Nisita® маст - Biram zdravlje

Nisita® маст

Побарајте во аптека

Nisita® маста служи за навлажнување на сувата слузница на носот. Обезбедува подолг контакт со мукозната мембрана и заштита подолг временски период.

 

За кого е наменета Nisita® маста?


Nisita® маста може да ја користат доенчиња, деца и возрасни, бремени жени и доилки.

Кога да побарате Nisita® маст во аптека?

Nisita® мастата е добра за употреба кога сакате да ја ублажите непријатноста предизвикана од затнат нос, на пр. при кивање. Престојот во простории со сув воздух (греење или климатизирани простории) предизвикува сувост на носната слузница, затоа е неопходна мастата Nisita® која нежно го навлажнува вашиот нос и го олеснува дишењето. Помага и кога е неопходно да се растворат красти (остатоци од исушена прашина во носот).

Nisita® маста без додадени конзерванси.

Примена и дозирање на Nisita® маста


За сув, иритиран нос, нанесувајте ја мастата Nisita® неколку пати на ден.

1 cm маст истиснете , така што врвот тубата да е што е можно подлабоко во ноздрата. Притиснете ја тубата  за да ја аплицирате маста и со масирање на ноздрите рамномерно распоредете ја на носната слузница.

Nisita® маста може да се нанесе и на внатрешната површина на носот со помош на памук. Постапката може да се повторува неколку пати на ден, а особено се препорачува да се користи пред спиење.

Од хигиенски причини и за да се намали можноста за инфекција, се препорачува тубата да ја користи само едно лице. По употреба, горниот дел од цевката треба да се избрише.

Упатство за производот

Nisita® маст за нос

медицинско средство

Состав:

100 g маст содржи: 2,8 g натриум хлорид и 7,2 g натриум хидрогенкарбонат.

Останати состојки: ланолин алкохол, масло од лимон, бел вазелин, триглицериди со средна должина на ланец, течен парафин, цетостеарил алкохол.

Намена:

Nisita® маст за нос ја штити и хидрира сувата носна слузница и ја поддржува нејзината функција за чистење на носот.

Својства:

Nisita® маст за нос содржи соли на натриум хлорид и натриум хидрогенкарбонат.

Содржината на солта е прилагодена на потребите на носната слузница и ја поддржува нејзината регенерација. Поради осмотскиот притисок и својствата на солта, се создава влажна средина во носот.

Натриум хидрогенкарбонатот, во функција на пуфер ја одржува слабо базната pH вредност, создавајќи оптимални услови за нормално функционирање на цилиите. На тој начин го олеснува функционирањето на носната слузница и ја поддржува нејзината функција за чистење на носот. Поради овие физички својства, Nisita® маст за нос може да се користи во многу различни ситуации за заштита и хидратација на сувата слузница на носот.

Индикации:

За превенција

• Ја штити носната слузница од сушење кога е изложена на сув воздух.
• Ја поддржува нејзината природна функција за чистење на носот.

За третман

• Ја хидрира носната слузница.
• Го олеснува отстранувањето на сувите наслаги и красти во носот.
• Може да го подобри дишењето на нос и да допринесе за намалување на хрчењето.
• Како помошно средство во третман на ринитис.

За дополнителна нега

• Може да придонесе за регенерација на носната слузница по ринитис, крварење од носот и хируршки зафат

Nisita® маст за нос е погодна за примена кај возрасни, деца и доенчиња.

Контраиндикации:

Nisita® маст за нос не смее да се применува во случај на преосетливост на која било од состојките на медицинското средство.

Кога мора да се преземат посебни мерки на претпазливост при употреба на Nisita® маст за нос?

Не се потребни посебни мерки на претпазливост при употреба на Nisita® маст за нос, доколку се користи како што е пропишано во ова упатство. Сепак, по операција или повреда на носот, Nisita® маст за нос треба да се користи само по консултација со лекар.

Бременост и доење:

Нема достапни податоци кои укажуваат дека Nisita® маст за нос не смее да се користи за време на бременост или доење.

Дозирање и времетраење на употребата:

Неколку пати на ден, ставете околу 1 см маст во секоја ноздра.

Врвот на тубата треба да се вметне во ноздрата што е можно подлабоко, истиснете мала количина маст, а потоа нежно да се протрие надворешната површина на носот за рамномерно да се распредели маста низ целата носна празнина.

Nisita® маст за нос може да се нанесе во носот и со помош на стапче со памук. Маста треба да се нанесува неколку пати дневно, а особено пред спиење.

Од хигиенски причини и за да се избегне инфекција, тубата Nisita® маст за нос треба да ја користи само една личност. После секоја апликација на маста, врвот на тубата треба да се избрише.

