isla® mint пастили - Biram zdravlje

isla® mint пастили

Побарајте во аптека

Сува иритирачка кашлица, засипнатост и сува уста не се проблем само во зима. Овие симптоми на иритирана слузница на грлото се јавуваат во текот на сите сезони.

Состојките на isla® пастилите со нане ја премачкуваат иритираната слузница на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од понатамошни иритации од околината и овозможуваат нејзино побрзо закрепнување, особено кај:

  • иритирачка (сува) кашлица и засипнатост
  • изложеност на гласните жици на зголемен напор (пејачи, водители, наставници)
  • дишење сув воздух (топол или климатизиран)
  • сува уста
  • отежнато дишење на нос

Заштита на слузницата од штетни влијанија

Воздухот што го дишеме е полн со патогени кои секојдневно го напаѓаат нашето тело. Најизложена на овие патогени е слузницата во горниот респираторен тракт.

Во нормални услови, здравата слузница лесно може да се одбрани од нападите на агенси кои предизвикуваат болести. Меѓутоа, ако е иритирана или ослабена поради изложеност на сув воздух (топол или климатизиран) или воздух кој е полн со загадувачи (смог, чад од цигари, алергени, бактерии и вируси), агенсите кои предизвикуваат болести можат полесно да навлезат во нашето тело.

Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнителна кашлица и засипнатост.

За кого се наменети isla® пастилите?


isla® пастилите им помагаат на децата и возрасните да ја ублажат иритирачката кашлица и да се ослободат од засипнатоста.

Може да ги користат деца над 4 години, бремени жени и доилки.

isla® Mint и Cassis се без шеќер, па затоа се погодни за дијабетичари.

 

Како се користат isla® mint пастилите?


Возрасни и деца постари од 4 години: 1-2 пастили полека се растопуваат во устата, неколку пати во текот на денот.

Забелешка за дијабетичари: Една пастила содржи 392 mg сорбитол (замена за шеќер) = 0,031 BU.

 

Ослободување од засипнатост и гребење во грлото


Муцините (мукозните материи) на исландскиот лишај во isla® mint пастилите ја премачкуваат слузницата на грлото како мелем и на тој начин ја штитат од влијанието на сувиот и загаден воздух.

На овој начин веќе оштетената слузница може побрзо да закрепне и да ја врати својата одбранбена моќ.

isla® mint  пастилите содржат посебен екстракт од отпорен исландски лишај од студените региони на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцин.

Со растопување на пастилата во уста се ослободува слуз, кој како мелем ја обложува и заштитува слузницата на устата и грлото.

 

Заштита и нега на гласните жици


Ослабнатиот глас и засипнатоста укажуваат на иритација на веќе чувствителните гласни жици. Во овој случај, isla® mint  пастилите имаат релаксирачки и смирувачки ефект. isla® mint пастилите може да се користат и превентивно за заштита на чувствителни гласни жици.

 

Сува уста


Причините за сува уста можат да бидат многубројни. На пример, редовната употреба на одредени лекови може да доведе до намалување на лачење на плунка.

Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пр. ревматоиден артритис) може да предизвикаат сува уста.

Дополнително, надворешните влијанија како сув воздух, прекумерното консумирање кафе, чај и цигари или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сува уста.

Намалувањето на лачењето на плунката може да биде поврзано со возраста, што е една од причините зошто постарите луѓе се жалат на сува уста.

Состојките на isla® mint пастилите може да ја обложат и навлажнат слузницата.

 

Одлична подносливост


isla® mint пастили добро се поднесуваат и можат да се користат истовремено со други производ.

Пастилите се погодни и за употреба од луѓе со чувствителен желудник.

isla® mint пастилите имаат пријатен вкус на пеперминт.

Пастилите се без шеќер и немаат штетно влијание врз забите, што ги прави погодни за употреба кај деца и млади, како и кај лица со дијабетес.

 

Заштита на слузницата за време на спорт


Слузницата на респираторниот тракт е повеќе под стрес при физичка активност отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надразнителна кашлица.

Во такви случаи, isla® mint пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Затоа, употребата на isla® mint пастилите е особено корисна за време на спорт за да се спречи сушење на слузокожата на устата и грлото.

 

 

 

Упатство за производот

Почитувани пациенти!

Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба

Isla® Mint / Исла® Минт

Пастили

Што содржат Isla® Mint пастилите?

1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4-0,8:1).

Останати состојки:

Арапска гума, сорбитол, лесен течен парафин, аспартам, бакарен комплекс на хлорофил (боја Е 141), етерно масло од питомо нане, пречистена вода.

