Mycosan® - сет за третман за габични инфекции на нокти - Biram zdravlje

Mycosan® - сет за третман за габични инфекции на нокти

Побарајте во аптека

Mycosan за третман и превенција на габички на ноктите. Биоактивен серум во туба со четка за лесно и едноставно нанесување на болниот нокт.

Кому е наменет Mycosan?

Mycosan е наменет за возрасни и деца од 4 години.

Зошто баш Mycosan?

Црните чевли совршено се вклопуваат со Вашиот деловен костум? Штиклите навистина одат со Вашиот нов пролетен фустан? Велат овој модел на чизми е најтопол за зима...

Целодневните патувања во чевли се идеални услови за појава на габички за нокти. Треба паметно да ги избирате обувките и колку и да звучи смешно, да ги проветрувате нозете секогаш кога е можно. Габите ја сакаат топлината и влагата, а штом ќе се појават тешко заминуваат - затоа е добро да ги спречите. Имаме решение за превенција и лекување.

Кому е наменет Mycosan?

Mycosan е наменет за лечење, но и превенција на габични инфекции на ноктите кај возрасни и деца постари од 4 години.

Што содржи Mycosan сетот?

  • Апликатор во облик на четка кој е едноставен за употреба и содржи патентиран серум за нокти 
  • Десет турпии за нокти за еднократна употреба со груба и мазна страна
  • Упатство за употреба кое содржи детални информации за габичната инфекција на ноктите и совети за ефикасно лечење
  • Личен Mycosan дневник за пратење на ефикасноста на лечењето

Како ќе знаете дека сте излечени:

  • Следете го упатството за употреба
  • Употребувајте го распоредот за следење на своето лечење
  • Нанесете Mycosan два пати дневно и турпијајте ги погодените нокти еднаш неделно
  • Третирајте го ноктот редовно и следете го напредокот на упатството

Упатство за производот

Внимателно прочитајте го упатството за употреба пред да го користите Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите, дури и ако претходно сте го користеле овој производ. Можно е, во согласност со новите истражувања и наоди, информациите да се променети оттогаш. Зачувајте го ова упатство како референца за во иднина.

MYCOSAN Nail

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАН

СООДВЕТНО ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Клинички докажан сет за третман на габични инфекции на ноктите

Соодветен за дијабетичари и за деца од 4 години и постари.

Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите достапен е како:
5 ml сет за третман на еден зафатен нокт / 10 ml сет за третман ан повеќе зафатени нокти

Упатство за употреба:

Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите спречува габични инфекции на ноктите (бели површнски онихомикози и дистално-латерални субунгвални онихомикози) предизвикани од габи како T. rubrum, T. mentagrophytes и E. floccosum. Оникомихозата е габична инфекција на ноктите која доведува до промена на бојата, задебелување и одвојување на ноктот од неговото лежиште. Габичната инфекција на ноктите мора да се третира за да се спречи ширење на инфекцијата или нејзино влошување.

Намена

Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите формира филм на ноктите кој го инхибира растот на габичките кои ја предизвикуваат габичната инфекција преку закиселување.

Зошто треба да се користи Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите

✓ Mycosan серум: докажана ефикасност против габите, го запира развојот на габите кои предизвикуваат габична инфекција на ноктите.
✓ Прецизна четкичка: за прецизно дозирање на тешко достапни места.
✓ 10 турпии за нокти: за подобра ефикасност. При стружењето на ноктите, серумот подобро допира до габичките.
✓ Соодветен: за дијабетичари и за деца од 4 години и постари.

Содржина на Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите:

1) ПРЕЦИЗНА ЧЕТКИЧКА
Целна апликација на Mycosan серумот на тешко достапни места

2) ДЕСЕТ ТУРПИИ ЗА НОКТИ
За оптимални резултати

3) РАСПОРЕД НА УПОТРЕБАТА
Придонесува за ефикасноста на третманот

Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите има трикратен учинок:

1. Ефикасност
Неговото целно дејство брзо го запира развојот на габите кои ги предизвикуваат габичните инфекции на ноктите

2. Го обновува ноктот
Продира во ноктот и ја подобрува неговата структура со што се поправа природната состојба на ноктот.

