Прашокот Tyrosur® е идеален за рани кои влажнат. Прашокот Tyrosur® не создава грутки, лесно се нанесува без да се допира повредениот дел.
Активната состојка во Tyrosur® прашокот: тиротрицин (INN: Tyrothricinum).
Пред употреба прочитајте го упатството. За користењето, мерките на претпазливост и несканите реакции на лекот посоветувајте се со лекар или фармацевт.
TYROSUR Powder / ТИРОСУР Прашок, 1 mg/g, прашок за кожа
tyrothricin
Внимателно прочитајте го ова упатство пред да почнете да го користите овој лек, бидејќи содржи информации кои се важни за Вас.
Секогаш применувајте го овој лек точно како што е наведено во ова упатство или како што Ви објаснил Вашиот лекар или фармацевт или медицинска сестра.
Во ова упатство ќе прочитате:
Што содржи Тиросур Прашок
Активната супстанца е тиротрицин.
Еден g прашок содржи 1 mg тиротрицин.
Помошни супстанции се: лактоза монохидрат; макрогол 6000; силициум диоксид, колоиден, безводен.
1. Што е лекот Тиросур Прашок и за што се употребува
Лекот Тиросур Прашок ја содржи активната супстанца тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална примена. Лекот Тиросур Прашок се користи за лекување мали површински и релативно влажни рани како што се исекотини и гребаници со присутна суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин.
2. Што треба да знаете пред да го употребите лекот Тиросур Прашок
Лекот Тиросур Прашок не смеете да го користите:
Предупредувања и мерки на претпазливост
Разговарајте со својот лекар или фармацевт пред да го користите лекот Тиросур Прашок.
Други лекови и Тиросур Прашок
Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до неодамна сте земале или можеби ќе земате некои други лекови, вклучувајќи ги и оние кои можат да се набават без лекарски рецепт.
Влијанието на другите лекови врз дејството на лекот Тиросур Прашок не е познато. Не е познато дали лекот Тиросур Прашок влијае врз дејството на кој било друг лек.
Примена на лекот Тиросур Прашок со храна и пијалок
Не е применливо.
Бременост и доење
<u>Бременост</u>
Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Не се достапни податоци за безбедноста на примање на лекот Тиросур Прашок во текот на бременоста. Не е познато во која мера тиротрицин, активната состојка на лекот, поминува низ кожата и влегува во крвотокот. Доколку сте бремени, лекот Тиросур Прашок би требало да го користите само:
<u>Доење</u>
Не е познато дали тиротрицинот, активната состојка на лекот, се излачува во мајчиното млеко. Доколку доите, немој да го ставате лекот Тиросур Прашок на дојките и би требало да го користите само:
Водете сметка Вашето бебе да не дојде во контакт со третираните делови од кожата.
Управување со возила и ракување со машини
Не се потребни посебни мерки на претпазливост при управување со возила и ракување со машини.
3. Како се употребува лекот Тиросур Прашок
Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви објаснил Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, проверете со Вашиот лекар или фармацевт.
Лекот Тиросур Прашок е наменет за возрасни лица и деца на возраст од 1 година или постари.
<u>Освен ако Вашиот лекар не пропишал поинаку, следната доза е вообичаена за возрасни и деца:</u>
Лекот Тиросур Прашок треба лесно да се нанесе 1-2 пати дневно, со тенок слој да ги покрие повредените делови од кожата и, доколку е потребно, да се покрие со завој.
<u>Начин на употреба:</u>
За надворешна употреба на кожа.
Времетраењето на лекување зависи од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, морате да се консултирате со лекар.
Ако мислите дека дејството на лекот е прејако или преслабо, веднаш да се консултирајте со лекар.
Ако сте примениле повеќе од лекот Тиросур Прашок повеќе од што треба
Не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекување како што е горе опишано. Ако, и покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте се со Вашиот лекар.
Ако сте заборавиле да го примените лекот Тиросур Прашок
Продолжете со лекување како што е горе опишано.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Ако наеднаш престанете да го применувате лекот Тиросур Прашок
Времетраењето на лекувањето зависи од сериозноста и клиничката слика. Доколку престанете со лекување со лекот Тиросур Прашок нема да го постигнете посакуваното дејство.
