Silicolgel кесички 12 × 15 ml

silicol®gel кесички 12 × 15 ml

Побарајте во аптека

silicol®gel е колоидна силициумова киселина за третман на гастроинтестинални нарушувања како што се горушица, рефлукс и повраќање, како и за ублажување на симптомите на синдромот на иритабилно црево (IBS), како што се дијареја, болка во стомакот, надуеност, чувство на непријатност во цревата и мачнина.

Дијарејата може да се јави од различни причини. Најчесто е поврзана со инфективни причинители, како што се вирусите, вклучително и ротавирусот, или бактериите како Escherichia coli, Campylobacter и Salmonella.

Во овие ситуации често е придружена со мачнина, повраќање, болка во стомакот и чувство на исцрпеност.

Неинфективната дијареја може да се јави поради промена во исхраната, за време на патување, како реакција на одредени лекови, при нетолеранција на лактоза или како дел од симптомите на синдромот на иритабилно црево (IBS).

Како дејствува silicol®gel?

silicol®gel се зема орално и дејствува директно во дигестивниот тракт. Ја обложува слузницата на желудникот и цревата со заштитен и смирувачки слој, а благодарение на неговата висока способност за врзување, иритансите, токсините, патогените, гасовите и вишокот желудочна киселина се врзуваат и по природен пат се елиминираат од организмот.

Благодарение на овој начин на дејствување, silicol®gel обезбедува силна поддршка при дијареја, надуеност, горушица, рефлукс, мачнина и повраќање.

Испитување in vitro покажало дека silicol®gel може да врзе честички на ротавирус веќе по 15 минути од контактот со нив.

silicol®gel е:

  • погоден за вегетаријанци и вегани,
  • без глутен и шеќер,
  • со неутрален вкус,
  • и не предизвикува опстипација (запек).

Како се земаат кесичките silicol®gel од 15 ml?

Пред употреба, протресете ја кесичката и отворете ја на означеното, перфорирано место.

За третман на гастроинтестинални тегоби, земајте по 1 цела кесичка (15 ml) silicol®gel 3 пати дневно.

  • Кесичките silicol®gel може да се земаат директно од кесичката, неразредени или разредени со вода, без да се намали дејството.
  • Се препорачува земање најмалку 1 час пред или 2 часа по оброк.
  • Доколку земате орални лекови, silicol®gel треба да се зема со растојание од најмалку 1 час пред или 2 часа по земањето на лекот, бидејќи дејството на оралните лекови може да се намали поради способноста на силициумовата киселина за врзување.

Деца до 12-годишна возраст може да употребуваат silicol®gel само по препорака на лекар.

По ублажувањето на акутните симптоми, третманот со silicol®gel може да продолжи уште неколку дена.

Ги ублажува дигестивните тегоби што може да настанат поради промена во исхраната за време на патување или одмор. Ако акутните симптоми се влошат или не се намалат по три дена, обратете се кај лекар.

За време на дијареја, организмот губи многу течности, затоа е важно редовно да ги надоместувате изгубените течности.

Кај хронични заболувања, третманот трае до 4 недели.

Зошто silicol®gel во поединечни кесички е практична форма?

Поединечните кесички silicol®gel:

  • содржат веќе одмерена доза од 15 ml,
  • лесно се носат во чанта, паричник или несесер,
  • овозможуваат директно земање, без лажица и чаша.

Упатство за производот

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот

arrow_circle_down

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.