Linola® Fett крем

Linola® Fett крем

Побарајте во аптека

Дали често употребувате топикални кортикостероиди, а сакате да ги разредите? Дали кожата Ви е сува, склона кон иритација и чешање?

Linola® Fett кремата се употребува за дополнително лечење на благи до средно тешки облици на атописки дерматитис, како во субакутнам така и во хронична фаза на болеста.

Linola Fett, со своите внимателно одбрани состојки, нуди решение:

  • Есенцијална линолна киселина – ја поттикнува природната регенерација на кожата и ја штити од губиток на влажност
  • Масло од кикирики – поттикнува природна регенерација на кожата
  • Бел восок – ја храни и хидрира кожата

Начин на употреба

Linola Fett рамномерно се нанесува на кожата повеќе пати дневно, по потреба. Генерално, доволно е да се нанесува два пати дневно.

Се употребува се додека состојбата на кожата не се подобри и/или по совет од стручно лице - доктор.

Не треба да се употребува подолго од 4 седмици.

Кај деца и адолесценти се препорачува истото дозирање на лекот Linola Fett како и кај возрасни лица.

Со примена на лекот Linola Fett се намалува потребата за употреба на топикални кортикостероиди.

Состав

1g крема содржи 8,15mg незаситени масни киселини (C18:2) (изразени по супстанца).

Помошни супстанци со потврдено дејство: масло од кикирики, рафинирано и хидрогенувано; цетостеарлилалкохол ланолин.

Упатство за производот

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТ
Linola® Fett
8.15 mg / g; крем
незаситени масни киселини

Пред да започнете со употреба на овој лек, внимателно прочитајте го упатството затоа што содржи важни информации за Вас. Секогаш користете го овој лек точно како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт.

  • Чувајте го упатството. Може ќе имате потреба да го прочитате повторно.
  • Прашајте го Вашиот лекар или фармацевт доколку Ви се потребни повеќе информации или совети.
  • Доколку некој од несаканите ефекти стане сериозен, или доколку забележите несакан ефект кој не е наведен во упатството, известете го Вашиот лекар или фармацевт.
  • Информирајте го Вашиот лекар доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо по 7 дена од употреба на овој лек.

Упатството за пациентот содржи:

  1. Што претставува Linola Fett и за што се употребува
  2. Што мора да знаете пред да ја употребувате Linola Fett
  3. Како да ја употребувате Linola Fett
  4. Можни несакани дејства (реакции)
  5. Чување и рок на употреба на Linola Fett
  6. Останати информации

1. ШТО ПРЕТСТАВУВА LINOLA FETT И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА?

Linola Fett е маслен крем кој содржи незаситени масни киселини како активна компонента.
Се користи за поддршка на лекување на лесни до умерени форми на атопична егзема (атопичен дерматитис) во субакутни и хронични фази.

2. ШТО МОРА ДА ЗНАЕТЕ ПРЕД ДА ЈА УПОТРЕБУВАТЕ LINOLA FETT

Не ја употребувајте Linola Fett:
Доколку сте алергични (пречувствителни) на активната супстанција или на било која друга состојка на овој лек (наведени во дел 6).

Предупредувања и мерки на претпазливост:
Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да ја употребувате Linola Fett.
Еластичноста и отпорноста на презервативите се намалува доколку Linola Fett се користи истовремено на гениталните или аналните области, бидејќи кремот содржи бел мек парафин (вазелин).

Други лекови и Linola Fett
Информирајте го Вашиот лекар или фармацевт доколку употребувате, неодамна сте употребувале или може да употребувате други лекови.
Не се познати интеракции со други лекови.

Бременост и доење
Доколку сте бремени или доите, мислите дека можеби сте бремена или планирате да имате бебе, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го употребувате овој лек.

Бременост
Нема посебни ограничувања за употреба за време на бременоста.

Доење
Кремот не треба да се користи на и околу брадавиците за време на периодот на лактација, со цел да се избегне апсорпција при доење.

Возење и користење машини
Нема влијание.

Linola Fett содржи масло од кикирики, цетостеарил алкохол и ланолин.
Linola Fett кремот содржи масло од кикирики. Доколку сте алергични на кикирики или соја, немојте да го употребувате овој лек.
Linola Fett кремот содржи цетостеарил алкохол и ланолин. Може да предизвика локални кожни реакции (како што се контактниот дерматитис).

