување , додека (95 %  ) се од акутен карактер.
Не постои родова предизпозиција или предоминација .
Повеќето од случаевите се појавуваат во текот на летото или /и во тропски подрачја , за што во прилог оди поврзаноста со влажни временски услови.

ПАТОФИЗИОЛОГИЈА 

Надворешниот слушен канал е покриен од фоликули на влакна и церуминозни жлезди. Церуменот овозможува заштитна бариера и кисела средина која инхибира бактериски и фунгален раст. Инфламаторниот одговор кај отитис екстерна е предизвикан со пореметување на  нормалното ph ниво како и заштитните природни механизми во надворешниот слушен канал.
( повторувачки консеквентни процеси на оштетување на епителот на кожата на надворешниот слушен канал, загуба на церуминозниот заштитен слој на каналот, и акумулација на влажност што доведува до покачување на ph нивото и бактериски или габичен раст. )  

shadow illustration

АНАМНЕЗА и СТАТУС

Отитис екстерна е клиничка дијагноза и поради тоа мандаторни се земање анамнеза , статус и преглед. Лекарскиот преглед потребно е да опфаќа преглед (инспекција,евалуација и статус) на аурикулата , преглед на регионалните лимфни јазли и кожата околу надворешното уво, и отоскопски преглед. Отоскопски се визуелизира еритематозен и едематозен надворешен слушен канал со асоциран дебрис( жолта, бела или сива) Во одредени случаеви тимпаничната мембрана е еритематозна или парцијално може само да се визуелизира поради локалниот едем или церумен или дебрис. Конкомитантен отитис медиа е суспектен скоро секогаш кога имаме воздушно ниво со меурчиња позади membrana tympani кое e патогномонично за ефузија во средното уво.

Клиничката презентација може да е варијабилна зависно од стадиумот и фазата на инфекцијата. Иницијално главен симптом кај пациентите со ОЕ е иритација ,пруритис на надворешниот слушен канал кое што е проследено веднаш со појава на силна болка која се засилува со допир и манипулација на делови од аурикулата ( школката) најчесто трагус, pinna или двете . Оталгијата е диспропорционална со отоскопскиот наод и тоа заради инервацијата и иритацијата од високо сензитивен периостеум под тенкиот дермис на коскениот дел од надворешен слушен канал.

Останати придружни симптоми се otorrhea, чуство на притисок во увото, намален слух на афектираната страна.

Системските (општи) симптоми како покачена телесна температура и малаксаност укажуваат на влошување на состојбата и пропагација на инфекцијата .

Otitis externa може да се класифицира според тежината на клиничката слика.

ЛЕСНА – пруритис, присуство на нелагодност и мала болка, и едем на каналот.

СРЕДНА – Надворешниот слушен канал е делумно оптуриран и болката е засилена со чуство на притисок во афектираното уво.

ТЕШКА – Надворешниот слушен канал е комплетно оптуриран од едемот. Присутна е силна придружна болна осетливост , намален слух , регионална лимфаденопатија како и треска.

КЛИНИЧКИ ПРЕГЛЕД (ЕВАЛУАЦИЈА и Придружни иследувања)

При отитис екстерна како клиничка дијагноза во случај на потешка клиничка слика потребно е да се реализираат лабораториски анализи ( диференцијална крвна слика, седиментација и ЦРП) како и брис од надворешниот слушен канал. Сепак микробиолошки анализи и култури се препорачуваат при рецидивантни случаеви на отитис екстерна , малиген отитис екстерна , и кај имунокомпромитирани пациенти и дијабетичари , како и кај псоријаза и други дерматолошки придружни заболувања кај кои се потребни дополнителни инвестигации.

ТРЕТМАН

Третманот на повеќето пациенти со Отитис Екстерна најчесто е во вонболнички услови. Вообичаениот терапевски стандарден модалитет е ординирање на топични антибиотски капки, како и аналгетска и симптоматска терапија.

