Prospan® шумливи таблети против кашлица - Biram zdravlje

Prospan® шумливи таблети против кашлица

Побарајте во аптека

Шумливите таблети Prospan® се хербален лек, со пријатен вкус на портокал, кои можат да се растворат во топла или ладна вода. Лесно се користат и се особено практични за луѓе во движење.

Победете ја кашлицата со моќта на природата!

Шумливите таблети Prospan® се користат како експекторанс (за олеснување на искашлувањето) при продуктивна кашлица, кај возрасни, адолесценти и деца на возраст од 6 години и постари.

Тие го разредуваат густиот секрет во дишните патишта, го олеснуваат искашлувањето и на тој начин ја смируваат продуктивната кашлица.

Зошто Prospan® шумливи таблети за кашлица?

Бидејќи Prospan® е број еден  хербален лек во светот и клинички е докажано неговото дејство во лекување на продуктивната кашлица. Шумливите таблети имаат пријатен вкус на портокал кои може да се подготват  во топла или ладна вода. Практични се за носење и се вклопуваат во секој џеб!

Кога да побарате шумливи таблети Prospan® во аптека?

Кога сакате да го разредите насобраниот секрет и да постигнете полесно искашлување.

Колку и на кого се препорачуваат Prospan® шумливите таблети за кашлица?

Деца на возраст од 6-12 години земаат ½ таблета два пати на ден

Возрасните земаат 1 таблета наутро и ½ таблета навечер

Таблетата се раствора во 200 ml топла/ладна вода или чај

Упатство за производот

Prospan® 65 mg шумлива таблета

hederea helicis folium

Пред употреба внимателно прочитајте го ова внатрешно упатство бидејќи содржи важни информации за Вас.

Секогаш земајте го овој лек точно онака како што е наведено во ова упатство или како што Ви кажал Вашиот лекар или фармацевт.

• Сочувајте го упатството. Можеби ќе треба повторно да го прочитате.
• Ако имате дополнителни прашања или Ви треба совет, обратете се кај Вашиот фармацевт.
• Доколку искусите некакви несакани дејства, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт. Ова се однесува и на несаканите дејства кои не се наведени во ова упатство. Видете во делот 4.
• Доколку не се чувствувате подобро, или се чувствувате полошо по третманот од 7 дена, задолжително консултирајте се со Вашиот доктор.

Во ова упатство:

  1. Што е Prospan® шумлива таблета и за што се користи
  2. Што треба да знаете пред употребата на Prospan® шумлива таблета
  3. Како да се употребува Prospan® шумлива таблета
  4. Можни несакани дејства
  5. Како да се чува Prospan® шумлива таблета
  6. Дополнителни информации

Што содржи Prospan® 65 mg шумлива таблета

Активна супстанција е: сув екстракт од листови на бршлен (Hedera helix L.).

Една шумлива таблета содржи 65 mg сув екстракт од листови на бршлен (Hedera helix L.) (5 – 7,5 : 1).

Растворувач за екстракција: етанол 30% (w/w).

Ексципиенси се: безводна лимонска киселина; натриум хидроген карбонат; безводен натриум карбонат; манитол; симетикон; сахарин натриум;, натриум цикламат; натриум цитрат; сорбитол; триглицериди со средно долги синџири; макроглицерол хидроксистеарат, арома на портокал (содржи лактоза).

Секоја шумлива таблета содржи 382 mg јаглехидрати (што кореспондира на 0,03 ЛЕ).

Лекот Prospan® шумливите таблети се лек на растителна основа што се користи како експекторанс (за олеснување на искашлувањето) при продуктивна кашлица кај возрасни, адолесценти и деца на возраст од 6 години и постари.

Лекот Prospan® шумливите таблети го разградува густиот слуз во дишните патишта, го олеснува искашлувањето и така ја смирува продуктивната кашлица.

Не смеете да го употребувате лекот Prospan® шумлива таблета:

  • Доколку сте алергични (пречувствителни) на бршлен или било која друга помошна супстанција на овој лек, наведени погоре.
  • Лекот Prospan® шумлива таблета не смее да го употребуваат деца на возраст под 2 години поради ризикот од влошување на респираторните симптоми.

Предупредувања и мерки на претпазливост

Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред употребата на лекот Prospan® шумлива таблета.

Постојаната или повторлива кашлица кај деца на возраст од 2-4 години бара поставување на дијагноза пред да се започне со терапија.