1 пастила содржи замена 392 mg (замена за шеќер) = 0,031 BU.

Кога се употребуваат Isla® Mint пастилите?

Состојките од Isla® Mint пастилите како балзам ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:

• надразнувачка (сува) кашлица и засипнатост
• изложеност на гласните жици на зголемено оптеретување (пеачи, спикери)
• вдишување на сув воздух (топол или климатизиран)
• сувост на устата
• отежнато дишење преку носот

Кога не треба да се употребуваат Isla® Mint пастилите?

Isla® Mint пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® Mint пастилите?

Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® Mint пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Доколку имате фенилкетонурија (наследна метаболна болест), Ве молиме да земете во обзир дека пастилите содржат засладувач аспартам.

Може ли Isla® Mint пастилите да се користат за време на бременост и доење?

Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® Mint пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® Mint пастилите?

Возрасни и деца над 4 години: 1-2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден.

Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 392 mg сорбитол (замена за шеќер) = 0,031 BU.

Колку долго може да се користат Isla® Mint пастилите?

Доколку е потребно, Isla® Mint пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® Mint пастилите?

Во многу ретки случаи Isla® Mint пастилите може да имаат лаксативен ефект, поради содржината на сорбитол. Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?

Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете Isla® Mint пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°С.

Пакување

Кутија со 30 или 60 пастили

Да се чува надвор од дофат на деца!

Информации за Isla® Mint пастилите

Исландски лишај: лишај и неговото потекло

Уште од 17-тиот век, Исландскиот лишај бил познат во народната медицина под имиња како што се лишај за белите дробови или лишај за треска. Растението може да се најде во низиите и ниските и високите планини на Северна, Централна и Источна Европа како и Северна Америка, каде што расте на рамно тло со ниска хранлива вредност.

Често го нарекуваат и Исландски мов, бидејќи во минатото сите билки кои наликувале на мов, се сметале за мов и така биле нарекувани.

Исландскиот лишај му припаѓа на семејството лишаи (Parmeliaceae). Одредени видови габи и алги живеат во лишајот во биоценоза (симбиоза).

Исландскиот лишај е висок приближно 10 см, сличен на грмушки и се разгранува - во кадрави „лисја“ со опаѓачка големина. Лишајот е со кафена до маслинесто-зелена боја на горната површина, со бело-сиви дамки одоздола.

Заштита на слузницата од штетни влијанија

Воздухот што го дишеме е полн со предизвикувачи на болести кои секојдневно го напаѓаат нашиот организам. Најзагрозена е слузницата на горниот респираторен тракт. Во нормални услови, здравата слузница може лесно се одбрани од нападите на предизвикувачите на болести. Доколку е иритирана и ослабена од изложеноста на сувиот воздух (топол или климатизиран) или од воздух полн со загадувачи (смог, чад од тутун), предизвикувачите на болести се во можност полесно да продрат во нашиот организам. Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнувачка кашлица и засипнатост.

Олеснување на засипнатоста и гребењето во грлото

Муцините (слузавите материи) од Исландскиот лишај, во Isla® Mint пастилите ја обложуваат слузницата на грлото како балзам и на тој начин ја штитат од сув и загаден воздух.

Веќе нападнатата слузница на тој начин, може побрзо да закрепне и да ја обнови својата одбранбена способност.

Посебноста на Isla® Mint пастилите

Isla® Mint пастилите содржат посебен екстракт од издржливиот исландски лишај од студените предели на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцини. Со топењето на пастилите во устата се ослободува слуз кој како балзам ја обложува и благотворно делува на слузницата на устата и грлото.

Заштита и нега на гласните жици

Ослабен глас и засипнатост се индикација дека исклучително чувствителните гласни жици се нападнати. Во таков случај, Isla® Mint пастилите делуваат релаксирачки и смирувачки. Isla® Mint пастилите можат да се користат и како профилакса за да се заштитат чувствителните гласни жици.

Сувост на устата

Причините за сувост на устата можат да бидат повеќекратни. Редовното внесување на одредени лекови, може да доведе до намалување на количината на плунката. Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пример, ревматоиден артритис) може да бидат причина за сувост на устата. Понатаму, надворешни влијанија, како што се сув воздух, прекумерно консумирање кафе или чај, пушење или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сувост на устата. Конечно, намалената количина на плунка може едноставно да биде поврзана со возраста, поради што особено постарите луѓе се жалат на сувост на устата. Состојките во Isla® Mint пастилите можат да ја обложат и навлажнат слузницата

Одлично се толерира

Isla® Mint пастилите одлично се толерираат и можат да се употребуваат истовремено со други препарати. Пастилите се погодни за употреба и кај лица со чувствителен желудник. Isla® Mint пастилите имаат пријатен вкус на пеперминт. Пастилите не содржат шеќер и затоа се безбедни за забите, поради што се особено погодни за употреба кај деца и тинејџери.

