Vaxol® спреј за уво со маслиново масло

Vaxol® спреј за уво со маслиново масло

Побарајте во аптека

Едноставно и ефикасно средство за омекнување и природно отстранување на ушниот восок (церумен), кое содржи фармацевтски прочистено маслиново масло.

Кога се употребува Vaxol® спрејот за уво?

  • За редовна нега и хигиена на ушите.
  • Ако страдате од прекумерно создавање ушен восок (церумен).
  • Ако често Ви се јавува наталожување на церумен и чувство на заглушеност. .
  • При чешање во ушите. .
  • Ако користите слушалки што се ставаат во надворешниот слушен канал (на пр. кај лица со намален слух, слушалки за мобилен телефон или друга електронска опрема).
  • За разградување на церуменскиот чеп и намалување на потребата од испирање на ушите.
  • Како подготовка за испирање на ушите.

За кого е наменет Vaxol® спрејот за уво?

Спрејот е наменет за отстранување на церумен кај деца и возрасни,  разликата се состои само во дозирањето.

Претставува одлично средство за чистење на надворешниот ушен канал, како и за подготовка на увото за чистење со испирање кај лекар.

Дозирање и начин на примена

За деца од 1 до 12 години се применува една апликација од Vaxol® спрејот за уво, еднаш дневно во текот на 4–5 дена. .

Возрасни и деца постари од 12 години применуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спрејот за уво, два пати дневно во текот на 4 до 5 дена .

Доколку во предвидениот период не дојде до подобрување кај деца или возрасни, обратете се кај лекар за совет.

Производ без алергени за долготрајна употреба

Vaxol® е целосно хипоалергичен, што го прави погоден за долготрајна употреба кај сите лица, вклучително и кај оние со чувствителна кожа. Неговата употреба е дозволена подолг временски период.

Како се употребува Vaxol® спрејот за уво?

Многу едноставно.

  1. Пред употреба, шишенцето нежно загрејте го меѓу дланките, протресете го и применете го така што ќе го повлечете горниот дел од увото нежно нагоре и наназад.
     
  2. Држејќи го шишенцето во исправена положба, ставете го апликаторот во ушниот канал и целосно притиснете ја пумпицата.

Зошто е полесна употребата на Vaxol® спрејот во однос на други производи?

  • Vaxol® спрејот содржи специјален конусен врв на пумпицата со кој се избегнува длабоко навлегување во ушниот канал, а со тоа се намалува ризикот од повреди. Ова е особено важно при употреба кај деца.
     
  • Испирање по примената на Vaxol® спрејот не е потребно.
     
  • Може да го нанесете самостојно во стоечка положба — не е потребна помош од друга личност, ниту пак е потребно да седите или лежите.
  • Распрскувачот со апликатор може да се извади по употребата и да се испере со топла вода.

Упатство за производот

VAXOL®

СПРЕЈ ЗА УВО

со маслиново масло

Vaxol® спреј за уво е едноставно и делотворно средство за омекнување и природно отстранување на ушниот восок со што се намалува потребата за испирање на ушите или се олеснува испирањето онаму каде што тоа е неопходно.

Vaxol® спреј за уво има едноставен и единствен начин на употреба со кој се внесува мала доза маслиново масло во надворешното уво, што ја олеснува употребата поради намалената можност од прекумерно нанесување и прелевање. Клинички е докажано дека маслиновото масло ја спречува сувоста на кожата и со тоа ги намалува/ублажува чешањето и иритираноста.

Пред употреба на Vaxol® спреј за уво, Ве молиме, внимателно прочитајте го упатството.

ПРЕД УПОТРЕБА НА НОВО ПАКУВАЊЕ

• Пред употреба на ново пакување Vaxol® спреј за уво, стоплете го шишенцето со дланката, добро протресете го, а потоа притиснете ја прскалката 3 или 4 пати, додека не почне да прска (видете ја сликата Б). При тоа, внимавајте прскалката да не е завртена кон Вас или кон некој друг. Со оваа постапка спрејот ќе го подготвите за употреба.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

• Vaxol® спреј за уво е најдeлотворен доколку пред употребата се загрее со дланките и добро се протресе.

• Употребувајте го Vaxol® спреј за уво онака како што Ви препорачал Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.

• За спречување на прекумерно создавање на ушен восок, употребувајте го Vaxol® спреј за уво еднаш неделно.

• Кај деца од 1-12 години се нанесува една апликација од Vaxol® спреј за уво еднаш дневно во текот на 4 до 5 дена. Доколку во тој период не дојде до подобрување, обратете се за совет кај Вашиот лекар.

• Возрасни и деца од и над 12 години нанесуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спреј за уво, два пати на ден во текот на 4 до 5 дена. Доколку во тој период не дојде до подобрување, обратете се за совет кај Вашиот лекар.

• Повлечете ја ушната школка нагоре и наназад (видете ја сликата А).

• Држете го шишенцето исправено, со апликаторот поставен во ушниот канал и притиснете ја прскалката до крај 1 или 2 пати (видете ја сликата Б).

• Нежно масирајте го испакнатото место на предниот крај на ушната школка (Tragus) (видете ја сликата A).

• Доколку е потребно, повторете ја постапката на другото уво.

• По употребата, прскалката со апликаторот може да се извади и да се измие со топла вода.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА

• Пациентите со перфорација на ушното тапанче или со болно уво, спрејот можат да го употребуваат само под надзор на лекар.

• Vaxol® спреј за уво не смее да се употребува кај деца на возраст под 1 година без консултација со лекар.

• Маслиновото масло е природен производ и има широка секојдневна употреба. Од таа причина нема известувања за несакани дејства или интеракции со други лекови. Секако, доколку сте пречувствителни или алергични на маслиново масло, не би требало да го употребувате овој производ.

• Не се забележани несакани дејства при употребата на спрејот за време на бременост и/или доење, но Ве молиме пред употреба да се посоветувате со Вашиот лекар.

• Нема несакани дејства при прекумерно или премало дозирање на спрејот.

• Во случај на појава на алергиска реакција, прекинете ја употребата на спрејот и веднаш известете го Вашиот лекар или фармацевт.

ПРЕДУПРЕДУВАЊА

• Едно пакување Vaxol® спреј за уво може да го употребува само еден пациент.

• Секогаш чувајте го Vaxol® спреј за уво во исправена положба, на температура од 15-25 °C.

• По првото отварање, медицинското средство може да се употребува највеќе 12 месеци.

• Неискористените количини на медицинското средство се уништуваат во согласност со локалните важечки прописи.

• Не употребувајте го спрејот во близина на отвотен пламен.

• Да се чува надвор од вид и дофат на деца.

• Vaxol® спреј за уво се нанесува само во ушниот канал.

• Да не се користи близу очите, носот или устата.

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија:

САЛВЕО ДООЕЛ
ул. Васил Ѓоргов, бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:

14-10239/2 од 03.10.2024 година

Производител:

HL Healthcare Ltd.
The Courtyard, Eastern Road, Bracknell, Berkshire, RG12 2XB, Велика Британија

VAXOL-HL-V04-12.2025

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.