Во случај да се појави отежнато дишење, треска или гноен искашлок, потребно е да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт.

Истовремената употреба со антитусици (лекови кои ја смируваат кашлицата), како кодеин или декстрометорфан не се препорачува без претходна консултација со лекар.

Потребна е внимателна употреба кај пациенти со гастритис или чир на желудникот.

Треба внимателно да се разгледаат информациите дадени во делот „Можни несакани дејства“.

Деца

Prospan® шумливите таблети не смеат да ги користат деца до 6 годишна возраст; видете и во делот Не смеете да го употребувате лекот Prospan® шумлива таблета. За употреба кај деца на возраст од 2 до 6 години посоодветни се други фармацевтски облици на овој лек (сируп, перорални капки); обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Други лекови и Prospan® шумлива таблета

Ве молиме да го известите Вашиот лекар или фармацевт ако користите или скоро сте користеле други лекови, или може ќе користите било кои други лекови, вклучувајќи и лекови кои се набавуваат без лекарски рецепт. Не се направени испитувања за интеркции со други лекови. До сега не се познати интеракции со други лекови.

Земање на Prospan® шумлива таблета со храна или пијалок

До сега не е познато дека некоја храна или пијалок влијае на дејството на Prospan® шумлива таблета.

Бременост и доење

Доколку сте бремени или доите, доколку мислите дека сте бремени или планирате бременост, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт за совет пред употребата на овој лек.

Употребата на Prospan® шумлива таблета за време на бременост и доење не се препорачува поради недоволни податоци за употреба на екстракт од лист на бршлен кај бремени жени и доилки.

Возење и управување со машини

Не се спроведени студии за влијанието врз способностите за возење и управување со машини.

Prospan® шумлива таблета содржи манитол, сорбитол, лактоза (арома), натриум.

Секоја шумлива таблета содржи 6,58 mmol (или 151,33 mg) натриум. Посебна претпазливост се советува кога се користи кај пациенти кои се на диета која го контролира внесот на натриум (храна со малку натриум и малку сол).

Аромата на овој лек содржи лактоза. Секоја шумлива таблета содржи 29,7 mg лактоза. Исто така овој лек содржи сорбитол.

Ако вашиот лекар ви кажал дека имате нетолеранција на некои шеќери, контактирајте го Вашиот лекар пред да го земете овој лек.

Секогаш употребувајте ги Prospan® шумливите таблети според препораките на Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт.

Освен доколку Вашиот лекар не Ви препише поинаква доза, вообичаената доза е:

Возраст Единечна доза Вкупна дневна доза
Адолесценти (деца од 12 години и постари), возрасни и постари Наутро: 1 шумлива таблета (што кореспондира на 65 mg сув екстракт од листови на бршлен) Навечер: ½ шумлива таблета (што кореспондира на 32,5 mg сув екстракт од листови на бршлен) 1 х 1 шумлива таблета и 1 х ½ шумлива таблета што кореспондира на 97,5 mg сув екстракт од листови на бршлен
Деца на 6-11 години ½ шумлива таблета (што кореспондира на 32,5 mg сув екстракт од листови на бршлен) 2 х ½ шумлива таблета што кореспондира на 65 mg сув екстракт од листови на бршлен

Начин на употреба:

Шумливите таблети се земаат откако ќе се растворат во вода.

Шумливите таблети може да се скршат на половина.

Растворете ги шумливите таблети во чаша вода (околу 100-200 ml) и испијте го растворот наутро и навечер.

За растворање на таблетите може да се користи и топла и студена вода.

Времетраење на употреба

Должината на лекувањето зависи од природата и сериозноста на Вашата состојба. Меѓутоа, дури и во случај на благо воспаление на респираторниот тракт, лекувањето треба да трае најмалку една недела. Доколку симптомите продолжат повеќе од една недела за време на употребата на овој лек, мора да се консултира лекар или фармацевт.

Ако имате впечаток дека ефектот на Prospan® шумливите таблети е премногу силен или слаб, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте земале повеќе Prospan® шумлива таблета отколку што треба

Не земајте повеќе од препорачаната дневна доза. Земањето на дози поголеми од препорачаната може да доведе до гадење, повраќање, пролив или вознемиреност. Во овој случај, треба да се советувате со Вашиот лекар или фармацевт, кој ќе одлучи за понатамошната терапија.