Nisita® маст за нос може по потреба да се користи и подолг период. Ако и по 14 дена по примена на маста не дојде до подобрување, треба да се обратите кај лекар или фармацевт.

Можни несакани дејства:

Во ретки случаи Nisita® маст за нос може да предизвика блага иритација на носната слузница со чувство на благо печење на местото на употреба.

Многу ретко, ланолин алкохолот и маслото од лимон кои се содржани во маста за нос, може да доведат до појава на хиперсензитивна реакција.

Информации поврзани со рокот на употреба и условите на чување на производот:

Не користите Nisita® маст за нос по истекот на рокот на употреба назначен на кутијата и тубата.

Многу важно:

Чувајте ја Nisita® маст за нос во оригиналното пакување (картонската кутија) со цел да се избегнат можни оштетувања на тубата во текот на секојдневната употреба од страна на пр. остри или тешки предмети.

Nisita® маст за нос содржи мешавина на цврсти и течни масти, кои при непрописно чување (на температура под 15°С или над 25°С) може делумно да се промени. При повисоки температури може да дојде до делумно одвојување на компонентите на маста. Како резултат на тоа, при употребата, низ тубата прво истекува малку масло.

Во случај на чување на пониска температура, може да дојде до стегање на маста и поради тоа, малку потешко да се истиснува маста од тубата.

При истиснување на маста, тубата секогаш притискајте ја од крајот кон врвот, за да се избегне нејзино оштетување (на пр. поради постојано свиткување на тубата).

Исто така, можно е во процесот на полнење на тубата да дојде до задржување на малку воздух. Оваа појава не влијае на ефикасноста на медицинското средство, ниту на количината на маста во тубата.

Производот може да се отстрани во комуналниот отпад.

Да се чува подалеку од вид и дофат на деца!

Кои големини на пакување се достапни?

Пакувањето содржи 10 g маст.

Што значат симболите на пакувањето?

LOT Број на серија
⌛ Рок на употреба
🏭 Датум на производство
📖 Ве молиме да го прочитате Упатството за употреба
15°C–25°C Да се чува на температура (15-25°C)

CE
0297

Производител

Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstrasse 3, 61138 Нидердорфелден,
Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија

САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број нa решение за запишување во регистарот на медицински средства:

14-10359/2 од 17.09.2026 година

Датум на ревизија на текстот:

Август 2026 година

NISITA10g-ENG-V05-09.2026

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Дали трудниците и доилките можат да користат спреј и маст Нисита?

Да, тоа е природен производ без додадени конзерванси, целосно безбеден за бремени жени и доилки, како и за бебиња и доенчиња.

Кој производ е погоден за алергиски ринитис?

Како дополнителна терапија во лекувањето на алергиите се препорачуваат и спреј и маст Нисита. Спреј Нисита ќе помогне да се измијат алергените од носната слузница (ја чисти носната слузница), а употребата на спрејот се препорачува после секој престој на отворен простор. Нисита маста се препорачува да се нанесе пред престој на отворено бидејќи Нисита во форма на маст ќе создаде тенок слој на носната слузница што ќе ја заштити носната слузница од дејството на алергените. Исто така, некои лекови за алергија (иако се неопходни) може да предизвикаат несакани ефекти, на пр. сувост на носната слузница каде од голема помош е мастата Нисита бидејќи го решава проблемот со сува назална слузница. И двете форми може да се користат по потреба, во подолг временски период. Нисита има природен состав и нема додадени конзерванси.

Од која возраст може да се користи маста Нисита кај деца?

Нисита® маста може да се користат од 0 месици.  Погодна е за доенчиња, деца и возрасни, бремени жени и доилки.

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Упатство за производот

Nisita® маст за нос

медицинско средство

Состав:

100 g маст содржи: 2,8 g натриум хлорид и 7,2 g натриум хидрогенкарбонат.

Останати состојки: ланолин алкохол, масло од лимон, бел вазелин, триглицериди со средна должина на ланец, течен парафин, цетостеарил алкохол.

Намена:

Nisita® маст за нос ја штити и хидрира сувата носна слузница и ја поддржува нејзината функција за чистење на носот.

Својства:

Nisita® маст за нос содржи соли на натриум хлорид и натриум хидрогенкарбонат.

Содржината на солта е прилагодена на потребите на носната слузница и ја поддржува нејзината регенерација. Поради осмотскиот притисок и својствата на солта, се создава влажна средина во носот.