Болката може да биде интензивна или дебилитирачка и соодветно да биде аналгетски купирана. Acetaminophen, NSAID се покажале како соодветна аналгезија за послаба или болка со послабо толерабилен интензитет, но кај болка со посилен интензитет од дебилитирачки карактер индицирано е или повисоки концентрации од претходните аналетици, но и опоиди (trodon,oxicodon hydrocodon), па дури и апликација на локални анестетици и истиве индицирани се за краткотраен декурзис,додека се локалните симтоми како обтурирачкиот едем и еритем повлечат.

Еден од медицинските средства кои што имаат соодветна примена во купирање на болка при отитис екстерна се капките AURIDOL, чиј што состав содржи анестетик Lidocain, но и глицерол.
Глицеролот има две основни карактеристики кои се важни за неговата примена во капките за уво:

Масна конзистентност на глицеролот –овозможува нежно прилепување на глицеролот на кожата на местото на аплицирање и е одговорен за неговите заштитни својства. Понатаму го омекнува церуменот , го разводнува и со тоа помага во негово отстранување.

Хигроскопност на глицеролот - ја отстранува водата од едематозното ткиво (осмотски ефект), што доведува до негово намалување, а со тоа и до ублажување на болката во увото

Лидокаинот, кој е локален анестетик, придонесува за ублажување на болката во увото.

 

Во моето 3 годишно досегашно искуство како ОРЛ специјалист не се пријавени несакани ефекти од примената на капките AURIDOL . Во сите случаеви на примена на капките AURIDOL болката се намалува веднаш по апликација на истите за 2 до 3 минути во повеќето случаеви.

Капките Auridol се применуваат кај:

Otitis externa и Оtitis media,како и придружен cerumen со истите, кожни егземи на надворешниот слушен канал - Воспалителни состојби кои се карактеризираат со болка, чуство на притисок во увото , оток и чешање на надворешниот ушен канал

 

ПРИКАЗ НА КЛИНИЧКИ СЛУЧАЈ ( OTITIS EXTERNA )
 

Маж, 54 годишна возраст се јавува на преглед заради болка во лево уво . Анамнестички – болката се појавила пред 1 ден за што земал симптоматска аналгетска терапија на која што и претходела иритација и чешање. Минати заболувања – негира болести од интерес.
Реализиран отоскопски преглед – визуелизирана хиперемија и едем на лев надворешен слушен канал. Интактна мембрана тимпани со присутен светлосен рефлекс. Не се визуелизира страно тело или церумен.
Останат орл преглед – уреден .
Поставена е газа во надворешниот слушен канал натопена со медикаментозна терапија како и капки АУРИДОЛ на истата.

Ординирано:
- Локално hydrogen 3%, 3x дневно по 3 до 4 капки дневно во надворешен слушен канал, 5 дена
- Локално капки Auridol, 3x дневно по 4 до 5 капки во надворешен слушен канал во decursis, 10 дена
- симптоматска аналгетска терапија
- антиедематозна терапија со протеолитички ензими per os , 1x1 дневно, 7 дена .

Пациентот после 48 часовна терапија дава податок за комплетно исчезнување на тегобите и болката, а после 7 дневна терапија постигнато е комплетно излекување .

Генерално, локалните антибиотски капки се безбедни и се лесно тoлерираат . Нивната безбедност и ефикасност споредено со плацебо е докажана во повеќе рандомизирани студии и мета анализи. Одредени студии покажуваат дека топични антибиотски капки кои содржат кортикостероиди, ја намалуваат инфламацијата и едемот.

- Polymixin B , neomycin, хидрокортизон.
- Оfloxacin
- Ciprofoxacin со hydrocortisone

Доколку суспектна или присутна е перфорација на тимпаничната мембрана neomyxin/polymixin B/ hydrocortison ,алкохол и други потенцијални ототоксични капки( аминогликозиди), треба да се избегнуваат. Флуорокинолоните докажано е дека немаат никаква ототоксичност . Од овие причини се препорачуваат за третман на Отитис медиа асоцирана со перфорација на мембрана тимпани и отитс екстерна.

