Спрејот е наменет за отстранување на церумен кај деца и возрасни, разликата се состои само во дозирањето.
Претставува одлично средство за чистење на надворешниот ушен канал, како и за подготовка на увото за чистење со испирање кај лекар.
Дозирање и начин на примена
За деца од 1 до 12 години се применува една апликација од Vaxol® спрејот за уво, еднаш дневно во текот на 4–5 дена. .
Возрасни и деца постари од 12 години применуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спрејот за уво, два пати дневно во текот на 4 до 5 дена .
Доколку во предвидениот период не дојде до подобрување кај деца или возрасни, обратете се кај лекар за совет.
Vaxol® е целосно хипоалергичен, што го прави погоден за долготрајна употреба кај сите лица, вклучително и кај оние со чувствителна кожа. Неговата употреба е дозволена подолг временски период.
Многу едноставно.
VAXOL®
СПРЕЈ ЗА УВО
со маслиново масло
Vaxol® спрејот за уво е едноставно и делотворно средство за омекнување и природно отстранување на ушниот восок, со што се намалува потребата за испирање на увото или се олеснува испирањето доколку е неопходно.
Vaxol® спрејот за уво има едноставен и единствен начин на примена, со кој во надворешното уво се внесува мала количина маслиново масло, што ја олеснува употребата поради намалената можност за претерана примена или истекување. Клинички е докажано дека маслиновото масло ја спречува сувоста на кожата и на тој начин го намалува/ублажува чешањето и иритацијата.
Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред употребата на Vaxol® спрејот за уво. .
ПРЕД УПОТРЕБА НА НОВО ПАКУВАЊЕ
Пред употреба на новото пакување на Vaxol® спрејот за уво, загрејте го шишенцето меѓу дланките, добро протресете го, а потоа притиснете го распрскувачот 3 или 4 пати додека не започне распрскување (види слика Б). Притоа, немојте да го насочувате распрскувачот кон себе или кон други лица. Со оваа постапка го подготвувате спрејот за употреба.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Vaxol® спрејот за уво е најефективен доколку се загрее меѓу дланките и добро се протресе пред употреба.
Користете го Vaxol® спрејот онака како што Ви го препорачал Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
Користете го Vaxol® спрејот еднаш неделно за да спречите прекумерно создавање на ушен восок.
Деца од 1 до 12 години применуваат една апликација од Vaxol® спрејот за уво, еднаш дневно во текот на 4 до 5 дена.
Доколку во тој период не дојде до подобрување, обратете се кај лекар за совет.
Возрасни и деца постари од 12 години применуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спрејот за уво, двапати дневно во период од 4 до 5 дена.
Доколку во овој период не дојде до подобрување, обратете се кај лекар за совет.
Повлечете ја ушната школка нагоре и наназад (видете ја сликата A).
Држете го шишенцето во исправена положба, со апликаторот поставен во ушниот канал, и притиснете го распрскувачот до крај 1 или 2 пати (видете ја сликата B).
Нежно масирајте го испакнатото делче на предниот дел од ушната школка (трагус) (видете ја сликата A).
Доколку е потребно, повторете ја постапката и на другото уво.
Распирскувачот со апликаторот по употребата може да се извади и да се измие со топла вода.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Пациенти со пробиена мембрана на тапанче или болно уво смеат да го користат овој производ само под надзор на лекар.
Vaxol® спрејот за уво не треба да го користат деца помлади од 1 година без претходна консултација со лекар.
Маслиновото масло е природен производ и има широка секојдневна примена. Поради тоа, нема извештаи за несакани реакции или интеракции со други лекови. Сепак, овој производ не треба да се користи доколку сте преосетливи или алергични на маслиново масло.
Нема забележани несакани реакции при употреба на овој производ за време на бременост и/или доење, но Ве молиме пред употреба да се посоветувате со Вашиот лекар.
Нема забележани несакани реакции при преголемо или премало дозирање на овој производ.
Во случај на појава на алергиска реакција, престанете со употреба на производот и веднаш информирајте го Вашиот лекар или фармацевт. .
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Едно пакување Vaxol® спреј за уво е наменето само за еден пациент.
Секогаш чувајте го Vaxol® спрејот за уво во исправена положба на температура 15-25 °C.
По првото отворање, медицинското средство може да се користи најмногу 12 месеци.
Секоја неискористена количина од медицинското средство се уништува согласно важечките прописи.
Не го користете спрејот во близина на отворен пламен.
Чувајте го подалеку од дофат на деца.
Vaxol® спрејот за уво применувајте го само во надворешниот ушен канал.
Не го користете спрејот во близина на очите, носот или устата.
Овластен претставник на производителот и дистрибутер за МК:
Производител:
HL Healthcare Ltd.,
MH The Courtyard, Eastern Road,
Bracknell, Berkshire,
RG12 2XB, United Kingdom
Заштитен патент
Застапник: Салвео Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Центар
Увозник и дистрибутер: СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.VAXOL®

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.