Натриум хидрогенкарбонатот, во функција на пуфер ја одржува слабо базната pH вредност, создавајќи оптимални услови за нормално функционирање на цилиите. На тој начин го олеснува функционирањето на носната слузница и ја поддржува нејзината функција за чистење на носот. Поради овие физички својства, Nisita® маст за нос може да се користи во многу различни ситуации за заштита и хидратација на сувата слузница на носот.

Индикации:

За превенција

• Ја штити носната слузница од сушење кога е изложена на сув воздух.
• Ја поддржува нејзината природна функција за чистење на носот.

За третман

• Ја хидрира носната слузница.
• Го олеснува отстранувањето на сувите наслаги и красти во носот.
• Може да го подобри дишењето на нос и да допринесе за намалување на хрчењето.
• Како помошно средство во третман на ринитис.

За дополнителна нега

• Може да придонесе за регенерација на носната слузница по ринитис, крварење од носот и хируршки зафат

Nisita® маст за нос е погодна за примена кај возрасни, деца и доенчиња.

Контраиндикации:

Nisita® маст за нос не смее да се применува во случај на преосетливост на која било од состојките на медицинското средство.

Кога мора да се преземат посебни мерки на претпазливост при употреба на Nisita® маст за нос?

Не се потребни посебни мерки на претпазливост при употреба на Nisita® маст за нос, доколку се користи како што е пропишано во ова упатство. Сепак, по операција или повреда на носот, Nisita® маст за нос треба да се користи само по консултација со лекар.

Бременост и доење:

Нема достапни податоци кои укажуваат дека Nisita® маст за нос не смее да се користи за време на бременост или доење.

Дозирање и времетраење на употребата:

Неколку пати на ден, ставете околу 1 см маст во секоја ноздра.

Врвот на тубата треба да се вметне во ноздрата што е можно подлабоко, истиснете мала количина маст, а потоа нежно да се протрие надворешната површина на носот за рамномерно да се распредели маста низ целата носна празнина.

Nisita® маст за нос може да се нанесе во носот и со помош на стапче со памук. Маста треба да се нанесува неколку пати дневно, а особено пред спиење.

Од хигиенски причини и за да се избегне инфекција, тубата Nisita® маст за нос треба да ја користи само една личност. После секоја апликација на маста, врвот на тубата треба да се избрише.

Nisita® маст за нос може по потреба да се користи и подолг период. Ако и по 14 дена по примена на маста не дојде до подобрување, треба да се обратите кај лекар или фармацевт.

Можни несакани дејства:

Во ретки случаи Nisita® маст за нос може да предизвика блага иритација на носната слузница со чувство на благо печење на местото на употреба.

Многу ретко, ланолин алкохолот и маслото од лимон кои се содржани во маста за нос, може да доведат до појава на хиперсензитивна реакција.

Информации поврзани со рокот на употреба и условите на чување на производот:

Не користите Nisita® маст за нос по истекот на рокот на употреба назначен на кутијата и тубата.

Многу важно:

Чувајте ја Nisita® маст за нос во оригиналното пакување (картонската кутија) со цел да се избегнат можни оштетувања на тубата во текот на секојдневната употреба од страна на пр. остри или тешки предмети.

Nisita® маст за нос содржи мешавина на цврсти и течни масти, кои при непрописно чување (на температура под 15°С или над 25°С) може делумно да се промени. При повисоки температури може да дојде до делумно одвојување на компонентите на маста. Како резултат на тоа, при употребата, низ тубата прво истекува малку масло.

Во случај на чување на пониска температура, може да дојде до стегање на маста и поради тоа, малку потешко да се истиснува маста од тубата.

При истиснување на маста, тубата секогаш притискајте ја од крајот кон врвот, за да се избегне нејзино оштетување (на пр. поради постојано свиткување на тубата).

Исто така, можно е во процесот на полнење на тубата да дојде до задржување на малку воздух. Оваа појава не влијае на ефикасноста на медицинското средство, ниту на количината на маста во тубата.

Производот може да се отстрани во комуналниот отпад.

Да се чува подалеку од вид и дофат на деца!

Кои големини на пакување се достапни?

Пакувањето содржи 10 g маст.

Што значат симболите на пакувањето?

LOT Број на серија
⌛ Рок на употреба
🏭 Датум на производство
📖 Ве молиме да го прочитате Упатството за употреба
15°C–25°C Да се чува на температура (15-25°C)

CE
0297

Производител

Engelhard Arzneimittel GmbH & Co. KG
Herzbergstrasse 3, 61138 Нидердорфелден,
Германија

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р. С. Македонија

САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија

Број нa решение за запишување во регистарот на медицински средства:

14-10359/2 од 17.09.2026 година

Датум на ревизија на текстот:

Август 2026 година

NISITA10g-ENG-V05-09.2026

arrow_circle_down

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.