3. Го подобрува изгледот на ноктите
Спречува промена на бојата на ноктите

Состав:

Вода, ферферментиран екстракт од ‘рж, пентиленгликол, диметилизосорбид (1,5%), хидроксиетил целулоза (0,7%).

Употреба:

Пред употреба, внимателно отстранете ги сите траги од лак, исчистете ги и исушете ги ноктите.
Истругајте го ноктот, нанесете Mycosan серум и оставете да се исуши [Слика 1]

(Слика 1)
Чекори на процесот на користење на Mycosan сетот за третман на габични инфекции на ноктите

  1. Стругање
    2.Нанесување
  2. Сушење

Што е габична инфекција на ноктите?

Габична инфекција на ноктите или онихомикоза се јавува на ноктите и доведува до негово постепено влошување. Се карактеризира со промена на изгледот на ноктот, при што плочката за нокти се згуснува, пожолтува и почнува да се одвојува од своето лежиште. Може да се појави болка, особено при одење. Без третман, состојбата веројатно ќе се влоши и инфекцијата може да се прошири на другите нокти, кожата или на други луѓе.

Што може да ги предизвика габите на ноктите?

Многу фактори можат да доведат до појава на габички на ноктите: микротраума, носење синтетички чорапи, тесни чевли, одредени спортови како пливање, планинарење или маратонско трчање и, општо земено, сите ситуации кога стапалата се изложени на често потење, влажна средина и повторен стрес. Габата на ноктите може да се појави како резултат на габична инфекција на кожата (спортско стапало). Поради несоодветен третман или ако воопшто не се лекуваат, габичните инфекции на кожата може да се прошират и да предизвикаат габична инфекција на ноктите. Треба да се напомене дека некои луѓе се поподложни на габични инфекции на ноктите: дијабетичари, луѓе кои страдаат од проблеми со циркулацијата на крвта, луѓе со професии кои бараат носење заштитни чевли или чизми итн. Ако проблемот потрае подолго, контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Како се лекува габична инфекција на ноктите?

Кога ноктот е заразен со габа, процесот на закрепнување, во повеќето случаи, трае долго време. Потребни се 6 до 9 месеци додека ноктот целосно не израсне! Затоа е важно да се започне со третманот веднаш штом ноктот ќе почне да ги покажува првите знаци на инфекција и да се користи сетот Mycosan според упатствата. Третманот на габична инфекција на ноктите се состои во спречување на развојот на габата на заболениот нокт и потоа обезбедување на услови за раст на здрав нокт. Во исто време, важно е да се намали ризикот од инфекција на околните нокти.

Завршете го третманот за успешен резултат!

Нанесете мала капка серум двапати дневно во текот на четири недели на заболениот нокт. Доволна е мала капка. Оставете една минута да се исуши . По четири недели, нанесувајте Mycosan серум еднаш дневно додека погодената област не израсне. Внимание! Нежно притискајте ја тубата.

Стругањето на ноктите е важно!

Прекумерното задебелување на ноктите треба внимателно да се третира еднаш неделно со приложената турпија за нокти. Со стругање, овозможувате серумот подобро да навлезе низ плочката на ноктот и да постигнете оптимални резултати.

ВНИМАНИЕ! Секоја турпија користете ја само еднаш за да го спречите ширењето на инфекцијата.

