Спрејot Nisita® може да го користат доенчиња, деца и возрасни, трудници и доилки!
Се препорачува за олеснување на проблемите со затнат нос, за чистење и навлажнување на носната слузница ( при загревање, сув воздух), ги омекнува исушените остатоци од прашина во носот.
Nisita® спрејот е без конзерванси.
Возрасни и деца над 2 години: прскајте 1 до 2 дози во секоја ноздра неколку пати на ден по потреба.
Доенчиња и мали деца (до 2 години): прскајте по 1 доза спреј во секоја ноздра неколку пати на ден.
Внимателно обликуваниот дизајн на додатокот за нос го прави нанесувањето на спреј Nisita® многу удобно. Со секое притискање, спрејот се распрскува во прецизно измерена доза во ситни капки како магла.
Упатство за употреба
Nisita® спреј за нос
Почитувани пациенти!
Ве молиме пред употреба, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи важни информации за тоа на што треба да обратите внимание при употреба на овој производ.
Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Што содржи Nisita® спреј за нос?
1 ml изотоничен раствор содржи 3,3 mg натриум хлорид и 8,3 mg на натриум хидрогенкарбонат.
Останати состојки: пречистена вода
Кога се употребува Nisita® спреј за нос?
Nisita® спреј за нос се распрскува во мали капки (како магла) и се употребува во случај на сува носна слузница
Nisita® спреј за нос не содржи конзерванси и е наменет за употреба кај возрасни, деца и доенчиња.
Кога не треба да се употребува Nisita® спреј за нос?
Нема достапни информации поради кои не смее да се употребува Nisita® спреј за нос.
Кои се мерки на претпазливост при употреба на Nisita® спреј за нос?
Кога се користи правилно како што е пропишано во ова упатство, не е потребно да се преземаат посебни мерки на претпазливост. Меѓутоа, после операции или повреди на носот, треба да се консултира лекар пред да се користи Nisita® спреј за нос.
Дали може Nisita® спреј за нос да се користи за време на бременост или доење?
Нема достапни податоци кои укажуваат дека употребата на Nisita® спреј за нос за време на бременост и лактација може да има штетни последици.
Како се користи Nisita® спреј за нос?
Доколку е потребно, возрасни и деца (од 2 години па нагоре): 1-2 прскања во секоја ноздра, неколку пати на ден.
Доенчиња и деца (на возраст до 2 години): 1 прскање во секоја ноздра, неколку пати на ден.
Употреба:
Пред употреба, извадете го заштитното капаче.
Повлечете го надоле неколку пати механизмот на пумпицата додека не излезе првиот млаз од спрејот. Сега спрејот е подготвен за понатамошна употреба.
Вметнете го врвот на апликаторот во ноздрата, а потоа повлечете го механизмот на пумпицата. Притоа, шишето треба да биде во вертикална положба и да не се наведнува главата наназад. Во текот на процесот на распрскување на спрејот, вдишете лесно преку носот. На крајот, механизмот на пумпицата постепено се отпушта и апликаторот нежно се извлекува од ноздрата.
Од хигиенски причини и да се избегне инфекција, шишето Nisita® спреј за нос треба да го користи само една личност. После употреба, апликаторот треба да се избрише и исуши, и да се стави заштитното капаче.
Колку долго може да се користи Nisita® спреј за нос?
Nisita® спреј за нос, по потреба може да се користи подолг временски период. Ако нема подобрување по 14 дена од третманот, ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Кои несакани дејства може да ги има Nisita® спреј за нос?
Ако се користи правилно, како што е пропишано во ова упатство, не се очекува појава на несакани дејства.
На што треба да внимавате?
Nisita® спреј за нос може да се користи само до датумот втиснат на пакувањето.
По првото отворање, Nisita® спреј за нос не смее да се користи повеќе од 6 недели.
Да се чува подалеку од вид и дофат на деца!
Пакување
Пакување со 20 ml раствор.
Производител:
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstr. 3,61138 Нидердорфелден,
Германија
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија: САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-6255/2 од 26.07.2023 година
Датум на ревизија на текстот:
Јуни 2023 година
Информација за Nisita® спреј за нос
Слузница на дишните патишта
Дишните патишта се обложени со слузница која овозможува нормално функционирање на дишните органи. Во слузницата на горните дишни патишта има жлездени клетки и влакненца (т.н. цилии). Жлездените клетки лачат течност (секрет) кој го навлажнува воздухот што го вдишуваме (приближно 10.000 литри дневно) а во исто време ја апсорбираат прашината, нечистотијата, бактериите итн. Цилиите со своите континуирани движења ги транспортираат задржаните честички надвор од дишните патишта, према надворешната средина или пак преку грлото во желудникот. Недоволното влакнење на слузницата го пореметува овој процес и со тоа е олеснето навлегувањето на бактерии и нечистотијата, пореметен е и осетот за вкус и мирис, а освен тоа може да дојде и до надразнување на слузницата.