Без разлика на користењето на топични антибиотици во третман на полесен отитис екстерна во апроксимативно 65 до 90 % од случаевите се постигнува излекување за 7 до 10 дена .

Во случаевите со потешка клиничка слика посебно со зафаќање на регионални лимфни јазли и покачена телесна температура , оптурирање на надворешниот слушен канал и придужен отитис медиа - потребно е примена и на антибиотиска терапија како и локална антибиотска терапија .
Третманот вклучува и антиедематозна терапија ( кортикостероиди , трипсин , хемотрипсин ,серапептидаза и други протеолитички ензими) како и поставување на гази натопени со медикаментозни средства кои ги аплицира ОРЛ специјалист за подобра администрација на медикаментите поради невозможноста на топичните медикаменти да дојдат до инфламираните места од оптурираноста на надворешниот слушен канал .
 

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

Акутен отитис медиа без или / со супурација

Контактен дерматит на надворешниот слушен канал

Псоријаза

Фурукулоза

Херпес зостер отикус ( Ramsey Hunt Sy )

Болка во темпоро – мандибуларен зглоб. ( артрози , Sy Costen итн)

Присуство на страно тело во надворешен слушен канал

Рефлексна оталгија поради инфламација на отофарингс и афекција на палатиналните тонзили

Малигна болест

КОМПЛИКАЦИИ

Акутен отитис екстерна предизвикува нарушување на квалитетот на животот на пациентите и потребно е боледување кај 25 % од пациентите.

Акутниот отитис екстерна може да прогредира во хроничен отитис екстерна и може да предизвика стеноза на каналот и загуба на слухот. Најчестите компликации на отитис екстерна се малиген отитис екстерна и периаурикуларен целулитис како и перихондритис.
Останати компликации :

Myringitis

Perichondritis

Фацијален целулититис

Osteomyelitis на темпорална коска

Малигниот или некротизирачки отитис екстерна е живото – загрозувачка состојба која најчесто се појавува кај имунокомпромитирачки пациенти, постара популација и пациенти со дијабетес. Некротизирачки отитис екстерна е екстензија на инфекцијата која што може да се прошири на темпоралната коска и типично е предизвикана од Pseudomonas aeruginosa ( 90%) Рана дијагноза е од есенцијален карактер поради високиот морталитет и поради тоа треба да се посомневаме на истата кај имунокомпромитирани пациенти и пациенти со дијабет со придружен отитис екстерна и покаена телесна температура кои се поставени на антибиотска терапија но не реагираат на истата.
Оваа сериозна инфекција може да резултира со компликација остеомиелитис на темпоралната коска, афекција на кранијални нерви и парализа најчесто на n.facialis. Остатати компликации асоцирани со НОЕ ( Некротизирачки отитис екстерна ) вклучуваат :


- Meningitis
- Encephalitis
- Тромбоза на дурални синуси
- мозочни апсцеси

ДА СЕ КОНСУЛТИРА ОРЛ ЛЕКАР ?

Отитис екстерна е честа воспалителна состојба и најчесто е третирана од лекарите од општа пракса за случаевите од полесна клиничка презентација.
Поради тоа ретко за пациентите со оваа дијагноза потребна е хоспитализација и болнички третман.

Оториноларинголог се консултира во случај на :
- потешка клиничка слика предоминантно со делумна и комплетна оклузија на надворешниот слушен канал ,
- клиничка слика која не реагира на веќе ординираната терапија подолго од 3 дена,
- Присуство на страно тело/церумен во надворешниот слушен канал со придружен отитис екстерна и / или медиа
- придружна супурација / крварење од надворешен слушен канал
- присуство на регионална лимфаденопатија
- перихондрит
- повреда на аурикула и надворешен слушен канал
- некротизирачни отитис екстерна

Референца : Ballenger et al.
National Library od medicine (NIH) :
https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK556055/

shadow illustration