isla® medic voice пастили - Biram zdravlje

isla® medic voice пастили

Побарајте во аптека

Кога ќе го изгубиме гласот, сфаќаме колку ни е важен како главно средство за комуникација. Професионалците на кои гласот им е главно средство за работа, нивните гласни жици бараат посебна грижа. isla® medic voice со hydro+ формула и вкус на цреша ги смирува силно напрегнатите гласни жици.

Механизам на дејство

Комплексот хидрогел, кој се наоѓа во пастилите, се состои од
карбомер, ксантанска гума и хијалуронска киселина. Благодарение на способноста на полисахаридот на ксантанска гума да ја врзува водата и специфичната способност за бабрење на средството за желатинирање карбомер, се формира заштитен филм кој ја обложува иритираната слузницата.

Хијалуронската киселина содржана во пастилите има
специфични физички својства на формирање на хидратантен филм на површина на слузницата.
Сувиот остаток од специјалениот екстракт од исландски лишај,
отпорен на суровата клима на северните предели содржи
повеќе од 80% муцин. Со растворање на пастилата во уста
се ослободува слуз која како мелем ја обложува слузницата на устата и грлото и има благотворно дејство.

Резултатот е зголемено лачење на плунка, иритираната слузница сама се регенерира, а типичните симптоми на настинка како што се болка во грлото, гребење, засипнатост, сувост и
тешко голтање се ублажуваат.

Дозирање

Возрасни и деца постари од 6 години: полека растворете 1 пастила
во устата, доколку е потребно, до 6 пастили дневно.
Една пастила содржи 1050 mg замена за шеќер = 0,09 BU.

Упатство за производот

Почитувани пациенти!
Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба
Isla® medic voice / Исла® медик воис
Пастили

Што содржат Isla® medic voice пастилите?
Една пастила содржи воден екстракт од исландски лишај (0,4 – 0,8 : 1), карбомер, ксантан гума, натриум хијалуронат.

Останати состојки:
Арапска гума, сорбитол, малтитол, безводна лимонска киселина, калиум-ацесулфам, левоментол, арома, боја од растителни екстракти (морков/црна рибизла), средноверижни триглицериди, пречистена вода.
Една пастила содржи замена за шеќер сорбитол (110 mg) и малтитол (940 mg)= 0,09 BU.

Кога се употребуваат Isla® medic voice пастилите?

  • За ублажување на типични симптоми на настинка, како што е болка во грло, гребење, засипнатост, сува слузница и отежнато голтање.
  • За сувост во устата и воспаление на гласните жици.

Меѓу другото, овие симптоми може да бидат последица на непродуктивна сува кашлица која е резултат од иритирана и сува орална слузница.
Пастилите со хидрогел комплексот кој го содржат хијалуронска киселина и воден екстракт од исландски лишај ефикасно ја штитат слузницата на устата и грлото.

Механизам на дејство
Хидрогел комплексот кој е содржан во пастилите, се состои од карбомер, ксантан гума и хијалуронска киселина. Благодарение на способноста за врзување вода на полисахаридот ксантан гума и карактеристичното својство за нараснување на агенсот за желирање -карбомер, се формира заштитен слој кој ја обложува надразнетата слузница.

Хијалуронската киселина во пастилите има карактеристично физичко својство да формира хидратантен филм на површината на слузницата.
Сувиот остаток од специјалниот екстракт од исландски лишај, отпорен на суровата клима во далечните северни предели, содржи повеќе од 80% муцини. Со бавно растворање на пастилите во устата, се ослободува слуз кој како балзам ја обложува слузницата на устата и грлото и има благопријатно дејство.
Резултатот е зголемено лачење на плунка, иритираните слузници сами се регенерираат, а се ублажуваат типичните симптоми на настинка, како што е болка во грло, гребење, засипнатост, сува слузница и отежнато голтање.

Кога не треба да се употребуваат Isla® medic voice пастилите?
Isla® medic voice пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на било која од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® medic voice пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® medic voice пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Може ли Isla® medic voice пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Не се достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® medic voice за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® medic voice пастилите?
Возрасни и деца над 6 години: 1 пастила полека да се раствори во уста, по потреба, до најмногу 6 пастили дневно.

Колку долго може да се користат Isla® medic voice пастилите?
По потреба, Isla® medic voice може да се употребуваат подолг временски период. Доколку забележите влошување на симптомите (на пр. зголемена температура, болки во мускулите) или ако не забележите подобрување во рок од три дена, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® medic voice пастилите?
Доколку се зема Isla® medic voice во поголема количина може да има лаксативно дејство и/или да предизвика стомачни тегоби. Во поединечни случаи може да се јават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот.
Не ги користете пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.
Препорачливо е пастилите да се чуваат во оригиналното пакување за да се заштитат од светлина.

Пакување
Кутија со 20 пастили

Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstr. 3, 61138 Нидердорфелден,
Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ,
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-11584/2 од 27.12.2023 година

Датум на ревизија на текстот: Ноември 2023 година

Да се чува надвор од дофат на деца!