Нашиот нос – функција и задача
Носот има повеќе функции. Покрај тоа што служи како одбрамбена линија од страните тела и штетните микроорганизми, тој служи и како терморегулатор на воздухот кој го вдишуваме, односно во текот на зимата ладниот воздух се загрева и во текот на летото топлиот воздух се лади. На тој начин во белите дробови доаѓа навлажен воздух, со телесна температура, од кој се отстранети прашината и микроорганизмите. Поради оваа причина, воздухот треба секогаш да се вдишува преку носот, а не преку уста. Во случај кога слузницата е исушена, носот не е во состојба да ги изврши своите задачи.
Сува слузница на носот
Претставува чест проблем кој не само што се однесува на сите возрасни групи, но исто така се јавува во текот на целата година. Исушените наслаги во носот (крусти), кои се формираат во тој случај, не се само непријатни, туку може да бидат и болни.
Сувата слузница го нарушува нормалното дишење, чувството за вкус и мирис и го олеснува продорот на страни тела и патогени микроорганизми во дишните органи, со што се зголемува ризикот од инфекции што значително влијае врз квалитетот на животот.
Причини кои доведуваат до сушење на носната слузница
Препораки и третман
Исцелителната моќ на солта (натриум хлорид) се користи од страна на луѓето повеќе стотици години. Познато е дека престојот на море или во бањи со солена вода е корисно за луѓето со заболувања на респираторниот тракт. Солите содржани во спрејот создаваат влажност во носот која се должи на нивниот хигроскопски ефект.
Nisita® спреј за нос има широка примена.
За превенција
За третман
За нега после болест
Покрај Nisita® спреј за нос, може да употребувате и Nisita® маст за нос.
CE
ENGELHARD
NISITAspray-ENG-V03-02.2024
Дали трудниците и доилките можат да користат спреј и маст Нисита?
Да, тоа е природен производ без додадени конзерванси, целосно безбеден за бремени жени и доилки, како и за бебиња и доенчиња.
Кој производ е погоден за алергиски ринитис?
Како дополнителна терапија во лекувањето на алергиите се препорачуваат и спреј и маст Нисита. Спреј Нисита ќе помогне да се измијат алергените од носната слузница (ја чисти носната слузница), а употребата на спрејот се препорачува после секој престој на отворен простор. Нисита маста се препорачува да се нанесе пред престој на отворено бидејќи Нисита во форма на маст ќе создаде тенок слој на носната слузница што ќе ја заштити носната слузница од дејството на алергените. Исто така, некои лекови за алергија (иако се неопходни) може да предизвикаат несакани ефекти, на пр. сувост на носната слузница каде од голема помош е мастата Нисита бидејќи го решава проблемот со сува назална слузница. И двете форми може да се користат по потреба, во подолг временски период. Нисита има природен состав и нема додадени конзерванси.
Кога му го чистам носот на бебето, да го ставам на страна и да дувам во едната, па во другата ноздра или бебето да стои исправено?
Кога го чистите носот на бебето со шприц, би било правилно да го ставите бебето на страна, исто како што е опишано, така што солениот раствор ќе помине од едната до другата ноздра и ќе ги измие сите секрети. Педијатрите препорачуваат производи наменети за тоалет на носот кај бебињата кои се многу по пријатни за бебето. Ви го препорачуваме спрејот Нисита кој има нежено распрскување кој не врши притисок на слузокожата, а ќе го елиминира секретот од носот на бебето без разлика дали бебето лежи или е во исправена положба.
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Упатство за употреба
Nisita® спреј за нос
Почитувани пациенти!
Ве молиме пред употреба, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи важни информации за тоа на што треба да обратите внимание при употреба на овој производ.
Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Што содржи Nisita® спреј за нос?
1 ml изотоничен раствор содржи 3,3 mg натриум хлорид и 8,3 mg на натриум хидрогенкарбонат.
Останати состојки: пречистена вода
Кога се употребува Nisita® спреј за нос?
Nisita® спреј за нос се распрскува во мали капки (како магла) и се употребува во случај на сува носна слузница
Nisita® спреј за нос не содржи конзерванси и е наменет за употреба кај возрасни, деца и доенчиња.
Кога не треба да се употребува Nisita® спреј за нос?
Нема достапни информации поради кои не смее да се употребува Nisita® спреј за нос.
Кои се мерки на претпазливост при употреба на Nisita® спреј за нос?
Кога се користи правилно како што е пропишано во ова упатство, не е потребно да се преземаат посебни мерки на претпазливост. Меѓутоа, после операции или повреди на носот, треба да се консултира лекар пред да се користи Nisita® спреј за нос.
Дали може Nisita® спреј за нос да се користи за време на бременост или доење?
