Merz Spezial НАГРАДНА ИГРА!

Побарајте во аптека

Merz Spezial ВЕ ВОДИ НА НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ! Затоа што светот заслужува да ја види Вашата убавина!

 

Официјални правила на наградната игра

 

„МERZ SPEZIAL ВЕ ВОДИ НА НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ

Затоа што светот заслужува да ја види Вашата убавина! “

 

Член 1

Организатор на наградната игра

Организатор на оваа наградна игра е фармацевската компанија Салвео Дооел Скопје, со седиште на ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст „Организатор“).

 

Член 2

Име и времетраење на наградната игра

 

Името на наградната игра е „МERZ SPEZIAL ВЕ ВОДИ НА НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ! Затоа што светот заслужува да ја види Вашата убавина! “

Наградната игра ќе трае во период од 27.03.2024 г., па се до 27.05.2024 г.

 

Член 3

Територија каде што ќе се одвива наградната игра

 

Наградната игра ќе се одвива на територијата на Република Северна Македонија.

 

Член 4

 

Наградната игра се организира за да се рекламираат производите на Merz Spezial, во продажните      места (аптеки и дрогерии) ширум Република Северна Македонија, каде производите на Merz Spezial се дел од нивниот асортиман.

 

Член 5

Производи кои се дел од наградната игра

 

Во наградната игра учествуваат сите производи на брендот Merz Spezial, достапни на територијата  на Република Северна Македонија, поточно: дражеи и серуми

 

Merz Spezial дражеи

Merz Spezial Hydro Glow Serum Intense

Merz Spezial Skin Lift Energy Serum Intense

 

Член 6

Право на учество

 

Во наградната игра, право на учество имаат сите лица над 18 години, кои се граѓани на Република Северна Македонија и ги исполнуваат условите на учество (во понатамошниот текст „Учесници“). Со купување на 2 Merz Spezial дражеи или еден од серумите кои се  наведени во Член 5, на една фискална сметка, учесниците ќе може да учествуваат во наградната игра преку испраќање СМС порака на бројот 148 777  од операторите Македонски Телеком и А1 во Република Северна Македонија, со следната содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) ВРЕМЕ НА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ (пример на формат за СМС порака #0250 16:13:00).

Учесниците за наградната игра, ќе може да испратат СМС започнувајќи од 27.03.2024 г., од 00:01 часот, па се до 27.05.2024 г., 23:59 часот, по што СМС платформата ќе биде затворена. Со учество во наградната игра, учесниците потврдуваат дека ги разбираат условите и се согласуваат со правилата за учество.

 

Член 7

Механизам на наградната игра

 

На територијата на Република Северна Македонија, наградната игра ќе се организира за брендот Merz Spezial и ќе се спроведе преку СМС сервисите на операторите Македонски Телеком и А1 во Република Северна Македонија. Секое заинтересирано лице (наведено во член 6), за да учествува во наградната игра, потребно е да купи 2 производи Merz Spezial дражеи или 1 производ од Merz Spezial Hydro Glow Serum Intense или Merz Spezial Skin Lift Energy Serum Intense од брендот Мerz Spezial наведени во Член 5, на една фискална сметка. Учесниците треба да ја чуваат фискалната сметка, неоштетена, во текот на целата наградна игра и по нејзиното завршување се до објава на добитниците и да се вклучат во истата според следниве правила:

 

- Почнувајќи од 27.03.2024 г., 00:01 часот, и заклучно до 27.05.2024 г., 23:59 ќе може да праќаат СМС порака на бројот 148 777, со следната содржина: БРОЈ НА ФИСКАЛНА СМЕТКА (празно место) ВРЕМЕ НА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ (пример на формат за СМС порака #0250 16:13:00). Пораката треба да го содржи оригиналниот број на фискалната сметка, каде е назначено дека се купени производите од брендот Merz Spezial. Ако е успешно испраќањето на пораката, учесникот ќе добие потврдна СМС порака за учество и линк до правилата каде ќе може да ги прочита детално официјалните правила за игра. Доколку праќањето на пораката е неуспешно, учесникот ќе добие повратна СМС порака дека кодот веќе бил претходно искористен или дека е испратен неправилен формат на код, проследен со број од контакт центарот на Салвео на тел. 023222258 каде учесниците ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот.

 

Сите пораки се тарифираат по цена на стандардна СМС порака односно 5,9 денари со вклучен ДДВ, на товар на испраќачот. Организаторот нема удел во менување на цената и затоа Организаторот не презема одговорност за можна промена на цената на пораките.

 

Еден учесник може да учествува во наградната игра со неограничен број на СМС, но со користење на различни броеви на фискални сметки (од различни купувања) и со тоа, да ги зголеми своите шанси за добивка на награда. Секоја поединечна фискална сметка може да учествува само еднаш.

 

Добитникот на било која награда може да биде добитник на друг тип на награда, но не со пораката т.е. фискалната сметка со која веќе има добиено еден тип на награда.

