Прашокот Tyrosur® е идеален за рани кои влажнат. Прашокот Tyrosur® не создава грутки, лесно се нанесува без да се допира повредениот дел.
Активната состојка во Tyrosur® прашокот: тиротрицин (INN: Tyrothricinum).
Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го користите овој лек, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас.
Секогаш применувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што Ви објаснил Вашиот лекар или фармацевт или медицинска сестра.
• Зачувајте го упатството. Може ќе биде потребно повторно да го прочитате.
• Ако имате дополнителни прашања или Ви треба совет, консултирајте се со фармацевт.
• Доколку Ви се појави какво било несакано дејство, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт или медицинска сестра. Ова вклучува и кое било несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Видете го дел 4.
• Доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо по 7 дена, морате да се консултирате со Вашиот лекар.
Во ова упатство ќе прочитате:
Лекот Tyrosur Powder ја содржи активната супстанција тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална примена. Лекот Tyrosur Powder се користи за лекување мали површински и релативно влажни рани како што се исеченици, гребаници и одрани места со присутна суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин.
Лекот Tyrosur Powder не смеете да го користите:
• ако сте алергични (пречувствителни) на тиротрицин или на која било од помошните супстанции на овој лек (наведени во дел 6).
Предупредување и мерки на претпазливост
Разговарајте со својот лекар или фармацевт пред да го користите лекот Tyrosur Powder.
Други лекови и лекот Tyrosur Powder
Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до неодамна сте земале или можеби ќе земате некои други лекови, вклучувајќи ги и оние што можат да се набават без лекарски рецепт.
Влијанието на другите лекови врз дејството на лекот Tyrosur Powder не е познато. Не е познато дали лекот Tyrosur Powder влијае врз дејството на кој било друг лек.
Примена на лекот Tyrosur Powder со храна и пијалаци
Не е применливо.
Бременост и доење
Бременост
Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Не се достапни податоци за безбедноста на примање на лекот Tyrosur Powder во текот на бременоста. Не е познато во која мера тиротрицин, активната состојка на лекот, поминува низ кожата и влегува во крвотокот.
Доколку сте бремени, лекот Tyrosur Powder би требало да го користите само:
• кратко време
• на мала површина
• и само по препорака на лекар.
Доење
Не е познато дали тиротрицин, активната состојка на лекот, се излачува во мајчиното млеко. Доколку доите, немој да го ставате лекот Tyrosur Powder на дојките и би требало да го користите само:
• кратко време
• на мала површина
• и само по препорака на лекар.
Водете сметка Вашето бебе да не дојде во контакт со третираните делови од кожата.
Управување со возила и ракување со машини
Не се потребни посебни мерки на претпазливост при управување со возила и ракување со машини.
Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви објаснил Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, проверете со Вашиот лекар или фармацевт.
Лекот Tyrosur Powder е наменет за возрасни лица и деца на возраст од 1 година и постари.
Освен ако Вашиот лекар не пропишал поинаку, следи вообичаената доза за возрасни и деца:
Лекот Tyrosur Powder треба лесно да се нанесе 1-2 пати дневно, со тенок слој да ги покрие повредените делови од кожата и, доколку е потребно, да се покрие со завој.
Начин на примена:
За надворешна примена на кожа.
Времетраењето на лекување од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, морате да се консултирате со лекар.
Ако мислите дека дејството на лекот е прејако или преслабо, веднаш да се консултирајте со лекар.
Ако сте примениле повеќе од лекот Tyrosur Powder отколку што треба
Не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекување како што е горе опишано. Ако, и покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте со се Вашиот лекар.
Ако сте заборавиле да го примените лекот Tyrosur Powder
Продолжете со лекување како што е горе опишано.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Ако нагло престанете да го применувате лекот Tyrosur Powder
Времетраењето на лекувањето зависи од сериозноста и клиничката слика. Доколку престанете со лекување со лекот Tyrosur Powder нема да го постигнете посакуваното дејство.
Ако имате дополнителни прашања за примена на овој лек, консултирајте со Вашиот лекар или фармацевт.
Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани дејства, иако тие не мора да се јават кај сите пациенти кои го земаат овој лек.
Многу ретки несакани дејства (можат да се јават кај најмногу 1 на 10000 пациенти кои го земаат лекот): реакција на пречувствителност
Доколку кај Вас се развие реакција на пречувствителност, треба веднаш да престанете со употреба на лекот Tyrosur Powder и да се консултирате со Вашиот лекар.
Пријавување на несакани дејства
Ако забележите какво било несакано дејство, треба да го известите Вашиот лекар или фармацевт. Тоа го вклучува и секое можно несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Несаканите дејства од лековите може да ги пријавите и во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/.
Со пријавување на несаканите дејства можете да допринесете за процената на безбедноста на овој лек.
Лекот да се чува надвор од видик и дофат на деца.
Не смеете да го користите лекот Tyrosur Powder по истекот на рокот на употреба означен на надворешното пакување и на шишето по ознаката „Важи до“: Датумот на истек на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец. Овој лек не бара посебни услови за чување.
Рок на употреба по првото отворање: 3 месеци, на температура од 25°C. По употреба добро затворете го шишето.
Неупотребливите лекови се предаваат во аптека во која е истакнато известување дека во таа аптека се собираат неупотребливи лекови од граѓаните. Неупотребливите лекови не смеат да се фрлаат во канализација или заедно со комуналниот отпад. Овие мерки ќе помогнат во заштита на животната средина.
Што содржи лекот Tyrosur Powder
Активната супстанција е тиротрицин.
Еден g прашок содржи 1 mg тиротрицин.
Помошни супстанции се: лактоза, монохидрат, макрогол 6000; силициум диоксид, колоиден, безводен.
Како изгледа лекот Tyrosur Powder и содржина на пакувањето
Прашок за кожа. Бел прашок.
Внатрешното пакување на лекот е бело непроѕирно полиетиленско шишенце (HDPE) со безбоен полиетиленски перфориран чеп (LDРЕ) и бело полиетиленско капаче (HDPE). Шишенцето содржи 5 g прашок.
Надворешното пакување на лекот е картонска кутија која содржи едно шишенце од 5 g прашок и Упатство за лекот.
Производител
ENGELHARD ARZNEIMITTEL GMBH & CO.KG
Herzbergstrasse 3, Niederdorfelden, Германија
Датум на последна ревизија на упатството: Aвгуст 2024 год.
Начин на издавање на лекот
Лекот се издава во аптека без рецепт (БР).
Носител на одобрение за увоз:
СЕПТИМА ДООЕЛ – Скопје,
бул. 3-та Македонска бригада бр. 92, 1000 Скопје, Р.С.Македонија
TYROSURprasok-ENG-V02-05.2026
Дали е потребен рецепт за Tyrosur?
Не ви е потребен рецепт за да купите Tyrosur, можете да го купите во најблиската аптека.
Како се толерира Tyrosur, дали има несакани ефекти?
Tyrosur многу добро се поднесува. Бидејќи е локален антибиотик, тој делува на местото на апликација и не делува системски. Активната супстанција тиротрицин не се ресорбира во телото. Многу ретко може да се појават реакции на преосетливост, т.е. чувство на печење на кожата.
Дали прашокот Tyrosur може да се користи на рани од декубитус?
Декубитусните рани се хронични рани кои бараат посебен третман и медицински совет. Не го препорачуваме Tyrosur за вакви рани.
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.Внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го користите овој лек, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас.