Immusan C 800 - витамини и минерали за имунитет - Biram zdravlje

Immusan C 800 - витамини и минерали за имунитет

Побарајте во аптека

Immusan C 800 5 во 1, депо таблети со цинк, селен и витамини Б12, Ц и Д, наменети за зајакнување на имунитетот. Депо таблетите Immusan C 800 5 во 1 овозможуваат рамномерно ослободување на активните состојки во телото во текот на денот.
 
►1 пакување Immusan C800 содржи 20 таблети.

►Immusan C800 е диететски производ - Храна за специјални медицински цели.

►Без глутен.

Immusan C 800 содржи 5 различни витамини и минерали во само една таблета и претставува уникатна комбинација на пазарот. Содржи високи дози на активни состојки.

►Витамин Ц 800 мг

► Цинк 10 мг

►Витамин Д3 25μg (1000 IU)

►Селен 55μg

►Витамин Б12 10μg

Начин на употреба

Возрасни: Една депо таблета еднаш дневно со доволно течност.

Благодарение на депо ефектот, со земање само една таблета дневно, нашиот организам се снабдува со сите потребни минерали и витамини, особено во периоди на вирусни и бактериски инфекции.

Упатство за производот

Immusan® C 800

5 во 1 Одбранбен комплекс

Упатството за употреба на граничен производ содржи:

  1. Што претставува и за што се употребува граничниот производ Immusan® C 800
  2. Што треба да знаете пред употреба на граничниот производ Immusan® C 800
  3. Правилна употреба на граничниот производ производ Immusan® C 800
  4. Можни несакани дејства
  5. Чување и рок на употреба
  6. Дополнителни информации.

Immusan® C 800 е производ кој го поддржува имунитетот благодарение на избраните хранливи состојки. Во време на зголемен ризик од инфекција, зајакнувањето на имунолошкиот систем е особено корисно. Имунолошкиот систем на организмот е важен за здравјето затоа што има за задача да го заштити организмот од инфекции.

Благодарение на технологијата на изработка на препарати со продолжено дејство (депо препарати) од производителот Тетесепт, телото може да се снабдува со хранливи материи рамномерно и во текот на неколку часа. Една таблета на ден е доволна за поддршка на имунолошкиот систем кога е особено оспорена.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана.

Многу е важно да се придржувате кон урамнотежена и балансирана исхрана и здрав начин на живот.

Немојте да го употребувате граничниот производ Immusan® C 800

Во случај на преосетливост на било која од компонентите на овој граничен производ, Ве молиме да престанете со употреба на производот.

Бидете посебно внимателни со граничниот производ Immusan® C 800

Не се познати состојби, болести или други лекови со кои Immusan® C 800 треба внимателно да се користи.

Бременост и доење

Бремените жени, доилки или жените кои планираат бременост, треба да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ.

Влијание врз психофизичките способности

Immusan® C 800 не се очекува да влијае на способноста на управување со возила, работа со машини или извршување на тешки или небезбедни работни задачи

Важни информации за некои состојки на граничниот производ Immusan® C 800

Нема податоци за нетолеранција на било која состојка на Immusan® C 800.

Земање/употреба на други медицински производи и Immusan® C 800

Не се познати ефекти од земање на други медицински производи и Immusan® C 800.

Препорачано дозирање: една таблета дневно да се испие со доволна количина течности.

4. Можни несакани дејства

Нема податоци.

5. Чување и рок на употреба

Да се чува на места недостапни за деца

Да се чува во оригинално пакување, заштитено од топлина и директна светлина.

Датумот на рокот на употреба на граничниот производ е означен на пакувањето.

Да не се користи по истекување на датумот на рокот на употреба што е означен на пакувањето.

6. Дополнителни информации

Што содржи граничниот производ Immusan® C 800

Една таблета содржи:

  • 800 mg Витамин Ц
  • 10 mg Цинк
  • 55 µg Селен
  • 25 μg Витамин Д3
  • 10 μg Витамин Б12

Останати состојки: средствa за зголемување на волумен: хидр оксипропилметилцелулозa,микрокристална целулоза, калциум карбонат; средство против стврднување: магнезиумови соли на масни киселини; средства за обложување: хидроксипропилцелулоза; сахароза; малтодекстрин; модифициран скроб; средство за зголемување на волумен: арапска гума; средство против стврднување: талк; растително масло (кокос); пченкарен скроб; средство против стврднување: масни киселини; средствa за зголемување на волумен: манитол; средство за боење: железен оксид жолт; средство за зголемување на волумен: трикалциум фосфат; антиоксиданс: ДЛ-алфа-токоферол.

Не содржи лактоза и глутен.

Изглед и пакување на граничниот производ Immusan® C 800

20 депо таблети (20 дневни дози).

Носител на одобрение за ставање на граничниот производ во промет

САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

Производител

Merz Pharma GmbH & Co.KgaA, Ludwigstrasse 22, 64354 Reinheim – Германија за Tetesept Pharmaceuticals GmbH. – Германија

Број и датум на упис во регистарот на гранични производи:

12-4738/2 од 30.05.2023 година

IMMUSAN-SAL-V03-02.2024

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Колку долго може да се зема Immusan C 800 во континуитет?

Immusan C 800 нема ограничување во должината на примена, па затоа не е неопходно да се прават паузи во неговата употреба.

Дали Immusan C 800 се зема со храна?

Immusan C 800 најдобро е да се зема после оброк, поради постепеното ослободување на активните компоненти.

Колку изнесува 25 µg витамин Д во меѓународни единици?

25 μg е 1000 IU витамин Д3.

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.