 

При испраќање на неточни, нецелосни или невалидни фискални броеви и неисполнување на другите услови за учество (доколку фискалната не е на учесникот, не ја исполнува возрасната граница и слично) учесникот ќе биде дисквалификуван од наградната игра и ќе го изгуби правото на добивање награда.

 

Член 8

Забрана за учество во наградната игра

 

Правото за учество не е дозволено за вработените на Салвео ДООЕЛ и компанијата НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ, како и нивните  блиски членови од семејството (деца, сопружници и родители).

 

 

 

Член 9

Метод за извлекување и објавување на добитниците

 

Сите СМС пораки се собираат и од нив се извлекува добитникот.

 

Добитниците на награди во наградната игра ќе бидат извлечени по електронски пат преку компјутерска селекција од база на испратени СМС. Извлекувањето на наградите ќе се врши преку специјализиран лиценциран Швајцарски софтверски систем под контрола на провајдерот: НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ ул Дебарца бр.10 Скопје и во  ова извлекување ќе учествуваат сите добиени пораки кои биле испратени за наградната игра.

За награда ќе биде извлечен по еден резервен добитник во случај                         потенцијалниот да не е валиден.

 

Извлекувањата на добитниците на наградите ќе го контролира комисија составена од три члена: овластен претставник на НТХ Медиа Македонија ДООЕЛ, и двајца овластени претставници на Салвео ДООЕЛ.

Комисијата ќе води записник во текот на извлекувањето.

 

•             Извлекувањето на главната награда ќе се изврши во просториите на Салвео ДООЕЛ, на адреса ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје на ден 28.05.2024 во 11:00 часот.

 

 

Добитниците ќе бидат информирани за наградите преку СМС, на телефонскиот број со кој се регистрирале во наградната игра, во текот на истиот ден по извлекувањето.

Откако ќе се направи потребната верфикација и потврда на добитниците, нивните детали (име, презиме, град и телефонскиот број преку кој се регистрирале со скриени последни 3 цифри),ќе бидат објавени на Merz Spezial социјалните медиуми Facebook и Instagram (https://www.facebook.com/merzspezial.mk?mibextid=dGKdO6 ; https://www.instagram.com/merz_spezial.mk?igsh=MWtpdnJtNW9rc3RrNA== ), во рок од 3 дена по извлекувањето.

Наградите ќе бидат доделени во рок од 30 дена од објавувањето на добитниците и добитниците ќе можат да ги подигнат наградите од просториите нa Салвео ДООЕЛ, на адреса ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, секој работен ден од 08:00 -16:00 часот.

 

 

Во случај на непредвидени пречки во текот на редовното работење предизвикано од виша сила, услови на вонредна состојба, пандемија и сл. извлекувањето на наградите и доделувањето на истите ќе се спроведува на начин адаптиран согласно мерките кои ќе бидат активни во моментот.

 

Член 10

Известувањето на добитниците и подигнувањето на награда

 

Истиот ден по извлекувањето, добитниците ќе бидат известени преку СМС на бројот од кој се регистрирале во наградната игра, информирајќи ги за потенцијалната награда и дека контакт центарот ќе ги исконтактира телефонски за сите детали околу верификацијата и подигнување на наградата. Од моментот на извлекување, тие стануваат потенцијални добитници на наградата и ќе треба во рок од 48 часа од добивање на СМС пораката, да ги достават бараните податоци и фискалната сметка за да може да се верификуваат и објават како официјални добитници.

 

Обврска на секој учесник е редовно да ги проверува телефонските повици /СМС пораки на својот мобилен телефон, а исто така и да биде достапен за добивање на информации во текот на наградната игра.

 

Доколку учесникот не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок од 48 часа од моментот на праќање на пораката, од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда и истата се пренесува на првата резерва. Организаторот нема да има дополнителна одговорност кон учесникот.

Наградите ќе бидат доделени лично или преку директна пошта, по договор со добитникот.

 

Добитникот ќе треба да достави документ за идентификација (име, презиме, дата на раѓање, матичен број и адреса на живеење) како и фотографија од фискалната сметка која била испратена за учество во наградната игра. Бараните податоци, добитникот ќе треба да ги достави до организаторот на е - маил адресата office-mk@salveo-pharma.com , лично во просториите на организаторот или пак на Вибер, СМС или друг канал кој нему ќе му одговара. Подигнувањето на наградата ќе може да го реализира и друга личност, но само со законско овластување од страна на добитникот, заверено на нотар.

 

При предавањето на наградата, добитникот на наградата е должен да потпише потврда за преземање на наградата и да ја прикаже оригиналната фискална сметка.

 

Ако се надмине предвидениот рок за доделување на наградите од 30 дена од датумот на објавување на добитниците, подигнување на наградата нема да биде возможно. Според правилата за подигнување на награда, доколку некои од добитниците не ги почитуваат или го надминат наведениот рок, го губат правото на истата.

Наградите кои нема да бидат доделени остануваат во сопственост на Организаторот.

