Дијарејата може да се јави од различни причини. Најчесто е поврзана со инфективни причинители, како што се вирусите, вклучително и ротавирусот, или бактериите како Escherichia coli, Campylobacter и Salmonella.
Во овие ситуации често е придружена со мачнина, повраќање, болка во стомакот и чувство на исцрпеност.
Неинфективната дијареја може да се јави поради промена во исхраната, за време на патување, како реакција на одредени лекови, при нетолеранција на лактоза или како дел од симптомите на синдромот на иритабилно црево (IBS).
silicol®gel се зема орално и дејствува директно во дигестивниот тракт. Ја обложува слузницата на желудникот и цревата со заштитен и смирувачки слој, а благодарение на неговата висока способност за врзување, иритансите, токсините, патогените, гасовите и вишокот желудочна киселина се врзуваат и по природен пат се елиминираат од организмот.
Благодарение на овој начин на дејствување, silicol®gel обезбедува силна поддршка при дијареја, надуеност, горушица, рефлукс, мачнина и повраќање.
Испитување in vitro покажало дека silicol®gel може да врзе честички на ротавирус веќе по 15 минути од контактот со нив.
silicol®gel е:
Пред употреба, протресете ја кесичката и отворете ја на означеното, перфорирано место.
За третман на гастроинтестинални тегоби, земајте по 1 цела кесичка (15 ml) silicol®gel 3 пати дневно.
Деца до 12-годишна возраст може да употребуваат silicol®gel само по препорака на лекар.
По ублажувањето на акутните симптоми, третманот со silicol®gel може да продолжи уште неколку дена.
Ги ублажува дигестивните тегоби што може да настанат поради промена во исхраната за време на патување или одмор. Ако акутните симптоми се влошат или не се намалат по три дена, обратете се кај лекар.
За време на дијареја, организмот губи многу течности, затоа е важно редовно да ги надоместувате изгубените течности.
Кај хронични заболувања, третманот трае до 4 недели.
Поединечните кесички silicol®gel:
Колоидна силициумска киселина за
гастроинтестинални нарушувања
ГЕЛ ЗА ПЕРОРАЛНА УПОТРЕБА
За симптоми на синдром
на нервозни црева
• Дијареја
• Абдоминална болка
• Надуеност
• Непријатност во
дебелото црево
• Гадење
И третман на
• Жиговина
• Рефлукс
• Повраќање
Гастроинтестиналните нарушувања обично се предизвикани од надразнувачи и од штетни и токсични супстанции, како и од патогени.
Кога гастроинтестиналниот тракт е изложен на такви супстанции и патогени, тоа може да резултира со нарушувања како што се
дијареја, абдоминална болка, надуеност, непријатност во цревата и гадење - кои може да бидат симптоми на синдром на нервозни црева - како и
жиговина, рефлукс и повраќање.
Како резултат на тоа, дигестивниот тракт не може да функционира нормално и тоа може да предизвика физичка непријатност.
силиколгел содржи силициумова киселина во колоидна (високо дисперзирана) и хидрирана форма.
Неговата предност е во големата и високореактивна површина на силициумовата киселина.
Кога се зема перорално, силиколгел формира заштитна и смирувачка обвивка врз слузницата на желудникот и на цревата.
Поради адсорптивните или врзувачките својства на колоидна силициумска киселина, силиколгел физички ги адсорбира или ги врзува повеќето надразнувачи и штетни и токсични материи, како и патогени.
Ова ги прави нив безбедни, така што можат да се отстранат од организмот природно преку цревата.
силиколгел исто така може да ја намали прекумерната киселост и да ги врзе гасовите.
Тоа помага да се намали надуеноста.
Исто така, може да се ублажат сличните симптоми во гастроинтестиналниот тракт кои може да се појават поради промена на исхраната за време на патување или на одмор.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА:
• Пред секоја употреба, добро протресете го шишето.
• Земете силиколгел со пауза од најмалку 1 час пред или 2 часа по оброк или по земањето на лекови што се земаат перорално.
За третман на гастроинтестинални нарушувања, земајте по 1 супена лажица (15 ml) силиколгел три пати на ден.
силиколгел може да се зема неразреден или разреден со вода.
За деца на возраст под 12 години и за бремени жени, жени што се сомневаат дека се бремени или за доилки, силиколгел треба да се зема само по консултација со лекар.
По олеснување на симптомите, третманот со силиколгел може да продолжи уште неколку дена.
Кај хронични нарушувања, третманот може да трае до 4 недели.
Ако акутните симптоми се влошат или не се намалат по три дена, консултирајте се со лекар.
Во случај на дијареја, потребно е да се надоместат изгубените течности.
СОСТАВ:
100 ml гел со силициумска киселина содржи 3,5 g силициум диоксид.
Конзерванси: сорбинска киселина (E 200), натриум бензоат (E 211).
НЕСАКАНИ ДЕЈСТВА:
Нема познати несакани дејства.
ИНТЕРАКЦИИ:
силиколгел треба да се зема со пауза од најмалку 1 час пред или 2 часа по земањето лекови перорално. Во спротивно, нивниот ефект би можел да биде намален поради врзувачката способност на силициумската киселина.
КОНТРАИНДИКАЦИИ:
Не земајте силиколгел во случај на преосетливост на која било од состојките.
ВАЖНО:
• Да се чува вон вид и дофат на деца.
• Да не се замрзнува. Да се чува на температура над 2 °C.

• Производот може да содржи траги од натриум хлорид формирани во текот на производниот процес.
• Пред употребата, прочитајте го упатството.
• Во случај на сериозно несакано дејство, пријавете го инцидентот до овластениот претставник на производителот и/или надлежниот регулаторен орган за медицински средства во Вашата земја.
• Да не се користи ако шишето е оштетено.
• Да не се користи по истекот на рокот на употреба наведен на пакувањето.
• Да се искористи во рок од 3 месеци по првото отворање.
• Производот се фрла во отпадот од домаќинството во согласност со локалните прописи.
ВИД НА ПРОИЗВОД:
Гел за перорална употреба.
Не содржи глутен. Соодветен за вегетаријанци и за вегани.
СОСТАВ:
Шише со 200 ml или 500 ml гел.
Производот е достапен и во поединечни кесички,12 x 15 ml.
ДАТУМ НА РЕВИЗИЈА НА УПАТСТВОТО:
Мај, 2025 година
ПРОИЗВОДИТЕЛ:
Silicol GmbH, Teltower Strasse 10, 33719 Bielefeld, Германија
ОВЛАСТЕН ПРЕТСТАВНИК НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА С. МАКЕДОНИЈА:
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства на РСМ: САЛВЕО ДООЕЛ Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-14219/2 од 12.12.2025 година
MD Медицинско средство CE 0297
SILRS201-3
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Колоидна силициумска киселина за

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.