3. КАКО ДА ЈА УПОТРЕБУВАТЕ LINOLA FETT?

Секогаш користете го овој препарат како што е пропишано од Вашиот лекар. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку не сте сигурни.
Доколку не е поинаку пропишано, аплицирајте ја кремата рамномерно на кожата неколку пати во текот на денот. Обично, доволна е апликација два пати во текот на денот.
Linola Fett не треба да се користи подолго од 4 недели.

Употреба кај деца и адолесценти:
Препорачаната доза на Linola Fett кај деца и адолесценти е иста како кај возрасните.

Доколку употребите поголема количина на Linola Fett од пропишаната:
Не се познати случаи на предозирање.

Доколку заборавите да ја употребите Linola Fett:
Не ја дуплирајте дозата. Придржувајте се на дотогашната апликација.

Доколку одеднаш престанете со употреба на Linola Fett:
Во случај на подолга пауза или предвремено прекинување на третманот, информирајте го Вашиот лекар.
Доколку имате дополнителни прашања за употребата на овој лек, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

4. МОЖНИ НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА (РЕАКЦИИ):

Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани реакции, иако не ги добиваат сите.

Чести несакани дејства (може да се појават кај 1 од 10 пациенти кои го користат лекот):

  • локални кожни реакции (на пример, контактниот дерматит) може да се појават со црвенило и печење или со пруритус.

Ретки несакани дејства (може да се појават кај 1 од 1.000 пациенти кои го користат лекот):

  • маслото од кикирики може да предизвика сериозни алергиски реакции.

Несакани дејства со непозната фреквенција
(не може да се процени од достапните податоци):

  • може да се појави благ оток на кожата.

<u>Известување за несакани реакции</u>
Ако имате несакани реакции, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Ова ги вклучува сите можни несакани дејства кои не се наведени во ова упатство. Со пријавување на несакани реакции може да помогнете да обезбедите повеќе информации за безбедноста на овој лек.
Можете да пријавите несакани реакции до MALMED:
МАЛМЕД - Агенција за лекови и медицински средства, Св. Кирил и Методиј 54, кат 1, 1000 Скопје, Македонија; или e-mail: farmakovigilanca@malmed.gov.mk

5.ЧУВАЊЕ И РОК НА УПОТРЕБА НА LINOLA FETT?

Да се чува надвор од дофат на деца!
Да не се употребува по истек на рокот наведен на пакувањето. Датумот на истек на рокот се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Да се чува на температура до 30°C.
Рок на употреба по отворање: 12 месеци
Лековите не треба да се отстрануваат преку канализационата мрежа или домашниот отпад. Прашајте го фармацевтот како да постапите со лековите кои веќе не Ви се потребни. Овие мерки ќе помогнат во заштита на животната средина.

6.ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Што содржи Linola Fett:
Активна супстанца:
1 g крем содржи 8.15 mg незаситени масни киселини (C18: 2) (изразени како супстанца)
Помошни супстанции:
Парафин, цврст; Восок, бел; Алуминиум стеарат; Восок, микрокристален; Вода, прочистена; Бета-каротен 30% (E160a); Кикиритки масло, рафинирано; Децил олеат; Парафин бела, мека; Ланолин; Парафин, течен; Ланолински алкохоли; Кикиритки масло, хидрогенизирано; Цетостеарил алкохол; Сорбитан моностеарат (E491); Масти, цврсти; Магнезиум стеарат (E572)

Како изгледа Linola Fett и содржина на пакувањето:
Крем со светло жолта боја.
Контактното пакување е алуминиумска цевка со полиетиленска завртка. Надворешното пакување е преклоплива картонска кутија што содржи една алуминиумска цевка со 50 гр крем и упатство за пациентот.

Носител на одобрението за ставање на лекот во промет:
САЛВЕО ДООЕЛ Скопје
Ул. Христо Татарчев 13 бр. 9
Скопје

Производител:
Dr. August Wolff GmbH & Co. KG Arzneimittel
Sudbrackstraße 56
Bielefeld
Германија

Последна ревизија на упатство:
Април 2022

Начин на издавање на лекот:
Лекот може да се издава во аптека без рецепт (БР).

Број на одобрение за ставање на лекот во промет:
11-3943/3 од 09.08.2022 година

LINOLAFETT-WOLFF-V01-08.2022

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.