Состојките на isla® moos пастилите ја премачкуваат иритираната слузница на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од понатамошни иритации од околината и овозможуваат нејзино побрзо закрепнување, особено кај:
Воздухот што го дишеме е полн со патогени кои секојдневно го напаѓаат нашето тело. Најизложена на овие патогени е слузницата во горниот респираторен тракт.
Во нормални услови, здравата слузница лесно може да се одбрани од нападите на агенси кои предизвикуваат болести. Меѓутоа, ако е иритирана или ослабена поради изложеност на сув воздух (топол или климатизиран) или воздух кој е полн со загадувачи (смог, чад од цигари, алергени, бактерии и вируси), агенсите кои предизвикуваат болести можат полесно да навлезат во нашето тело.
Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнителна кашлица и засипнатост.
isla® пастилите им помагаат на децата и возрасните да ја ублажат иритирачката кашлица и да се ослободат од засипнатоста.
Може да ги користат деца над 4 години, бремени жени и доилки.
isla® Mint и Cassis се без шеќер, па затоа се погодни за дијабетичари.
Возрасни и деца постари од 4 години: 1-2 пастили полека се растопуваат во устата, неколку пати во текот на денот.
Забелешка за дијабетичари: Една пастила содржи 392 mg сорбитол (замена за шеќер) = 0,031 BU.
Муцините (мукозните материи) на исландскиот лишај во isla® ginger пастилите ја премачкуваат слузницата на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од влијанието на сувиот и загаден воздух.
На овој начин веќе оштетената слузница може побрзо да закрепне и да ја врати својата одбранбена моќ.
isla® moos пастилите содржат посебен екстракт од отпорен исландски лишај од студените региони на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцин.
Со растопување на пастилата во уста се ослободува слуз, кој како мелем ја обложува и заштитува слузницата на устата и грлото.
Ослабнатиот глас и засипнатоста укажуваат на иритација на веќе чувствителните гласни жици. Во овој случај, isla® moos пастилите имаат релаксирачки и смирувачки ефект. isla® moos пастилите може да се користат и превентивно за заштита на чувствителни гласни жици.
Причините за сува уста можат да бидат многубројни. На пример, редовната употреба на одредени лекови може да доведе до намалување на лачење на плунка.
Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пр. ревматоиден артритис) може да предизвикаат сува уста.
Дополнително, надворешните влијанија како сув воздух, прекумерното консумирање кафе, чај и цигари или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сува уста.
Намалувањето на лачењето на плунката може да биде поврзано со возраста, што е една од причините зошто постарите луѓе се жалат на сува уста.
Состојките на isla® moos пастилите може да ја обложат и навлажнат слузницата.
isla® moos пастили добро се поднесуваат и можат да се користат истовремено со други производи.
Пастилите се погодни и за употреба од луѓе со чувствителен желудник.
Пастилите isla® moos имаат пријатен и благ вкус, особено омилен кај децата и постарите лица.
Слузницата на респираторниот тракт е повеќе под стрес при физичка активност отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надразнителна кашлица.
Во такви случаи, isla® moos пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Затоа, употребата на isla® ginger пастилите е особено корисна за време на спорт за да се спречи сушење на слузокожата на устата и грлото.
Почитувани пациенти!
Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Упатство за употреба
Isla® Moos / Исла® Мус
Пастили
Што содржат Isla® Moos пастилите?
1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4-0,8:1).
Останати состојки:
Арапска гума, сахароза, лесен течен парафин, карамел (боја E150), пречистена вода.
1 пастила содржи замена 424 mg сахароза = 0,035 BU.
Кога се употребуваат Isla® Moos пастилите?
Состојките од Isla® Moos пастилите како балзам ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:
Кога не треба да се употребуваат Isla® Moos пастилите?
Isla® Moos пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.
Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® Moos пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® Moos пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.
Може ли Isla® Moos пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® Moos пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.
Како се користат Isla® Moos пастилите?
Возрасни и деца над 4 години: 1- 2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден. Треба да бидете сигурни дека детето веќе има стекнато способност за шмукање на пастилите.
Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 424 mg сахароза = 0,035 BU.
Колку долго може да се користат Isla® Moos пастилите?
Доколку е потребно, Isla® Moos пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® Moos пастилите?
Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.
На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете Isla® Moos пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.
Пакување
Кутија со 30 или 60 пастили
Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ,
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства: 14-8550/2 од 13.10.2022 година
Датум на ревизија на текстот:
Септември 2022 година
Да се чува надвор од дофат на деца!
Дали луѓето со чувствителен желудник можат да користат Isla пастили?
Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.
Од која возраст може да се користат Isla пастилите кај деца?
Штом децата знаат да јадат (шмукаат) бонбони или да џвакаат гуми за џвакање, можат да земаат и isla пастили. isla junior пастилите имаат пријатен вкус на јагода, не содржат шеќер и се наменети за деца од 4 годишна возраст и поголеми. Покрај пастилите isla junior, децата од 6-годишна возраст можат да земаат и пастили Isla Cassis, Isla Ginger, Isla Mint и Isla Moss.
Дали пастилите isla содржат глутен?
Исла пастилите не содржат глутен и се вегански производ.
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Почитувани пациенти!
Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Упатство за употреба
Isla® Moos / Исла® Мус
Пастили
Што содржат Isla® Moos пастилите?
1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4-0,8:1).
Останати состојки:
Арапска гума, сахароза, лесен течен парафин, карамел (боја E150), пречистена вода.
1 пастила содржи замена 424 mg сахароза = 0,035 BU.
Кога се употребуваат Isla® Moos пастилите?
Состојките од Isla® Moos пастилите како балзам ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:
Кога не треба да се употребуваат Isla® Moos пастилите?
Isla® Moos пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.
Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® Moos пастилите?
Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® Moos пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.
Може ли Isla® Moos пастилите да се користат за време на бременост и доење?
Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® Moos пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.
Како се користат Isla® Moos пастилите?
Возрасни и деца над 4 години: 1- 2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден. Треба да бидете сигурни дека детето веќе има стекнато способност за шмукање на пастилите.
Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 424 mg сахароза = 0,035 BU.
Колку долго може да се користат Isla® Moos пастилите?
Доколку е потребно, Isla® Moos пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® Moos пастилите?
Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.
На што треба да внимавате?
Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете Isla® Moos пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°C.
Пакување
Кутија со 30 или 60 пастили
Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија
САЛВЕО ДООЕЛ,
ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства: 14-8550/2 од 13.10.2022 година
Датум на ревизија на текстот:
Септември 2022 година
Да се чува надвор од дофат на деца!
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.