Со специјалната формула Pantogar® Growtect за мажи, коренот на влакното се активира¹ и влакното станува поцврсто и поотпорно.²
Pantogar® шампонот го содржи комплексот Procapil™, кофеин и витамини од Б-групата. Со редовна употреба се подобрува микрокиркулацијата на кожата на главата – што доведува до подобро снабдување на коренот на влакното со хранливи материи и намалено опаѓање на косата.
Procapil™ е посебен комплекс од активни супстанции кои го намалуваат губењето на косата и се добиени од природни состојки. Иновативната комбинација на биотинил-трипептид со апигенин и олеанолнa киселина од листови на маслиново дрво придонесува за зајакнување на косата и подобрување на здравјето на коренот на влакното.
Procapil™ делува на главните причини за алопеција: слаба микрокиркулација на кожата на главата, атрофија и стареење на коренот на влакното предизвикани од дихидротестостерон.
Кератинот се обвиткува околу влакното како заштитен филм. На тој начин ја штити косата од оштетувања, ја зголемува стабилноста и го намалува кршењето.
Кофеинот продира во коренот на влакното и го поттикнува протокот на крв низ најмалите крвни садови на кожата на главата. Со тоа го подобрува снабдувањето на коренот со хранливи материи и позитивно влијае на растот на косата.
Биотинот е важен витамин за кожата и косата. Помага во негувањето на кожата на главата и ги зајакнува фоликулите на влакната.
Пантенолот е добро позната негувателна супстанција. Со своите регенеративни својства ја смирува кожата на главата и ја хидрира.
Pantogar® Growtect формулата содржи кофеин. Студиите покажуваат дека кофеинот го поттикнува растот на влакното и кај жени и кај мажи.
Pantogar® Growtect формулата за мажи содржи Procapil™. Студиите покажуваат дека Procapil™ го забавува процесот на губење на косата кај мажите.
За мажи
• Ја прави косата посилна и поотпорна
• Делува од врвовите до коренот на влакното
• Косата изгледа поздраво и побујно
Pantogar® шампонот за зајакнување на косата е наменет за дополнителна нега на проретчена и ослабната коса кај мажи.
Го содржи комплексот Procapil™, кофеин и витамини од Б-групата, кои придонесуваат за подобра микрокиркулација на кожата на главата – се подобрува снабдувањето на коренот на влакното со хранливи материи, а косата изгледа посилна и погуста.
Козметички производ.
Нанесете шампон, масирајте ја кожата на главата и по 2 минути исперете. За оптимални резултати се препорачува употреба во период од најмалку 3 месеци.
Погоден е за секојдневна употреба кај сите типови коса. Препорачлива е истовремена употреба на Pantogar® тоникот за зајакнување на косата кај мажи.
Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.
Производител: Merz Pharmaceuticals GmbH, Германија
Носител на дозволата: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Увозник: СЕПТИМА Д.О.О.Е.Л. Скопје, Булевар 3-та Македонска Бригада бр.92, Скопје
Пакување: 200 ml
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.За мажи