Vagisan млечна киселина, вагитории за вагинална употреба. - Biram zdravlje

Vagisan млечна киселина, вагитории за вагинална употреба.

Побарајте во аптека

Вагиториите Vagisan млечна киселина се користат за одржување и обновување на физиолошката pH-вредност на вагината, како и за спречување повторливи вагинални инфекции. Погодни се како дополнителна терапија за регулирање на содржината на млечна киселина кај лица склони кон чести вагинални инфекции.

Регулирањето на киселоста на вагиналната средина со млечна киселина го поттикнува растот на „добрите“ лактобацили и го забавува растот на штетните патогени.

Зошто да ги изберете вагиториите Vagisan?

  • Содржат млечна киселина и натриум лактат, кои овозможуваат постигнување стабилна, физиолошка pH-вредност на интимната регија.
  • Брзо и ефикасно ја закиселуваат вагиналната средина (за околу 30 минути).
  • Го поддржуваат растот на лактобацилите, кои се важни за здрава вагинална флора.
  • Создаваат неповолни услови за развој на патогени бактерии.
  • Може да се користат за време на бременост и доење.
  • Без хормони, без контраиндикации.
  • Безбедни се за долготрајна употреба.

Во кои ситуации може да помогнат вагиториите Vagisan?

  1. При превенција на повторливи вагинални инфекции (бактериска вагиноза, неспецифичен вагинитис).
  2. Како дополнителна терапија покрај лековите за вагинална инфекција. Студиите покажуваат дека без дополнителна терапија, кај околу 50% од жените инфекцијата повторно се јавува во рок од 90 дена по завршувањето на антибиотскиот третман (Decena et al., J Obstet Gynaecol Res, 2006).
  3. За обновување на вагиналната флора по употреба на антибиотици.
  4. По менструација или сексуален однос, кај жени склони кон инфекции.
  5. За време на бременост, во согласност со упатството за употреба (безбедно за употреба).
  6. Како превенција кај жени со нарушена вагинална флора за време на доење.
  7. Како поддршка за одржување на физиолошката вагинална pH-вредност.

Како се употребуваат вагиториите Vagisan млечна киселина?

Навечер, пред спиење, ставете една вагиторија што е можно подлабоко во вагината (претходно благо навлажнете ја вагиторијата под млаз проточна вода за полесно внесување).

Се препорачува употреба на дневни влошки поради високата растворливост на вагиторијата, бидејќи при употребата може да се појави зголемен исцедок.

Најчесто се користат 5–7 дена, но вагиториите Vagisan млечна киселина може да се користат и 2–3 пати неделно во подолг период (по една вагиторија навечер).

Упатство за производот

Драги кориснички!

Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, бидејќи содржи информации кои треба да ги имате предвид кога ќе го користите ова медицинско средство. Чувајте го ова упатство. Можеби ќе сакате подоцна повторно да го прочитате. Доколку имате дополнителни прашања, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Vagisan млечна киселинa

- упатство за употреба -

Вагиторија за одржување и повторно воспоставување на природните нивоа на pH вредност во вагината преку зголемување на киселоста со млечна киселина

Име на производот на блистер фолијата: Milchsäure | Lactic Acid

Состав

Млечна киселина, натриум лактат, макрогол 1500, макрогол 6000,.

Една вагиторија содржи 167 mg млечна киселина и 100 mg раствор на натриум лактат, што одговара на количината од вкупно 190 mg млечна киселина без вода. Вагисан млечната киселина е гинеколошки тестирана. Вагиториите се без конзерванси, бои, мириси или супстанции од животинско потекло.

Индикации за употреба

Вагисан млечна киселина се користи за одржување и повторно воспоставување на природните нивоа на pH вредност во вагината. Користењето на млечна киселина за зголемување на киселоста на вагиналната флора го потпомага развојот на бактериите што типично се среќаваат во вагината (лактобацили што произведуваат млечна киселина = млечно киселински бактерии), а истовремено има негативен ефект врз развојот на микроби кои предизвикуваат болести. Поради тоа, Вагисан млечна киселина може да се користи за превенција на вагинални инфекции кај жените кои се склони кон такви состојби и како додаток во терапијата со лекови во случај на вагинална инфекција.