Нема достапни податоци кои укажуваат дека употребата на Nisita® спреј за нос за време на бременост и лактација може да има штетни последици.
Како се користи Nisita® спреј за нос?
Доколку е потребно, возрасни и деца (од 2 години па нагоре): 1-2 прскања во секоја ноздра, неколку пати на ден.
Доенчиња и деца (на возраст до 2 години): 1 прскање во секоја ноздра, неколку пати на ден.
Употреба:
Пред употреба, извадете го заштитното капаче.
Повлечете го надоле неколку пати механизмот на пумпицата додека не излезе првиот млаз од спрејот. Сега спрејот е подготвен за понатамошна употреба.
Вметнете го врвот на апликаторот во ноздрата, а потоа повлечете го механизмот на пумпицата. Притоа, шишето треба да биде во вертикална положба и да не се наведнува главата наназад. Во текот на процесот на распрскување на спрејот, вдишете лесно преку носот. На крајот, механизмот на пумпицата постепено се отпушта и апликаторот нежно се извлекува од ноздрата.
Од хигиенски причини и да се избегне инфекција, шишето Nisita® спреј за нос треба да го користи само една личност. После употреба, апликаторот треба да се избрише и исуши, и да се стави заштитното капаче.
Колку долго може да се користи Nisita® спреј за нос?
Nisita® спреј за нос, по потреба може да се користи подолг временски период. Ако нема подобрување по 14 дена од третманот, ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Кои несакани дејства може да ги има Nisita® спреј за нос?
Ако се користи правилно, како што е пропишано во ова упатство, не се очекува појава на несакани дејства.
На што треба да внимавате?
Nisita® спреј за нос може да се користи само до датумот втиснат на пакувањето.
По првото отворање, Nisita® спреј за нос не смее да се користи повеќе од 6 недели.
Да се чува подалеку од вид и дофат на деца!
Пакување
Пакување со 20 ml раствор.
Производител:
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstr. 3,61138 Нидердорфелден,
Германија
Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија: САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија
Број на решение за запишување во регистарот на медицински средства:
14-6255/2 од 26.07.2023 година
Датум на ревизија на текстот:
Јуни 2023 година
Информација за Nisita® спреј за нос
Слузница на дишните патишта
Дишните патишта се обложени со слузница која овозможува нормално функционирање на дишните органи. Во слузницата на горните дишни патишта има жлездени клетки и влакненца (т.н. цилии). Жлездените клетки лачат течност (секрет) кој го навлажнува воздухот што го вдишуваме (приближно 10.000 литри дневно) а во исто време ја апсорбираат прашината, нечистотијата, бактериите итн. Цилиите со своите континуирани движења ги транспортираат задржаните честички надвор од дишните патишта, према надворешната средина или пак преку грлото во желудникот. Недоволното влакнење на слузницата го пореметува овој процес и со тоа е олеснето навлегувањето на бактерии и нечистотијата, пореметен е и осетот за вкус и мирис, а освен тоа може да дојде и до надразнување на слузницата.
Нашиот нос – функција и задача
Носот има повеќе функции. Покрај тоа што служи како одбрамбена линија од страните тела и штетните микроорганизми, тој служи и како терморегулатор на воздухот кој го вдишуваме, односно во текот на зимата ладниот воздух се загрева и во текот на летото топлиот воздух се лади. На тој начин во белите дробови доаѓа навлажен воздух, со телесна температура, од кој се отстранети прашината и микроорганизмите. Поради оваа причина, воздухот треба секогаш да се вдишува преку носот, а не преку уста. Во случај кога слузницата е исушена, носот не е во состојба да ги изврши своите задачи.
Сува слузница на носот
Претставува чест проблем кој не само што се однесува на сите возрасни групи, но исто така се јавува во текот на целата година. Исушените наслаги во носот (крусти), кои се формираат во тој случај, не се само непријатни, туку може да бидат и болни.
Сувата слузница го нарушува нормалното дишење, чувството за вкус и мирис и го олеснува продорот на страни тела и патогени микроорганизми во дишните органи, со што се зголемува ризикот од инфекции што значително влијае врз квалитетот на животот.
Причини кои доведуваат до сушење на носната слузница
Препораки и третман
Исцелителната моќ на солта (натриум хлорид) се користи од страна на луѓето повеќе стотици години. Познато е дека престојот на море или во бањи со солена вода е корисно за луѓето со заболувања на респираторниот тракт. Солите содржани во спрејот создаваат влажност во носот која се должи на нивниот хигроскопски ефект.
Nisita® спреј за нос има широка примена.
За превенција
За третман
За нега после болест
Покрај Nisita® спреј за нос, може да употребувате и Nisita® маст за нос.
CE
ENGELHARD
NISITAspray-ENG-V03-02.2024
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.