Tyrosur® гелот за рана пријатно ја лади раната и добро се поднесува. Има безбојна боја, лади и брзо се впива. Спречува инфекција и го забрзува заздравувањето на раните.
Tyrosur® гел - обезбедува влажни услови за заздравување на раната. Влажната средина ја намалува болката, го подобрува естетскиот исход на заздравувањето и го намалува ризикот од инфекција на раната.
Tyrosur® гелот е достапен во пакувања од 15g и се користи за:
Лекот е наменет за возрасни и деца на возраст од 1 година и постари.
TYROSUR Gel / ТИРОСУР Гел
1 mg/g гел
tyrothricin
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го употребувате лекот, бидејќи содржи важни информации за Вас.
Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што Ви објаснил Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
Во ова упатство ќе прочитате:
1. Што претставува лекот Tyrosur Gel и за што се употребува
Лекот Tyrosur Gel ја содржи активната супстанција тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална употреба. Лекот Tyrosur Gel се користи за лекување мали површински и умерено влажни рани, како што се исеченици, гребаници и одрани места со присуство на суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин.
2. Што треба да знаете пред да го употребите лекот Tyrosur Gel
Лекот Tyrosur Gel не смее да се употребува:
Предупредувања и мерки на претпазливост
Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите лекот Tyrosur Gel.
Потребна е посебна претпазливост при нанесување на лекот во пределот блиску до очите. Лекот не смее да дојде во допир со очите. Доколку лекот дојде во допир со очите, може да предизвика чувство на печење.
Други лекови и Tyrosur Gel
Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до скоро сте земале или можеби ќе земате какви било други лекови, вклучувајќи ги и оние што можат да се купат без лекарски рецепт.
Не е познато влијанието на другите лекови врз дејството на лекот Tyrosur Gel.
Не е познато дали Tyrosur Gel влијае врз дејството на кој било друг лек.
Употреба на лекот Tyrosur Gel со храна и пијалаци
Не е применливо.
Бременост, доење и плодност
<u>Бременост</u>
Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Не се достапни податоци за безбедноста при употреба на лекот Tyrosur Gel во текот на бременост. Потенцијалниот ризик за луѓе е непознат поради недостиг на студии на животни. Поради тоа не се препорачува употреба на лекот Tyrosur Gel во текот на бременоста.
<u>Доење</u>
Не е познато дали тиротрицинот или цетилпиридиниум-хлорид се излачуваат во мајчиното млеко. Затоа не се препорачува употреба на лекот Tyrosur Gel во периодот на доење.
Управување со возила и ракување со машини
Не се потребни посебни мерки на претпазливост при управување со возила и ракување со машини.
Лекот Tyrosur Gel содржи пропиленгликол.
Tyrosur Gel содржи пропиленгликол кој може да предизвика иритација на кожата.
3. Како се употребува лекот Tyrosur Gel
Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви објаснил Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Лекот Tyrosur Gel е наменет за возрасни лица и за деца на возраст од 1 година и постари.
<u>Доколку Вашиот лекар не пропишал поинаку, следната доза е вообичаена за возрасни и деца:</u>
Лекот Tyrosur Gel се нанесува 2-3 пати дневно во доволна количина за целосно да ги покрие повредените делови од кожата.
Кај помали рани или воспаление на кожата на откриените делови на телото, не е неопходна употреба на завој.
Во случај на поголеми рани или многу влажни рани, се препорачува употреба на заштитен завој, кој треба да се менува по 1-2 дена или според упатството на лекарот.
<u>Начин на примена:</u>
За надворешна употреба на кожа.
Времетраењето на лекувањето зависи од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, мора да се консултирате со лекар.
Ако мислите дека дејството на лекот е пресилно или преслабо, веднаш консултирајте се со лекар.
Ако сте примениле повеќе од лекот Tyrosur Gel отколку што треба
Не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекувањето како што е опишано погоре. Ако, покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте се со Вашиот лекар.
Ако сте заборавиле да го примените лекот Tyrosur Gel
Продолжете со лекувањето како што е опишано погоре.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Ако нагло престанете да го применувате лекот Tyrosur Gel
Доколку престанете со лекување со лекот Tyrosur Gel, нема да го постигнете посакуваното дејство.
Ако имате дополнителни прашања за примена на овој лек, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
4. Можни несакани дејства
Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани дејства, иако тие не мора да се појават кај сите пациенти кои го земаат овој лек.
Зачестеноста на појавувањето на несаканите дејства се класифицира како:
Многу чести несакани дејства (може да се јават кај повеќе од 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Чести несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Помалку чести несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 100 пациенти кои го земаат лекот)
Ретки несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 1000 пациенти кои го земаат лекот)
Многу ретки несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 10000 пациенти кои го земаат лекот)
Непозната зачестеност: не може да се процени врз основа на достапните податоци.
<u>Нарушувања на кожата и поткожното ткиво</u>
Многу ретки: реакции на пречувствителност како што е чувство на печење на кожата.
Доколку некое несакано дејство стане сериозно или забележите некое несакано дејство што не е наведено во ова упатство, Ве молиме за тоа да го известите Вашиот лекар или фармацевт.