Информации за производот

Вагисан млечна киселина се состои од вагитории кои содржат мешавина од млечна киселина и натриум лактат. Вагиториите може да се користат за одржување или регулирање на природното ниво на pH вредност во вагината

  • кај возрасни жени
  • кај доилки
  • кај трудници и девојчиња по консултација со лекар.

Кај жени кои се склони кон вагинални инфекции може безбедно да се администрира превентивен долгорочен третман (види „Начин на употреба на Вагисан”).

Што треба да знаете за млечната киселина и вагиналните инфекции

Клетките во внатрешноста на вагиналниот ѕид содржат шеќер кој се ослободува за време на лупењето на нормалните клетки. Млечно-киселинските бактерии во вагината го разградуваат тој шеќер во млечна киселина. Доколку има доволна присутност на млечна киселина, вагиналната флора е природно кисела средина со pH вредност од 3,8 – 4,4. Тоа се негативни услови за развојот на несаканите бактерии. Оттука киселата вагинална средина помага во превенција на бактериските инфекции. Киселоста на вагиналната средина може да биде нарушена од страна на различни надворешни фактори, при што pH вредноста се зголемува над 4,5. Можните фактори ги вклучуваат телесните секрети како менструално крварење или семена течност, намален број на лактобацили како резултат од земање антибиотици, променливи нивоа на хормони за време на бременоста, доењето или како резултат од земањето на женски полови хормони. Во таквите услови олеснет е развојот на несакани микроби во вагината.

Овие микроби може да потекнуваат од пределот околу влезот во вагината (нa пр. аналниот предел) и од таму да навлезат во вагината, или пак, може да бидат пренесени со сексуални односи.

Потоа, овие микроби може да се намножат и да ја потиснат природната лактобацилна флора што може да доведе до вагинални инфекции.

Кај жените кои се склони кон повторени вагинални инфекции, вагиналната употреба на млечна киселина може во многу случаи да го потпомогне авто- регулирањето на киселите pH вредности.

Начин на употреба на Вагисан млечна киселина

Внесете една вагиторија дневно, навечер пред спиење. Треба да ја внесете што е можно подлабоко во вагината. Тоа најлесно ќе го направите ако легнете на грб со благо подигнати нозе.

уретер  вагинален влез  анус

За да ја извадите вагиторијата од заштитната лента, најпрво одвојте една вагиторија по должина на перфорацијата од останатите вагитории во лентата. Фатете ја фолијата на врвот, веднаш до “V” пресекот на фолијата.

  1. Скинете ја фолијата со повлекување вертикално надолу.

  2. Потоа, истиснете ја вагиторијата од блистер фолијата. Доколку вагината е релативно сува, пред да се внесе во вагината, вагиторијата може да се навлажни под млаз вода за да се олесни нејзиното внесување. Бидејќи вагиториите се растопуваат извонредно добро, Ве молиме носете тенка влошка за време на употребата, затоа што повремено може да се јави воденикав исцедок.

Времетраењето на администрацијата е генерално околу 5-7 дена. За редовно одржување на нормална pH вредност во вагината, како на пример кај жени кои се склони кон вагинални инфекции, Вагисан млечна киселина исто така може безбедно да се користи два до три пати неделно во текот на еден подолг период.

Упатство за употреба за време на бременост и доење

Во принцип, Вагисан млечна киселина може да се употребува за време на бременост и доење. Но, на трудниците со вагинални симптоми им се советува да се консултираат со својот лекар.

Можни несакани дејства

Во ретки случаи може да дојде до локална иритација на кожата (на пример, црвенило, пецкање, свраб).

Во ретки случаи, може да дојде до алергиски реакции, вклучувајќи и анафилактички реакции.

Доколку забележите некои други несакани дејства, Ве молиме обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.

Од Вас се бара, сите несакани дејства да ги пријавите кај производителот и кај надлежниот орган во Вашата земја.

