isla® ginger пастили - Biram zdravlje

isla® ginger пастили

Побарајте во аптека

Сува иритирачка кашлица, засипнатост и сува уста не се проблем само во зима. Овие симптоми на иритирана слузница се јавуваат во текот на сите сезони.

Состојките на isla® пастилите со ѓумбир ја премачкуваат иритираната слузница на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од понатамошни иритации од околината и овозможуваат нејзино побрзо закрепнување, особено кај:

  • иритирачка (сува) кашлица и засипнатост
  • изложеност на гласните жици на зголемен напор (пејачи, водители, наставници)
  • дишење сув воздух (топол или климатизиран)
  • сува уста
  • отежнато дишење на нос

 

Заштита на слузницата од штетни влијанија

 

Воздухот што го дишеме е полн со патогени кои секојдневно го напаѓаат нашето тело. Најизложена на овие патогени е слузницата во горниот респираторен тракт.

Во нормални услови, здравата слузница лесно може да се одбрани од нападите на агенси кои предизвикуваат болести. Меѓутоа, ако е иритирана или ослабена поради изложеност на сув воздух (топол или климатизиран) или воздух кој е полн со загадувачи (смог, чад од цигари, алергени, бактерии и вируси), агенсите кои предизвикуваат болести можат полесно да навлезат во нашето тело.

Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнителна кашлица и засипнатост.

За кого се наменети isla® пастилите?


isla® пастилите им помагаат на децата и возрасните да ја ублажат иритирачката кашлица и да се ослободат од засипнатоста.

Може да ги користат деца над 4 години, бремени жени и доилки.

isla® Mint и Cassis се без шеќер, па затоа се погодни за дијабетичари.

 

Како се користат isla® ginger пастилите?


Возрасни и деца постари од 4 години: 1-2 пастили полека се растопуваат во устата, неколку пати во текот на денот.

Забелешка за дијабетичари: Една пастила содржи 392 mg сорбитол (замена за шеќер) = 0,031 BU.

 

Ослободување од засипнатост и гребење во грлото


Муцините (мукозните материи) на исландскиот лишај во isla® ginger пастилите ја премачкуваат слузницата на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од влијанието на сувиот и загаден воздух.

На овој начин веќе оштетената слузница може побрзо да закрепне и да ја врати својата одбранбена моќ.

isla® ginger пастилите содржат посебен екстракт од отпорен исландски лишај од студените региони на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцин.

Со растопување на пастилата во уста се ослободува слуз, кој како мелем ја обложува и заштитува слузницата на устата и грлото.

 

Заштита и нега на гласните жици


Ослабнатиот глас и засипнатоста укажуваат на иритација на веќе чувствителните гласни жици. Во овој случај, isla® ginger пастилите имаат релаксирачки и смирувачки ефект. isla® ginger пастилите може да се користат и превентивно за заштита на чувствителни гласни жици.

 

Сува уста


Причините за сува уста можат да бидат многубројни. На пример, редовната употреба на одредени лекови може да доведе до намалување на лачење на плунка.

Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пр. ревматоиден артритис) може да предизвикаат сува уста.

Дополнително, надворешните влијанија како сув воздух, прекумерното консумирање кафе, чај и цигари или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сува уста.

Намалувањето на лачењето на плунката може да биде поврзано со возраста, што е една од причините зошто постарите луѓе се жалат на сува уста.

Состојките на isla® ginger пастилите може да ја обложат и навлажнат слузницата.

 

Одлична подносливост

 

isla® ginger пастили добро се поднесуваат и можат да се користат истовремено со други производи.

Етеричното масло од ѓумбир е состојка во овие пастили со боја на мед и им дава пријатен вкус. isla® ginger може да се користи и со хомеопатски лекови.

 

Заштита на слузницата за време на спорт


Слузницата на респираторниот тракт е повеќе под стрес при физичка активност отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надразнителна кашлица.

Во такви случаи, isla® ginger пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Затоа, употребата на isla® ginger пастилите е особено корисна за време на спорт за да се спречи сушење на слузокожата на устата и грлото.

 

 

 

 

Упатство за производот

Почитувани пациенти!
Ве молиме пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба
Isla® ginger
Пастили

Што содржат Isla® ginger пастилите?
1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4 - 0,8: 1).

Останати состојки:
Арапска гума, сахароза, мед, етерно масло од ѓумбир, етерно масло од лимонска трева, ароми, лесен течен парафин, прочистена вода.
1 пастила содржи 391 mg сахароза = 0,03 BU.

Кога се користат Isla® ginger пастилите?
Компонентите на Isla® ginger пастилите како мелем ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:

  • надразнувачка (сува) кашлица и засипнатост
  • изложеност на гласните жици на зголемено оптеретување (пеачи, спикери)
  • вдишување на сув воздух (топол или климатизиран)
  • сувост на устата
  • отежнато дишење преку носот

Кога не треба да се користат Isla® ginger пастилите?
Isla® ginger пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® ginger пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® ginger пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Може ли Isla® ginger пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® ginger пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® ginger пастилите?
Возрасни и деца над 4 години: 1- 2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден.
За употреба кај деца, треба претходно да бидете сигурни дека тие веќе имаат стекнато способност за шмукање на пастилите.
Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 391 mg сахароза = 0,03 BU.

Колку долго може да се користат Isla® ginger пастилите?
Доколку е потребно, Isla® ginger пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, треба да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® ginger пастилите?
Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете isla® ginger пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.

Пакување
Кутија со 30 пастили.

Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ, Скопје
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-7701/2 од 03.10.2024 година

Датум на ревизија на текстот: Мај 2024 година

Да се чува надвор од дофат на деца!

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Дали луѓето со чувствителен желудник можат да користат Isla пастили?

Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.

Од која возраст може да се користат Isla пастилите кај деца?

Штом децата знаат да јадат (шмукаат) бонбони или да џвакаат гуми за џвакање, можат да земаат и isla пастили. isla junior пастилите имаат пријатен вкус на јагода, не содржат шеќер и се наменети за деца од 4 годишна возраст и поголеми. Покрај пастилите isla junior, децата од 6-годишна возраст можат да земаат и пастили Isla Cassis, Isla Ginger, Isla Mint и Isla Moss.

Дали пастилите isla содржат глутен?

Исла пастилите не содржат глутен и се вегански производ.

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот

Почитувани пациенти!
Ве молиме пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба
Isla® ginger
Пастили

Што содржат Isla® ginger пастилите?
1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4 - 0,8: 1).

Останати состојки:
Арапска гума, сахароза, мед, етерно масло од ѓумбир, етерно масло од лимонска трева, ароми, лесен течен парафин, прочистена вода.
1 пастила содржи 391 mg сахароза = 0,03 BU.

Кога се користат Isla® ginger пастилите?
Компонентите на Isla® ginger пастилите како мелем ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:

  • надразнувачка (сува) кашлица и засипнатост
  • изложеност на гласните жици на зголемено оптеретување (пеачи, спикери)
  • вдишување на сув воздух (топол или климатизиран)
  • сувост на устата
  • отежнато дишење преку носот

Кога не треба да се користат Isla® ginger пастилите?
Isla® ginger пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® ginger пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® ginger пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Може ли Isla® ginger пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® ginger пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® ginger пастилите?
Возрасни и деца над 4 години: 1- 2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден.
За употреба кај деца, треба претходно да бидете сигурни дека тие веќе имаат стекнато способност за шмукање на пастилите.
Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 391 mg сахароза = 0,03 BU.

Колку долго може да се користат Isla® ginger пастилите?
Доколку е потребно, Isla® ginger пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, треба да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® ginger пастилите?
Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете isla® ginger пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.

Пакување
Кутија со 30 пастили.

Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ, Скопје
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-7701/2 од 03.10.2024 година

Датум на ревизија на текстот: Мај 2024 година

Да се чува надвор од дофат на деца!

arrow_circle_down

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.