Забелешка:
Поради процесот на производство, пастилите може да содржат меурчиња од воздух. Овие промени и малите промени во однос на бојата, вкусот и конзистенцијата, кои се должат на природните состојки од кои се составени пастилите, немаат никакво влијание врз квалитетот на производот.

ISLAmedicvoice20-ENG-V03-02.2024

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Колку често може да се користат?

Според упатствата за употреба: Возрасни и деца постари од 6 години: полека растворете 1 пастила во устата, доколку е потребно, до 6 пастили дневно. Една пастила содржи 1050 mg замена за шеќер = 0,09 BU.  Доколку симптомите се влошат (на пр. треска, болки во зглобовите) или ако нема подобрување по три дена од третманот, контактирајте го вашиот лекар или фармацевт.

Дали луѓето со чувствителен желудник можат да користат Isla пастили?

Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.

Која е предноста на хијалуронската киселина во составот на пастилата?

Хијалуронската киселина има важно позитивно влијание врз навлажнувањето на гласните жици, со што придонесува за нивната активна нега и хидратација, што е особено важно за сите луѓе кои многу го користат својот глас во својата професионална работа. 

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот

Почитувани пациенти!
Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба
Isla® medic voice / Исла® медик воис
Пастили

Што содржат Isla® medic voice пастилите?
Една пастила содржи воден екстракт од исландски лишај (0,4 – 0,8 : 1), карбомер, ксантан гума, натриум хијалуронат.

Останати состојки:
Арапска гума, сорбитол, малтитол, безводна лимонска киселина, калиум-ацесулфам, левоментол, арома, боја од растителни екстракти (морков/црна рибизла), средноверижни триглицериди, пречистена вода.
Една пастила содржи замена за шеќер сорбитол (110 mg) и малтитол (940 mg)= 0,09 BU.

Кога се употребуваат Isla® medic voice пастилите?

  • За ублажување на типични симптоми на настинка, како што е болка во грло, гребење, засипнатост, сува слузница и отежнато голтање.
  • За сувост во устата и воспаление на гласните жици.

Меѓу другото, овие симптоми може да бидат последица на непродуктивна сува кашлица која е резултат од иритирана и сува орална слузница.
Пастилите со хидрогел комплексот кој го содржат хијалуронска киселина и воден екстракт од исландски лишај ефикасно ја штитат слузницата на устата и грлото.

Механизам на дејство
Хидрогел комплексот кој е содржан во пастилите, се состои од карбомер, ксантан гума и хијалуронска киселина. Благодарение на способноста за врзување вода на полисахаридот ксантан гума и карактеристичното својство за нараснување на агенсот за желирање -карбомер, се формира заштитен слој кој ја обложува надразнетата слузница.

Хијалуронската киселина во пастилите има карактеристично физичко својство да формира хидратантен филм на површината на слузницата.
Сувиот остаток од специјалниот екстракт од исландски лишај, отпорен на суровата клима во далечните северни предели, содржи повеќе од 80% муцини. Со бавно растворање на пастилите во устата, се ослободува слуз кој како балзам ја обложува слузницата на устата и грлото и има благопријатно дејство.
Резултатот е зголемено лачење на плунка, иритираните слузници сами се регенерираат, а се ублажуваат типичните симптоми на настинка, како што е болка во грло, гребење, засипнатост, сува слузница и отежнато голтање.

Кога не треба да се употребуваат Isla® medic voice пастилите?
Isla® medic voice пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на било која од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® medic voice пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® medic voice пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Може ли Isla® medic voice пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Не се достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® medic voice за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® medic voice пастилите?
Возрасни и деца над 6 години: 1 пастила полека да се раствори во уста, по потреба, до најмногу 6 пастили дневно.
Една пастила содржи 1050 mg замена за шеќер = 0,09 BU.

Колку долго може да се користат Isla® medic voice пастилите?
По потреба, Isla® medic voice може да се употребуваат подолг временски период. Доколку забележите влошување на симптомите (на пр. зголемена температура, болки во мускулите) или ако не забележите подобрување во рок од три дена, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® medic voice пастилите?
Доколку се зема Isla® medic voice во поголема количина може да има лаксативно дејство и/или да предизвика стомачни тегоби. Во поединечни случаи може да се јават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот.
Не ги користете пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.
Препорачливо е пастилите да се чуваат во оригиналното пакување за да се заштитат од светлина.

Пакување
Кутија со 20 пастили

Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstr. 3, 61138 Нидердорфелден,
Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ,
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-11584/2 од 27.12.2023 година

Датум на ревизија на текстот: Ноември 2023 година

Да се чува надвор од дофат на деца!

Забелешка:
Поради процесот на производство, пастилите може да содржат меурчиња од воздух. Овие промени и малите промени во однос на бојата, вкусот и конзистенцијата, кои се должат на природните состојки од кои се составени пастилите, немаат никакво влијание врз квалитетот на производот.

ISLAmedicvoice20-ENG-V03-02.2024

arrow_circle_down

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.