Pantogar тоник за коса за жени - Biram zdravlje

Pantogar тоник за коса за жени

Побарајте во аптека

Pantogar® тоникот за активирање на растот на косата е наменет за жени со засилено опаѓање на косата, благодарение на интензивната формула за намалување на губењето на косата. Со редовна примена повторно се активира коренот на влакното и се обновува виталноста на косата.

Намалено опаѓање на косата и погуста коса за само 3 месеци.

Препорачлива е истовремена употреба на шампонот и тоникот Pantogar®.

За оптимални резултати се препорачува примена во период од 3 месеци. Сите производи се соодветни за секојдневна употреба и за сите типови коса.

Начин на употреба на шампонот:
Нанесете шампон, внимателно масирајте ја кожата на главата и по 2 минути исперете.

Начин на употреба на тоникот:
Нанесете тоник и масирајте ја кожата на главата двапати дневно. Не се плакне.

Активни состојки во Pantogar® тоникот за жени

AnaGain™¹ е природен екстракт од никулци од грашок со особено висока содржина на вредни фитонутриенти. Екстрактот ги стимулира папиларните клетки во коренот на влакното, што го активира растот и ја подобрува виталноста на косата.

Follicusan™ е комплекс од млечни протеини и аминокиселини кои ги ревитализираат клетките на фоликулот, го нормализираат циклусот на раст на косата и со тоа го спречуваат нејзиното опаѓање.

Кератинот се обвиткува околу влакното како заштитен филм. На тој начин ја штити косата од оштетувања, ја зголемува нејзината стабилност и го намалува кршењето.

Кофеинот¹ продира во коренот на влакното и го поттикнува протокот на крв низ најмалите крвни садови на кожата на главата. Со тоа го подобрува снабдувањето на коренот со хранливи материи и позитивно влијае на растот на косата.

Ниацинот е дел од коензимот NAD, кој има важна улога во бројни метаболички процеси. Тој го подобрува снабдувањето на кожата на главата со хранливи материи за густа и полна коса.

Биотинот е важен витамин за кожата и косата. Помага во негувањето на кожата на главата и го зајакнува коренот на влакното.

Пантенолот е добро позната негувателна и регенеративна супстанција. Благодарение на своите регенеративни својства ја смирува кожата на главата и ја хидрира.

1. Pantogar® Growtect формулата содржи кофеин. Студиите покажуваат дека кофеинот го поттикнува растот на влакното и кај жени и кај мажи. Pantogar® Growtect формулата за жени содржи AnaGain™. Студиите покажуваат дека AnaGain™ придонесува за зголемување на густината на косата кај жените.  

Упатство за производот.

Pantogar® тоник за здрава и силна коса

За жени

• За побујна и погуста коса
• Делува од врвовите до коренот на влакното
• Косата изгледа поздраво

Pantogar® тоникот за здрава и силна коса е наменет за дополнителна нега на ослабена коса кај жени.

Ги содржи комплексите AnaGain™ и Follicusan™, кофеинот и витамините од Б-групата кои ја негуваат косата од коренот до врвовите, правејќи ја посилна и погуста.

Козметички производ.

Начин на употреба

Нанесете тоник и нежно масирајте ја кожата на главата двапати дневно. Не се плакне.
На поголеми површини со проретчена коса се препорачува употреба на спреј-пумпицата, додека за помали површини најсоодветна е употребата на приложениот апликатор со прецизен врв.
Тоникот има пријатен мирис и не остава наслаги на косата. По нанесувањето косата може да се стилизира на вообичаен начин.

Pantogar® тоникот за коса е погоден за секојдневна употреба кај сите типови коса. За оптимални резултати се препорачува употреба во период од најмалку 3 месеци.

Препорачлива е истовремена употреба на Pantogar® шампонот за здрава и силна коса кај жени.

Чување:
Чувајте на температура до 25°C. Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите.
Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.

Производител: Merz Pharmaceuticals GmbH, Германија

Носител на дозволата: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Увозник: СЕПТИМА Д.О.О.Е.Л. Скопје, Булевар 3-та Македонска Бригада бр.92, Скопје

Пакување: 100 ml

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.