Спрејот е наменет за отстранување на церумен кај деца и возрасни, разликата се состои само во дозирањето.
Претставува одлично средство за чистење на надворешниот ушен канал, како и за подготовка на увото за чистење со испирање кај лекар.
Дозирање и начин на примена
За деца од 1 до 12 години се применува една апликација од Vaxol® спрејот за уво, еднаш дневно во текот на 4–5 дена. .
Возрасни и деца постари од 12 години применуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спрејот за уво, два пати дневно во текот на 4 до 5 дена .
Доколку во предвидениот период не дојде до подобрување кај деца или возрасни, обратете се кај лекар за совет.
Vaxol® е целосно хипоалергичен, што го прави погоден за долготрајна употреба кај сите лица, вклучително и кај оние со чувствителна кожа. Неговата употреба е дозволена подолг временски период.
Многу едноставно.
Vaxol® спреј за уво е едноставно и делотворно средство за омекнување и природно отстранување на ушниот восок со што се намалува потребата за испирање на ушите или се олеснува испирањето онаму каде што тоа е неопходно.
Vaxol® спреј за уво има едноставен и единствен начин на употреба со кој се внесува мала доза маслиново масло во надворешното уво, што ја олеснува употребата поради намалената можност од прекумерно нанесување и прелевање. Клинички е докажано дека маслиновото масло ја спречува сувоста на кожата и со тоа ги намалува/ублажува чешањето и иритираноста.
Пред употреба на Vaxol® спреј за уво, Ве молиме, внимателно прочитајте го упатството.
• Пред употреба на ново пакување Vaxol® спреј за уво, стоплете го шишенцето со дланката, добро протресете го, а потоа притиснете ја прскалката 3 или 4 пати, додека не почне да прска (видете ја сликата Б). При тоа, внимавајте прскалката да не е завртена кон Вас или кон некој друг. Со оваа постапка спрејот ќе го подготвите за употреба.
• Vaxol® спреј за уво е најдeлотворен доколку пред употребата се загрее со дланките и добро се протресе.
• Употребувајте го Vaxol® спреј за уво онака како што Ви препорачал Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
• За спречување на прекумерно создавање на ушен восок, употребувајте го Vaxol® спреј за уво еднаш неделно.
• Кај деца од 1-12 години се нанесува една апликација од Vaxol® спреј за уво еднаш дневно во текот на 4 до 5 дена. Доколку во тој период не дојде до подобрување, обратете се за совет кај Вашиот лекар.
• Возрасни и деца од и над 12 години нанесуваат 1 или 2 апликации од Vaxol® спреј за уво, два пати на ден во текот на 4 до 5 дена. Доколку во тој период не дојде до подобрување, обратете се за совет кај Вашиот лекар.
• Повлечете ја ушната школка нагоре и наназад (видете ја сликата А).
• Држете го шишенцето исправено, со апликаторот поставен во ушниот канал и притиснете ја прскалката до крај 1 или 2 пати (видете ја сликата Б).
• Нежно масирајте го испакнатото место на предниот крај на ушната школка (Tragus) (видете ја сликата A).
• Доколку е потребно, повторете ја постапката на другото уво.
• По употребата, прскалката со апликаторот може да се извади и да се измие со топла вода.
• Пациентите со перфорација на ушното тапанче или со болно уво, спрејот можат да го употребуваат само под надзор на лекар.
• Vaxol® спреј за уво не смее да се употребува кај деца на возраст под 1 година без консултација со лекар.
• Маслиновото масло е природен производ и има широка секојдневна употреба. Од таа причина нема известувања за несакани дејства или интеракции со други лекови. Секако, доколку сте пречувствителни или алергични на маслиново масло, не би требало да го употребувате овој производ.
• Не се забележани несакани дејства при употребата на спрејот за време на бременост и/или доење, но Ве молиме пред употреба да се посоветувате со Вашиот лекар.
• Нема несакани дејства при прекумерно или премало дозирање на спрејот.
• Во случај на појава на алергиска реакција, прекинете ја употребата на спрејот и веднаш известете го Вашиот лекар или фармацевт.
• Едно пакување Vaxol® спреј за уво може да го употребува само еден пациент.
• Секогаш чувајте го Vaxol® спреј за уво во исправена положба, на температура од 15-25 °C.
• По првото отварање, медицинското средство може да се употребува највеќе 12 месеци.
• Неискористените количини на медицинското средство се уништуваат во согласност со локалните важечки прописи.
• Не употребувајте го спрејот во близина на отвотен пламен.
• Да се чува надвор од вид и дофат на деца.
• Vaxol® спреј за уво се нанесува само во ушниот канал.
• Да не се користи близу очите, носот или устата.
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија:
САЛВЕО ДООЕЛ
ул. Васил Ѓоргов, бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-10239/2 од 03.10.2024 година
Производител:
HL Healthcare Ltd.
The Courtyard, Eastern Road, Bracknell, Berkshire, RG12 2XB, Велика Британија
VAXOL-HL-V04-12.2025
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Vaxol® спреј за уво е едноставно и делотворно средство за омекнување и природно отстранување на ушниот восок со што се намалува потребата за испирање на ушите или се олеснува испирањето онаму каде што тоа е неопходно.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.