Sinolpan®Forte - Biram zdravlje

Sinolpan®Forte

Побарајте во аптека

Sinolpan® forte е антиинфламаторен лек и експекторанс, кој се применува како дополнителна терапија при лекување на заболувања на респираторниот систем.

Наменет е за лекување на симптомите на бронхитис и настинка, но и како дополнителна терапија при лекување на хронични и воспалителни состојби на респираторниот систем, на пр. синузитис.

Со цинеол, активна состојка од растително потекло, Sinolpan® forte 200 mg гастрорезистентни меки капсули ги намалуваат воспаленијата и го прочистуваат носот.

Кај акутни тегоби кај адолесценти (на возраст од 12 до 17 години) и возрасни.

Упатство за производот.

УПАТСТВО ЗА ПАЦИЕНТОТ

Sinolpan® forte

200 mg гастрорезистентни меки капсули

За возрасни и адолесценти постари од 12 години
Активна супстанција: цинеол

Пред да започнете да го земате овој лек, внимателно прочитајте го целото упатство, бидејќи содржи важни информации за Вас.

Овој лек секогаш земајте го точно онака како што е опишано во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт.

- Зачувајте го ова упатство. Може да Ви затреба повторно.

- Обратете се кај Вашиот фармацевт доколку имате дополнителни прашања или потреба од совет.

- Доколку се појави каков било несакан ефект, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт. Ова се однесува и на сите несакани ефекти кои не се наведени во ова Упатство. Видете дел 4.

- Ако по 7 дена не почувствувате подобрување или ако Вашата состојба се влоши, мора да се обратите кај Вашиот лекар.

Што содржи ова упатство:

  1. Што е Sinolpan® forte и за што се користи?

  2. Што треба да знаете пред да почнете да го земате Sinolpan® forte?

  3. Како се зема Sinolpan® forte?

  4. Можни несакани ефекти.

  5. Како се чува Sinolpan® forte?

  6. Содржина на пакувањето и дополнителни информации.

1. Што е Sinolpan® forte и за што се користи.

Sinolpan® forte ја содржи активната супстанција цинеол.

Sinolpan® forte е антиинфламаторен лек и експекторанс, кој се користи како дополнителна терапија при лекување на заболувања на респираторниот систем.

Наменет е за лекување на симптомите на бронхитис и настинка. Исто така се применува како дополнителна терапија при лекување на хронични и воспалителни состојби на респираторниот систем, на пр. параназалните синуси (синузитис).

Лекот се применува кај адолесценти (на возраст од 12 до 17 години) и возрасни.

2. Што треба да знаете пред да почнете да земате Sinolpan® forte

Не земајте Sinolpan® forte:

- ако сте алергични на цинеол или на која било друга состојка на овој лек (наведени во дел 6)

- во случај на силна кашлица или псевдокруп (акутен субглотичен ларингитис)

- кај деца помлади од 12 години

Sinolpan® forte содржи лецитин од соја. Не го земајте овој лек ако сте алергични на кикирики или на соја.

Предупредувања и мерки на претпазливост

Посоветувајте се со лекар или фармацевт пред да го земете Sinolpan® forte.

При употреба на Sinolpan® forte потребна е посебна претпазливост:
– кај состојби проследени со изразена преосетливост на респираторниот систем
– лекот може да се користи за лекување на бронхијална астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) исклучиво под надзор на лекар, бидејќи односот помеѓу користа и ризикот мора да се процени индивидуално за секој пациент
– треба да се јавите кај лекар доколку симптомите траат подолго од една недела, или доколку почувствувате недостаток на здив, добиете температура или појава на гнојна или крвава искашлувачка

Секоја капсула Sinolpan® forte содржи 16,88 mg сорбитол.

Други лекови и Sinolpan® forte

Информирајте го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, неодамна сте земале или планирате да земате други лекови.

Во испитувања кај животни, цинеолот доведува до индукција на црнодробните ензими вклучени во метаболните процеси. Затоа не може да се исклучи можноста дека дејството на други лекови може да биде намалено и/или скратено при високи дози на цинеол. Сепак, овој ефект досега не е забележан кај луѓе при правилна примена на цинеол.

Бременост и доење

Доколку сте бремени или доите, побарајте совет од Вашиот лекар или фармацевт пред да го земете овој лек.

Бременост:
Научни студии за употребата на Sinolpan® forte капсули кај бремени жени не се достапни. Доколку сте бремени, не смеете да го земате Sinolpan® forte без претходна консултација со Вашиот лекар.

Испитувања на животни, спроведени кај стаорци, укажуваат дека цинеолот – активната супстанција во капсулите Sinolpan® forte – ја преминува плацентата и стигнува до фетусот. Сепак, моментално достапните податоци од овие испитувања не укажуваат дека лекот предизвикува деформитети кај плодот.

Доење:
Поради растворливоста на активната супстанција во масти, не може да се исклучи можноста лекот да преминува во мајчиното млеко. Меѓутоа, нема спроведени детални студии кои би ја процениле можната појава на несакани реакции кај доенчето.

Етеричните масла може да предизвикаат промена на вкусот на мајчиното млеко, што може да доведе до потешкотии при доењето.
Sinolpan® forte не смеете да го земате за време на доењето без претходна консултација со Вашиот лекар.

Управување со возила и машини
Sinolpan® forte нема или има занемарливо влијание врз способноста за управување со возила и ракување со машини.