 

Член 11

Награди и фонд за награди

 

Целосната сума за награди изнесува 141.866,00 денари со вклучено ДДВ. Организаторот не смее да додели повеќе награди од предвиденото или награди од различен тип. Фондот на награди се состои од следниве награди:

Име и тип на награда

Единечна цена

Количина

Целосна цена со вклучено ДДВ

Вредносен ваучер за патување од Фибула Травел

93.000,00

1

     93.000,00

SMART CASOVNIK SAMSUNG Galaxy Watch FIT3

3.599,00

5

   17,995,00

City mall вредносен ваучер од 3000 ден

3000,00

5

  15.000,00

Меrz Spezial пакет производи

1345,00

10

 15.871,00

Целосен износ

101,344,00

21

141.866,00

 

Член 12

Информирмирање за наградната игра на учесниците

 

Учесниците ќе бидат информирани за правилата на наградната игра, фондот за награди и условите за учество преку надворешни информативни канали, социјални медиуми, како и пропаганден материјал на продажните места.

 

Откако Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе даде одобрување за почеток на наградната игра, официјалните правила на наградната игра ќе бидат објавени на Merz Spezial социјалните медиуми Facebook и Instagram (https://www.facebook.com/merzspezial.mk?mibextid=dGKdO6 ; https://www.instagram.com/merz_spezial.mk?igsh=MWtpdnJtNW9rc3RrNA== ) пред почетокот на истата.

По добиеното одобрение од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, правилата за наградата игра стапуваат на сила.

Во текот на целото времетраење на наградната игра, сите учесници ќе можат да се обратат на контакт центарот на Салвео на тел. 023222258 , каде ќе можат да добијат поддршка поврзана со наградната игра, секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот.

 

Член 13

 

Организаторот е должен да провери дали се исполнети сите услови за учество и дали добитникот ги исполнува сите услови за подигнување на наградата, согласно правилата. По предавањето на наградата, Организаторот нема никаква одговорност кон добитникот на наградата во однос на користењето на истата, освен одговорностите наведени во правилата. Организаторот нема одговорност за достава на наградата и нема да покрие било какви дополнителни трошоци, како што е транспорт или друг тип на трошоци, трошоци за реализација кои не се опишани во правилата или во посебно потпишан договор помеѓу Оранизаторот и добитникот.

 

Организаторот не е одговорен, доколку добитникот не е во можност да ја подигне или користи наградата.

 

Резултатите за прогласување на добитниците се конечни. Доколку добитникот сака, може да се откаже од наградата или да ја предаде на друг, согласно законот, но во никој случај не може да ја замени за парични средства.

 

 

Член 14

Согласност за користење на лични податоци

 

 

Со учество во наградната игра, учесникот се согласува да ги даде личните податоци на Организаторот, за користење при реализација на наградата игра за период од (два) месеци. Организаторот има право да ги користи личните податоци на секој учесник за потребите на наградната игра. Организаторот не смее да ги користи податоците за било која друга намена, која не е во согласност со законот и ќе ги користи само за потребите на наградната игра. Личните податоци на учесниците на наградната игра, ќе се користат само согласно Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/20 и 294/2021).

 

Член 15

Даноци

 

Даночната обврска на наградната игра ја презема Организаторот. Организаторот гарантира дека доделувањето на наградата ќе биде согласно со правилата.

 

Член 16

Поднесување приговор

 

Учесникот во наградата игра, има право да поднесе приговор до организаторот, најдоцна 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците кои ќе бидат објавени на Merz Spezial социјалните медиуми Facebook и Instagram

 

(https://www.facebook.com/merzspezial.mk?mibextid=dGKdO6 ; https://www.instagram.com/merz_spezial.mk?igsh=MWtpdnJtNW9rc3RrNA== ).Организаторот е должен да даде одговор на приговор во рок од 7 дена по добивањето на истата.

 

Член 17

Деловна тајна

 

Вработените на Организаторот и продуцентот, се обврзани да ја чуваат следната информација како деловна тајна: податоците на учесникот (нивниот број, нивниот идентитет и други лични податоци), механизмот за организација на наградната игра и финанскискиот дел за работатата на Организаторите. Горе споменатите информации можат да бидат дадени на трето лице од страна на Организаторот, само на начин предвиден во законот.

 

Член 18

Прекинување на наградната игра

 

Наградната игра може да се прекине, при ненадејни виши сили вклучувајќи го случајот кога Организаторот не е во можност да ја организира наградната игра. За прекин на наградната игра прво треба да се добие согласнот од Министерство за финансии на Република Серверна Македонија.

 

Член 19

Законски мерки

 

Доколку постојат било какви недорабирања помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, истите ќе бидат решени согласно договорот.

 

Ако двете страни не постигнат договор, конфликтот помеѓу организаторот и учесниците на наградната игра, ќе биде решен од страна на судот во Скопје.

 

 

 

 

 

Организатор

Салвео Д.О.О.Е.Л. Скопје

 

Упатство за производот.

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот.

Продолжи понатаму Прикажи ја мојата кошница