Пријавување на несакани дејства
Ако забележите какво било несакано дејство, треба да го известите Вашиот лекар или фармацевт. Тоа го вклучува и секое можно несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Несаканите дејства од лековите може да ги пријавите и во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/.
Со пријавување на несаканите дејства можете да допринесете за процената на безбедноста на овој лек.
5. Како да се чува лекот Tyrosur Gel
Лекот чувајте го надвор од вид и дофат на деца.
Не смеете да го користите лекот Tyrosur Gel по истекот на рокот за употреба наведен на надворешното пакување и на шишето по ознаката: „Важи до“. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Лекот се чува на температура до 25°C.
Рок на употреба по првото отворање: лекот може да се употребува најмногу 3 месеци.
Неупотребливите лекови се предаваат во аптеката во која е истакнато известување дека во таа аптека се собираат неупотребливи лекови од граѓаните. Неупотребливите лекови не смеат да се фрлаат во канализација или заедно со комуналниот отпад. Овие мерки ќе помогнат за заштита на животната средина.
6. Содржина на пакувањето и останати информации
Што содржи лекот Tyrosur Gel
Активната супстанца е тиротрицин.
Еден g гел содржи 1 mg тиротрицин.
Помошни супстанции се: цетилпиридиниум-хлорид; пропиленгликол; етанол (96%); карбомер; трометамол; вода, прочистена.
Како изгледа лекот Tyrosur Gel и содржина на пакувањето
Гел.
Безбоен, опалесцентен, вискозен гел за надворешна употреба.
Tyrosur Gel, гел, 1 x 15g:
Внатрешното пакување на лекот е цилиндрична алуминиумска туба со бел полиетиленски затворач. Тубата содржи 15 g гел.
Надворешното пакување на лекот е картонска кутија во која се наоѓа една туба со 15 g гел и упатство за лекот.
Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co.KG
Herzbergstrasse 3, Niederdorfelden, Германија
Датум на последна ревизија на упатството: Март 2023 год.
Начин на издавање на лекот
Лекот се издава без рецепт (БР).
Носител на одобрение за увоз:
СЕПТИМА ДООЕЛ – Скопје, бул. 3-та Македонска бригада бр. 92, 1000 Скопје, Р.С.Македонија
TYROSURgel-ENG-V02-06.2024
Дали е потребен рецепт за Tyrosur?
Не ви е потребен рецепт за да купите Tyrosur, можете да го купите во најблиската аптека.
Како се толерира Tyrosur, дали има несакани ефекти?
Tyrosur многу добро се поднесува. Бидејќи е локален антибиотик, тој делува на местото на апликација и не делува системски. Активната супстанција тиротрицин не се ресорбира во телото. Многу ретко може да се појават реакции на преосетливост, т.е. чувство на печење на кожата.
Имам рана од изгореница. Може ли да користам Tyrosur гел по отстранувањето на завојот?
Tyrosur гелот се користи веднаш кога ќе се појави раната од изгореница, па затоа ви предлагаме да го нанесете Tyrosur гел на изгореницата пред аплицирање на газа и над газата ставете завој ако е неопходно. Кога ќе поминат околу 10 дена од изгореницата, можете да започнете со употреба на гел Contractubex, кој ќе спречи формирање на лузна.
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.TYROSUR Gel / ТИРОСУР Гел
1 mg/g гел
tyrothricin
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го употребувате лекот, бидејќи содржи важни информации за Вас.
Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што Ви објаснил Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.
Во ова упатство ќе прочитате:
1. Што претставува лекот Tyrosur Gel и за што се употребува
Лекот Tyrosur Gel ја содржи активната супстанција тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална употреба. Лекот Tyrosur Gel се користи за лекување мали површински и умерено влажни рани, како што се исеченици, гребаници и одрани места со присуство на суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин.
2. Што треба да знаете пред да го употребите лекот Tyrosur Gel
Лекот Tyrosur Gel не смее да се употребува:
Предупредувања и мерки на претпазливост
Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го употребите лекот Tyrosur Gel.
Потребна е посебна претпазливост при нанесување на лекот во пределот блиску до очите. Лекот не смее да дојде во допир со очите. Доколку лекот дојде во допир со очите, може да предизвика чувство на печење.
Други лекови и Tyrosur Gel
Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до скоро сте земале или можеби ќе земате какви било други лекови, вклучувајќи ги и оние што можат да се купат без лекарски рецепт.
Не е познато влијанието на другите лекови врз дејството на лекот Tyrosur Gel.
Не е познато дали Tyrosur Gel влијае врз дејството на кој било друг лек.
Употреба на лекот Tyrosur Gel со храна и пијалаци
Не е применливо.
Бременост, доење и плодност
<u>Бременост</u>
Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Не се достапни податоци за безбедноста при употреба на лекот Tyrosur Gel во текот на бременост. Потенцијалниот ризик за луѓе е непознат поради недостиг на студии на животни. Поради тоа не се препорачува употреба на лекот Tyrosur Gel во текот на бременоста.
<u>Доење</u>
Не е познато дали тиротрицинот или цетилпиридиниум-хлорид се излачуваат во мајчиното млеко. Затоа не се препорачува употреба на лекот Tyrosur Gel во периодот на доење.