Шема на следење на ефикасноста на третманот

За следење на ефикасноста на третманот, секој месец, на шемата подолу со молив означете го зафатеното подрачје. Тоа ќе Ви помогне да го следите напредокот. [Слика 2-Шема за следење]

Слика 2 Шема за следење на ефикасноста на третманот

Почеток на третманот
По еден месец
По 2 месеци
По 3месеци

Mycosan Распоред на употреба

  • За успех на третманот, од голема важност е доследното придржување на распоредот на употреба
  • Користете го распоредот приложен подолу за да го следите Вашиот напредок.
  • Дури и кога подобрувањето можеби не е видливо во текот на првиот месец од употребата, то не значи дека третманот не е делотворен. Ноктите кај човекот растат споро и можат да поминат 6 до 9 месеци додека зафатеното подрачје целосно да исчезне. Редовно третирајте го инфицираниот нокт и следете го подобрувањето во шемата за следење на ефикасноста на третманот. [Слика 3-Распоред на употреба]

Слика 3. Распоред на употреба

Датум на почеток на употребата:

Седмица
Понеделник
Вторник
Среда
Четврток
Петок
Сабота
Недела
Стругање

Напомена: Прецртајте го (x) соодветното поле во табелата секогаш кога го третирате Вашиот нокт (нанесување и/или стругање).

Можни несакани дејства

Доколку забележите знаци на иритација или алергиска реакција, веднаш прекините го третманот.
Доколку проблемот и понатаму постои, обратете се кај Вашиот лекар.

Доколку се случи сериозен инцидент поврзан со употребата на овој производ, пријавете го до овластениот претставник на производителот наведен во упатствата или до надлежниот орган за медицински средства во вашата земја.

Посебни предупредувања и мерки на претпазливост

  • Само за надворешна употреба на прстите и ноктите.
  • Mycosan сетот може да се користи за време на бременост само доколку тоа Ви го препишал лекар и под негов надзор.
  • Да се чува вон дофат на деца.
  • Mycosan сетот не смее да се употребува во случај на позната пречувствителност на некоја од состојките.
  • Mycosan сетот е само за лична употреба, за да се спречи ширењето на инфекцијата на други луѓе.
  • Нежно притиснете ја тубата и добро затворете ја по употребата.

Препораки за постигнување оптимално дејство на Mycosan сетот

  • По миењето, добро исушете ги рацете и нозете, особено во пределот помеѓу прстите.
  • Редовно сечетете ги ноктите и не гризете ги, бидејќи тоа ги прави ноктите поподложни на раст на габи.
  • Носете чорапи што добро апсорбираат за да ги одржите нозете суви и свежи. Во случај на зголемено потење, почесто менувајте ги чорапите.
  • Редовно менувајте ги чевлите и оставете ги добро да се исушат и да се проветрат помеѓу носењата. Избегнувајте носење чевли изработени од синтетички материјали.
  • Бирајте соодветни чевли, ниту премногу тесни ниту премногу затворени, за да им овозможите на вашите стапала да „дишат“.
  • Секогаш носете папучи кога сте на јавни места со висок ризик од ширење на габична инфекција (соблекувални, базени, сауни, итн.)
  • Лекувајте ги габичните инфекции на кожата (на пр. атлетско стапало) со анти-габичен крем. За овој вид на габична инфекција се препорачува нанесување на антифунгален прав на чорапите и чевлите и да се користи посебен пешкир.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, ПОСЕТЕТЕ ЈА СТРАНИЦАТА WWW.MYCOSAN.COM

Рок на траење и услови за чување

Да се чува на температура до 25ºC.
Да се чува вон дофат на деца.

Тубата чувајте ја заштитена од сончева светлина

Број на серијата и датум на истекување на рокот на употреба: видете на кутијата и на тубата
Кога ќе завршите со третманот, тубата, упатството за употреба и картонската кутија ставете ги во комуналниот отпад.

Медицинско средство

Производител: Serrix B.V.
Herengracht 458, 1017 CA Амстердам, Холандија

Носител на решение за запишување во Регистерот на медицински средства достапни во РСМ:
САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број и датум на решение за запишување на медицинското средство во Регистерот на медицински средства достапни во Р.С. Македонија: 14-6300/2 од 01.07.2024 година

За еден пациент, за повеќекратна употреба

CE 1639

Последна ревизија на упатството: Мај 2023

M034RS100
Mycosan-SAL-V01-07.2024

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.