Sinolpan® forte содржи сорбитол.

3. Како се зема Sinolpan® forte

Овој лек секогаш земајте го точно онака како што е наведено во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Доколку Вашиот лекар не пропише поинаку, препорачаната доза е:

Возрасни и адолесценти на возраст од 12 години и повеќе
Поиединична доза: 1 капсула (одговара на 200 mg цинеол)
Вкупна дневна доза: 2–4 капсули (одговара на 400–800 mg цинеол)

Лекот е наменет за употреба кај адолесценти (на возраст од 12 до 17 години) и возрасни. Дозата е 1 капсула 3 пати дневно. Кај особено упорни случаи на заболување, дозата е 1 капсула 4 пати дневно. За продолжување и одржување на терапијата, вообичаено доволна доза е 1 капсула 2 пати дневно.

Начин на употреба
Лекот е наменет за орална примена (преку уста).
Целата капсула Sinolpan® forte проголтајте ја без џвакање, со доволна количина течност која не смее да биде премногу топла (препорачливо е една чаша вода од 200 ml), по можност половина час пред јадење. Ако имате чувствителен желудник, се препорачува Sinolpan® forte да го земате за време на оброк.

Траењето на примена на капсулите зависи од природата, тежината и текот на состојбата која се лекува.

Обратете се кај Вашиот лекар доколку симптомите траат подолго од седум дена, доколку се појави краток здив, температура или гнојна или крвава искашлувачка.

Посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку сметате дека дејството на Sinolpan® forte е премногу силно или премногу слабо.

Доколку земете повеќе Sinolpan® forte отколку што треба
До денес нема пријавени случаи на труење по употреба на Sinolpan® forte.

Доколку се сомневате дека сте земале поголема количина од потребното, обратете се кај Вашиот лекар. Врз основа на тежината на симптомите на предозирање, лекарот ќе процени кои мерки евентуално треба да се преземат.
Можни симптоми на предозирање со капсулите Sinolpan® forte се ефекти врз централниот нервен систем, како намалена свесност, замор, слабост во екстремитетите, прекумерно стеснување на зениците (миоза), а во потешки случаи — кома и респираторни проблеми.

Доколку заборавите да земете Sinolpan® forte
Никогаш не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

4. Можни несакани ефекти

Како и сите лекови, така и овој лек може да предизвика несакани ефекти, иако тие не се појавуваат кај сите пациенти. Податоците за зачестеноста на несаканите ефекти се темелат на следните категории:

Гастроинтестинални симптоми (мачнина, дијареа) може да се појават поретко (се јавуваат кај до 1 на 100 лица).
Реакции на преосетливост (отекување на лицето, чешање, краток здив, кашлица) и потешкотии при голтање се ретки (може да се јават кај 1 на 1000 лица).

Треба веднаш да се прекине со употреба на Sinolpan® forte при појава на првиот знак на реакција на преосетливост.

Пријавување на несакани ефекти

Во случај на какви било несакани реакции по употребата на лекот, потребно е да го информирате Вашиот лекар или фармацевт. Ова се однесува на сите можни несакани реакции — и оние кои не се наведени во ова упатство, како и оние што се наведени.

5. Како се чува Sinolpan® forte

Овој лек чувајте го подалеку од вид и дофат на деца.

Овој лек не смее да се користи по истекот на рокот на употреба наведен на кутијата и блистерот зад ознаката „Рок на употреба“ или „EXP“. Рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Чувајте го во оригиналното пакување за да се заштити од влага.
Чувајте на температура до 30°C.

Лековите немојте да ги фрлате во отпадни води или во домашен отпад. Прашајте го Вашиот фармацевт како правилно да ги отфрлите лековите што веќе не ги користите. Овие мерки придонесуваат за заштита на животната средина.

Содржина на пакувањето и дополнителни информации

Што содржи Sinolpan® forte

– Активната супстанција е цинеол.
Секоја гастрорезистентна мека капсула содржи 200 mg цинеол.

– Други помошни супстанции се:
Состав на капсулата: триглицериди со среден ланец
Омот на капсулата: желатин, метакрилна киселина–етилакрилил кополимер (1:1) 30% дисперзија (Ph. Eur.), течен сорбитол 70% (некристализирачки) (Ph. Eur.) (E 420), соја лецитин (E 322), глицерол (85%), пропиленгликол, глицерол монстеарат 40–55, полисорбат 80, натриум додецил сулфат.

Како изгледа Sinolpan® forte и што содржи пакувањето

Sinolpan® forte се овални, безбојни, гастрорезистентни меки капсули.
Големина на пакувањето: Кутија со 21 или 50 гастрорезистентни меки капсули.

Режим на издавање

BRp – Лекот се издава без лекарски рецепт.

Носител на одобрението за ставање на лекот во промет и производител

Производител (административно седиште):
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG, Herzbergstr. 3, 61138 Niederdorfelden, Германија

Производител на готовиот лек:

Носител на дозволата:

САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје

Увозник:

СЕПТИМА Д.О.О.Е.Л. Скопје, Булевар 3-та Македонска Бригада бр.92, Скопје

Број и датум на решението за одобрение за промет на лекот

Sinolpan® forte 21 капсула: 04-07.3-1-6816/20 од 01.11.2021
Sinolpan® forte 50 капсула: 04-07.3-1-6817/20 од 01.11.2021

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.