Ако имате дополнителни прашања за примена на овој лек, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
4. Можни несакани дејства
Како и сите лекови, овој лек може да предизвика несакани дејства, иако тие не мора да се појават кај сите пациенти кои го употребуваат овој лек.
Зачестеноста на појавувањето на несаканите дејства се класифицира како:
Многу чести несакани дејства (можат да се јават кај повеќе од 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Чести несакани дејства (можат да се јават кај најмногу 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Невообичаени несакани дејства (можат да се јават кај најмногу 1 на 100 пациенти кои го земаат лекот)
Ретки несакани дејства (можат да се јават кај најмногу 1 на 1000 пациенти кои го земаат лекот)
Многу ретки несакани дејства (можат да се јават кај најмногу 1 на 10000 пациенти кои го земаат лекот)
Непозната зачестеност не може да се процени врз основа на достапните податоци.
<u>Пореметувања на кожата и поткожното ткиво</u>
Многу ретки: реакција на пречувствителност.
Доколку кај Вас се развие реакција на пречувствителност, треба веднаш да престанете со употреба на лекот Тиросур Прашок и да се консултирате со Вашиот лекар.
<u>Пријавување на несакани реакции</u>
Ако забележите какво било несакано дејство, треба да го известите Вашиот лекар или фармацевт. Тоа го вклучува и секое можно несакано дејство кое не е наведено во ова упатство. Несаканите дејства од лековите може да ги пријавите и во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk/.
Со пријавување на несаканите дејства можете да допринесете за процената на безбедноста на овој лек.
5. Чување на Тиросур Прашок
Лекот да се чува надвор од вид и дофат на деца.
Не смеете да го користите лекот Тиросур Прашок по истекот на рокот на употреба означен на надворешното пакување и на шишето по ознаката „EXP“. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.
Рок на употреба по првото отворање: 3 месеци, на температура од 25°C. По употреба добро затворете го шишето.
Неупотребливите лекови се предаваат во аптека во која е истакнато известување дека во таа аптека се собираат неупотребливи лекови од граѓаните. Неупотребливите лекови не смеат да се фрлаат во канализација или заедно со комуналниот отпад. Овие мерки ќе помогнат во заштита на животната средина.
6. Содржина на пакувањето и дополнителни информации
Како изгледа лекот Тиросур Прашок и содржина на пакувањето
Прашок за кожа. Бел прашок.
Внатрешното пакување на лекот е бело, непрозирно/HDPE шише со безбоен LD полиетиленски перфориран чеп и бело HDPE капаче. Шишето содржи 5 g прашок.
Надворешното пакување на лекот е картонска кутија која содржи едно шише од 5 g прашок и упатство за лекот.
Начин на издавање на лекот
Лекот може да се издава во аптека без рецепт (БР).
Производител
ENGELHARD Arzneimittel GmbH & Co.KG.
Herzbergstrasse 3, Niederdorfelden, Германија
Датум на последна ревизија на упатството:
Февруари, 2019 година.
Носител на одобрение за увоз:
СЕПТИМА ДООЕЛ – Скопје
Ул. Христо Татарчев 13, бр. 9
1000 Скопје, Р.С.Македонија
TYROSURprašok-ENG-V01-10.2022
Дали е потребен рецепт за Tyrosur?
Не ви е потребен рецепт за да купите Tyrosur, можете да го купите во најблиската аптека.
Како се толерира Tyrosur, дали има несакани ефекти?
Tyrosur многу добро се поднесува. Бидејќи е локален антибиотик, тој делува на местото на апликација и не делува системски. Активната супстанција тиротрицин не се ресорбира во телото. Многу ретко може да се појават реакции на преосетливост, т.е. чувство на печење на кожата.
Дали прашокот Tyrosur може да се користи на рани од декубитус?
Декубитусните рани се хронични рани кои бараат посебен третман и медицински совет. Не го препорачуваме Tyrosur за вакви рани.
Доколку имате прашања за нашите производи, слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.TYROSUR Powder / ТИРОСУР Прашок, 1 mg/g, прашок за кожа