Заштита на слузницата за време на спортување

Слузницата на респираторниот тракт, во тек на занимавањето со физичка активност е под поголемо оптеретување отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надрзнувачка кашлица. Во такви случаи, Isla® Mint пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Поради тоа, употребата на Isla® Mint пастилите е посебно корисна за време на спортување за спречување на сушењето на слузницата на устата и грлото.

Производител

Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија

САЛВЕО ДООЕЛ, Ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број и датум на решение за запишување во регистарот на медицински средства:

14-10011/2 од 01.09.2025 година

Датум на ревизија на текстот:

Август 2025 година

ISLAmint-ENG-V04-09.2025

 

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Дали луѓето со чувствителен желудник можат да користат Isla пастили?

Поради благиот вкус и билниот состав, пастилите isla се погодни и за употреба кај луѓе со чувствителен стомак и гастрична мукоза.

Од која возраст може да се користат Isla пастилите кај деца?

Штом децата знаат да јадат (шмукаат) бонбони или да џвакаат гуми за џвакање, можат да земаат и isla пастили. isla junior пастилите имаат пријатен вкус на јагода, не содржат шеќер и се наменети за деца од 4 годишна возраст и поголеми. Покрај пастилите isla junior, децата од 6-годишна возраст можат да земаат и пастили Isla Cassis, Isla Ginger, Isla Mint и Isla Moss.

Дали пастилите isla содржат глутен?

Исла пастилите не содржат глутен и се вегански производ.

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот

Почитувани пациенти!

Ве молиме, пред употребата, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Упатство за употреба

Isla® Mint / Исла® Минт

Пастили

Што содржат Isla® Mint пастилите?

1 пастила содржи 80 mg воден екстракт од исландски лишај (0,4-0,8:1).

Останати состојки:

Арапска гума, сорбитол, лесен течен парафин, аспартам, бакарен комплекс на хлорофил (боја Е 141), етерно масло од питомо нане, пречистена вода.

1 пастила содржи замена 392 mg (замена за шеќер) = 0,031 BU.

Кога се употребуваат Isla® Mint пастилите?

Состојките од Isla® Mint пастилите како балзам ја обложуваат надразнетата слузница на грлото и на тој начин ја штитат од понатамошни надразнувања и го овозможуваат нејзиното побрзо заздравување, особено при:

• надразнувачка (сува) кашлица и засипнатост
• изложеност на гласните жици на зголемено оптеретување (пеачи, спикери)
• вдишување на сув воздух (топол или климатизиран)
• сувост на устата
• отежнато дишење преку носот

Кога не треба да се употребуваат Isla® Mint пастилите?

Isla® Mint пастилите не треба да се користат ако сте пречувствителни на која било од состојките што се содржани во пастилите.

Кои се мерки на претпазливост при употреба на Isla® Mint пастилите?

Доколку Вашиот лекар Ви рекол дека имате нетолеранција кон одредени шеќери, пред употребата на Isla® Mint пастилите посоветувајте се со Вашиот лекар.

Доколку имате фенилкетонурија (наследна метаболна болест), Ве молиме да земете во обзир дека пастилите содржат засладувач аспартам.

Може ли Isla® Mint пастилите да се користат за време на бременост и доење?

Нема достапни податоци кои би сугерирале дека употребата на Isla® Mint пастилите за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Како се користат Isla® Mint пастилите?

Возрасни и деца над 4 години: 1-2 пастили се оставаат полека да се растворат во устата, неколку пати на ден.

Забелешка за дијабетичари: 1 пастила содржи 392 mg сорбитол (замена за шеќер) = 0,031 BU.

Колку долго може да се користат Isla® Mint пастилите?

Доколку е потребно, Isla® Mint пастилите може да се користат во текот на подолг временски период. Ако нема подобрување на симптомите по 10 дневен третман, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Кои несакани дејства може да ги имаат Isla® Mint пастилите?

Во многу ретки случаи Isla® Mint пастилите може да имаат лаксативен ефект, поради содржината на сорбитол. Во изолирани случаи, може да се појават реакции на пречувствителност.

На што треба да внимавате?

Рокот на употреба е втиснат на картонското пакување и на блистерот. Не ги користете Isla® Mint пастилите по истекот на рокот на употреба назначен на пакувањето. Пастилите треба да се чуваат на суво место, на температура до 25°С.

Пакување

Кутија со 30 или 60 пастили

Да се чува надвор од дофат на деца!