Управување со возила и ракување со машини
Не се потребни посебни мерки на претпазливост при управување со возила и ракување со машини.
Лекот Tyrosur Gel содржи пропиленгликол.
Tyrosur Gel содржи пропиленгликол кој може да предизвика иритација на кожата.
3. Како се употребува лекот Tyrosur Gel
Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви објаснил Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Лекот Tyrosur Gel е наменет за возрасни лица и за деца на возраст од 1 година и постари.
<u>Доколку Вашиот лекар не пропишал поинаку, следната доза е вообичаена за возрасни и деца:</u>
Лекот Tyrosur Gel се нанесува 2-3 пати дневно во доволна количина за целосно да ги покрие повредените делови од кожата.
Кај помали рани или воспаление на кожата на откриените делови на телото, не е неопходна употреба на завој.
Во случај на поголеми рани или многу влажни рани, се препорачува употреба на заштитен завој, кој треба да се менува по 1-2 дена или според упатството на лекарот.
<u>Начин на примена:</u>
За надворешна употреба на кожа.
Времетраењето на лекувањето зависи од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, мора да се консултирате со лекар.
Ако мислите дека дејството на лекот е пресилно или преслабо, веднаш консултирајте се со лекар.
Ако сте примениле повеќе од лекот Tyrosur Gel отколку што треба
Не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекувањето како што е опишано погоре. Ако, покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте се со Вашиот лекар.
Ако сте заборавиле да го примените лекот Tyrosur Gel
Продолжете со лекувањето како што е опишано погоре.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Ако нагло престанете да го применувате лекот Tyrosur Gel
Доколку престанете со лекување со лекот Tyrosur Gel, нема да го постигнете посакуваното дејство.
Ако имате дополнителни прашања за примена на овој лек, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
4. Можни несакани дејства
Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани дејства, иако тие не мора да се појават кај сите пациенти кои го земаат овој лек.
Зачестеноста на појавувањето на несаканите дејства се класифицира како:
Многу чести несакани дејства (може да се јават кај повеќе од 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Чести несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Помалку чести несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 100 пациенти кои го земаат лекот)
Ретки несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 1000 пациенти кои го земаат лекот)
Многу ретки несакани дејства (може да се јават кај најмногу 1 на 10000 пациенти кои го земаат лекот)
Непозната зачестеност: не може да се процени врз основа на достапните податоци.
<u>Нарушувања на кожата и поткожното ткиво</u>
Многу ретки: реакции на пречувствителност како што е чувство на печење на кожата.
Доколку некое несакано дејство стане сериозно или забележите некое несакано дејство што не е наведено во ова упатство, Ве молиме за тоа да го известите Вашиот лекар или фармацевт.
Пријавување на несакани дејства
Ако забележите какво било несакано дејство, треба да го известите Вашиот лекар или фармацевт. Тоа го вклучува и секое можно несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Несаканите дејства од лековите може да ги пријавите и во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/.
Со пријавување на несаканите дејства можете да допринесете за процената на безбедноста на овој лек.
5. Како да се чува лекот Tyrosur Gel
Лекот чувајте го надвор од вид и дофат на деца.
Не смеете да го користите лекот Tyrosur Gel по истекот на рокот за употреба наведен на надворешното пакување и на шишето по ознаката: „Важи до“. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Лекот се чува на температура до 25°C.
Рок на употреба по првото отворање: лекот може да се употребува најмногу 3 месеци.
Неупотребливите лекови се предаваат во аптеката во која е истакнато известување дека во таа аптека се собираат неупотребливи лекови од граѓаните. Неупотребливите лекови не смеат да се фрлаат во канализација или заедно со комуналниот отпад. Овие мерки ќе помогнат за заштита на животната средина.
6. Содржина на пакувањето и останати информации
Што содржи лекот Tyrosur Gel
Активната супстанца е тиротрицин.
Еден g гел содржи 1 mg тиротрицин.
Помошни супстанции се: цетилпиридиниум-хлорид; пропиленгликол; етанол (96%); карбомер; трометамол; вода, прочистена.
Како изгледа лекот Tyrosur Gel и содржина на пакувањето
Гел.
Безбоен, опалесцентен, вискозен гел за надворешна употреба.
Tyrosur Gel, гел, 1 x 15g:
Внатрешното пакување на лекот е цилиндрична алуминиумска туба со бел полиетиленски затворач. Тубата содржи 15 g гел.
Надворешното пакување на лекот е картонска кутија во која се наоѓа една туба со 15 g гел и упатство за лекот.
Производител
Engelhard Arzneimittel GmbH & Co.KG
Herzbergstrasse 3, Niederdorfelden, Германија
Датум на последна ревизија на упатството: Март 2023 год.
Начин на издавање на лекот
Лекот се издава без рецепт (БР).
Носител на одобрение за увоз:
СЕПТИМА ДООЕЛ – Скопје, бул. 3-та Македонска бригада бр. 92, 1000 Скопје, Р.С.Македонија
TYROSURgel-ENG-V02-06.2024
Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.