Пријавен е еден случај на предозирање кај четиригодишно дете, манифестирано со агресија и дијареа (пролив), по случајна ингестија на екстракт од бршлен во количина што одговара на 1,8 g од растителната супстанца.

Ако сте заборавиле да земете Prospan® шумлива таблета

Не земајте двојна доза за да ја надополните пропуштената доза.

Едноставно продолжете да ги земате Prospan® шумливите таблети како што Ви препишал лекарот или според упатството.

Ако имате дополнителни прашања за употребата на лекот, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

4. Можни несакани дејства

Како и сите лекови, Prospan® шумлива таблета може да предизвика несакани дејства, иако не мора да се појават кај сите пациенти кои го употребуваат овој лек.

Многу чести несакани дејства (може да се појават кај повеќе од 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот):

Вообичаени несакани дејства (може да се појават до 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот):

Невообичаени несакани дејства (може да се појават до 1 на 100 пациенти кои го земаат лекот):

Ретки несакани дејства (може да се појават до 1 на 1.000 пациенти кои го земаат лекот):

Многу ретки несакани дејства (може да се појават до 1 на 10.000 пациенти кои го земаат лекот):

Непознато: не може да се процени од достапните податоци.

Непозната фреквенција:

Може да се појават алергиски реакции како што се отежнато дишење, осип и уртикарија.

Гастроинтестинални проблеми како што се гадење, повраќање и дијареа може да се појават кај чувствителни лица.

Ако некој од несаканите дејства стане сериозно или ако забележите какви било несакани дејства кои не се наведени во ова упатство, ве молиме да го известите Вашиот лекар или фармацевт.

Известување за несакани дејства

Ако имате несакани ефекти, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт. Ова вклучува какви било можни несакани ефекти што не се наведени во ова упатство. Исто така, можете да ги пријавите несаканите ефекти од лековите во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/. Со пријавување на несакани ефекти може да помогнете во обезбедување на повеќе информации за безбедноста на овој лек.

Да се чува на места надвор од вид и дофат на деца!

Не го користете Prospan® шумлива таблета по рокот на употреба назначен на внатрешното и надворешното пакување. Рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Да се чува на температура до 25°С.

Неупотребливите лекови се предаваат во аптека во која е истакнато известување дека во таа аптека се собираат неупотребливите лекови од граѓаните. Неупотребливите лекови не смеат да се фрлаат во отпадната вода или домашниот отпад. Овие мерки ќе помогнат да се заштити животната средина.

6. Дополнителни информации

Како изгледа Prospan® шумлива таблета и содржината на пакувањето

Шумлива таблета

Мраморна, фасетирана, мазна, округла шумлива таблета со светло кафена боја, со делбена црта од едната страна. Таблетата може да се подели на еднакви дози. Растворот (1 таблета + 200 mL вода) е благо заматен, со жолтеникаво-зелена боја и пријатен сладникав вкус на портокал.

Внатрешното пакување е алуминиумска лента која содржи 2 шумливи таблети. Надворешното пакување е картонска кутија што се склопува, која содржи 5 алуминиумски ленти (вкупно 10 шумливи таблети) и Упатство за употреба.

Број и датум на одобрение за ставање на лекот во промет:
11-6278/2 од 13.08.2021

Начин на издавање:
Лекот може да се издава и/или да се продава, без рецепт (БР).

Производител: Engelhard Arzneimittel GmbH & Co.KG
Herzbergstr.3, 61138 Niederdorfelden, Германија

Носител на одобрение за ставање на лекот во промет:
САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26,
1000 Скопје, Р. Северна Македонија

Датум на последна ревизија на упатството:
Април, 2024

PROSPANeff-ENG-V02-11.2024

arrow_circle_down

Прашања и Одговори

Детето има проблем со секрет кој се задржува и доведува до воспаление на увото. Има чести инфекции на увото, но нема кашлица. Лекарот му препиша Prospan

Prospan е секретолитик и често го препорачуваат лекарите за секреторен отитис, бидејќи имаат добро искуство.

Може ли да му дадам на своето дете Prospan за кашлица, иако зема антихистаминици?

Да, Проспан е лек кој не покажува интеракции со антихистаминици.

Дали сирупот Prospan содржи шеќер?

Не, сирупот Prospan не содржи шеќер.

expand_circle_right Видете ги сите прашања

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.