Предозирање

Не се очекува појава на штетни ефекти при пречекорување на препорачаната доза во упатството за употреба. Но сепак, предозирањето може да доведе до засилена вагинална секреција и иритација на вагината.

Интеракции со други производи

Не се очекува интеракција на Вагисан млечната киселина и другите производи кои се употребуваат исклучиво за надвор од интимното подрачје.

Но, Вагисан млечната киселина не смее да се употребува истовремено со други производи кои се употребуваат интравагинално. Помеѓу употребата на два вагинални производи мора да се остави доволно долг интервал (на пример 24 часа)

Ограничувања на употребата

Девојчиња може да користат Вагисан млечна киселина само откако ќе се советуваат со лекар, бидејќи до сега, не се стекнати доволно искуства за да се препорача употребата кај деца. Не се препорачува употребата на Вагисан млечна киселина за време на менструалниот период. Тие денови третманот треба да се прескокне. Доколку во моментот имате вагинална инфекција (на пример, засилен исцедок, исцедок со непријатен мирис, свраб и пецкање кај вагиналниот влез), треба да се советувате со лекар пред употребата на Вагисан млечна киселина, за да можат да се воспостави дијагноза врз основа на Вашите симптоми и да се одреди соодветна терапија. Можеби Ви се потребни лекови или може да е потребен третман и за Вашиот партнер исто така.

Доколку за време на употребата на Вагисан млечна киселина Вашите вагинални симптоми се влошат или не се подобрат во рок од 8 дена, треба да прекинете со употребата на производот и да се советувате со лекар. Вагисан млечната киселина не смее да се употребува веднаш по породувањето.

Вагисан млечна киселина не смее да се користи во случаи кога е позната хиперсензитивност кон било која од состојките.

Предупредување во врска со употребата заедно со презервативи

Отпорноста кон пукање на презервативите или дијафрагмата може да биде намалена кога се употребуваат истовремено со Вагисан млечна киселина.

Останати предупредувања

Вагисан млечна киселина не содржи спермициди (супстанции кои ја убиваат машката сперма), не пружа заштита против несакана бременост. Влијанието на вагиториите врз спермата не е испитано, поради тоа нема податоци за употреба на Вагисан млечна киселина кај жени кои сакаат да забременат.

Предупредувања во случај на оштетување на производот

Доколку е оштетена лентата со вагитории или забележите некоја промена во изгледот на вагиториите, немојте да го користите производот и информирајте го производителот.

Начин на чување и рок на употреба

Чувајте го Вагисан млечна киселина надвор од вид и дофат на деца.

Да не се употребува Вагисан млечна киселина по истекување на рокот на употреба кој е обележан на лентата и странично на надворешната кутија по симболот ⌛. Датумот на истекот рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец. За овој производ не се потребни никакви специјални услови на чување.

Отстранување

Доколку Вагисан млечната киселина веќе не Ви е потребна, вагиториите можат да се фрлат заедно со домашниот отпад

Големина на пакувањето

Пакување од 7 вагитории за вагинална употреба.

Производител

Dr. August Wolff GmbH & Co. KG Arzneimittel,
Sudbrackstraße 56, 33611 Bielefeld, Germany, Тел.:
+49 521 8808-05 , Факс: +49 521 8808-334
E-маил: aw-info@drwolffgroup.com www.vagisan.com

Носител на решение за запишување во регистарот на медицински средства во Р.С. Македонија: САЛВЕО ДООЕЛ, ул. Васил Ѓоргов бр. 19/2-26, 1000 Скопје, Р.С. Македонија.

Број на на решение за запишување во регистарот на медицински средства во РСМ: 14-3995/2 од 14.04.2026 година

Медицинско средство

CE 0483 DR WOLFF Произведено во Германија

Датум на ревизија на текстот: Март, 2026 година

Значење на симболите на пакувањето и лентата:

LOT ⌛ CE 📖ⓘ MD
Број на серија Датум на истекување на рокот на употреба CE ознака Ве молиме придржувајте се на приложеното упатство Медицинско средство

VAG7-Wolff-V05-04.2026

arrow_circle_down

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.