Информации за Isla® Mint пастилите

Исландски лишај: лишај и неговото потекло

Уште од 17-тиот век, Исландскиот лишај бил познат во народната медицина под имиња како што се лишај за белите дробови или лишај за треска. Растението може да се најде во низиите и ниските и високите планини на Северна, Централна и Источна Европа како и Северна Америка, каде што расте на рамно тло со ниска хранлива вредност.

Често го нарекуваат и Исландски мов, бидејќи во минатото сите билки кои наликувале на мов, се сметале за мов и така биле нарекувани.

Исландскиот лишај му припаѓа на семејството лишаи (Parmeliaceae). Одредени видови габи и алги живеат во лишајот во биоценоза (симбиоза).

Исландскиот лишај е висок приближно 10 см, сличен на грмушки и се разгранува - во кадрави „лисја“ со опаѓачка големина. Лишајот е со кафена до маслинесто-зелена боја на горната површина, со бело-сиви дамки одоздола.

Заштита на слузницата од штетни влијанија

Воздухот што го дишеме е полн со предизвикувачи на болести кои секојдневно го напаѓаат нашиот организам. Најзагрозена е слузницата на горниот респираторен тракт. Во нормални услови, здравата слузница може лесно се одбрани од нападите на предизвикувачите на болести. Доколку е иритирана и ослабена од изложеноста на сувиот воздух (топол или климатизиран) или од воздух полн со загадувачи (смог, чад од тутун), предизвикувачите на болести се во можност полесно да продрат во нашиот организам. Ова може да доведе до иритација на грлото и фаринксот, надразнувачка кашлица и засипнатост.

Олеснување на засипнатоста и гребењето во грлото

Муцините (слузавите материи) од Исландскиот лишај, во Isla® Mint пастилите ја обложуваат слузницата на грлото како балзам и на тој начин ја штитат од сув и загаден воздух.

Веќе нападнатата слузница на тој начин, може побрзо да закрепне и да ја обнови својата одбранбена способност.

Посебноста на Isla® Mint пастилите

Isla® Mint пастилите содржат посебен екстракт од издржливиот исландски лишај од студените предели на далечниот север, чиј сув остаток содржи повеќе од 80% муцини. Со топењето на пастилите во устата се ослободува слуз кој како балзам ја обложува и благотворно делува на слузницата на устата и грлото.

Заштита и нега на гласните жици

Ослабен глас и засипнатост се индикација дека исклучително чувствителните гласни жици се нападнати. Во таков случај, Isla® Mint пастилите делуваат релаксирачки и смирувачки. Isla® Mint пастилите можат да се користат и како профилакса за да се заштитат чувствителните гласни жици.

Сувост на устата

Причините за сувост на устата можат да бидат повеќекратни. Редовното внесување на одредени лекови, може да доведе до намалување на количината на плунката. Исто така, болести како што се дијабетес или ревматски нарушувања (на пример, ревматоиден артритис) може да бидат причина за сувост на устата. Понатаму, надворешни влијанија, како што се сув воздух, прекумерно консумирање кафе или чај, пушење или дури и намалена активност на џвакање може да предизвикаат сувост на устата. Конечно, намалената количина на плунка може едноставно да биде поврзана со возраста, поради што особено постарите луѓе се жалат на сувост на устата. Состојките во Isla® Mint пастилите можат да ја обложат и навлажнат слузницата

Одлично се толерира

Isla® Mint пастилите одлично се толерираат и можат да се употребуваат истовремено со други препарати. Пастилите се погодни за употреба и кај лица со чувствителен желудник. Isla® Mint пастилите имаат пријатен вкус на пеперминт. Пастилите не содржат шеќер и затоа се безбедни за забите, поради што се особено погодни за употреба кај деца и тинејџери.

Заштита на слузницата за време на спортување

Слузницата на респираторниот тракт, во тек на занимавањето со физичка активност е под поголемо оптеретување отколку во нормални услови, што доведува до сушење на слузницата и непријатна надрзнувачка кашлица. Во такви случаи, Isla® Mint пастилите ја штитат слузницата на природен начин. Поради тоа, употребата на Isla® Mint пастилите е посебно корисна за време на спортување за спречување на сушењето на слузницата на устата и грлото.

Производител

Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG Herzberg-str. 3,61138 Нидердорфелден, Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија

САЛВЕО ДООЕЛ, Ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број и датум на решение за запишување во регистарот на медицински средства:

14-10011/2 од 01.09.2025 година

Датум на ревизија на текстот:

Август 2025 година

ISLAmint-ENG-V04-09.2025

 

arrow_circle_down

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.