Pantogar шампон за коса за мажи - Biram zdravlje

Pantogar шампон за коса за мажи

Побарајте во аптека

Pantogar® шампонот и Pantogar® тоникот за мажи се специјално дизајнирани за мажи кај кои речиси секојдневното опаѓање на косата најчесто е предизвикано од прекумерно производство на машкиот половиот хормон дихидротестостерон (DHT).

Со специјалната формула Pantogar® Growtect за мажи, коренот на влакното се активира¹ и влакното станува поцврсто и поотпорно.²

Pantogar® шампонот го содржи комплексот Procapil™, кофеин и витамини од Б-групата. Со редовна употреба се подобрува микрокиркулацијата на кожата на главата – што доведува до подобро снабдување на коренот на влакното со хранливи материи и намалено опаѓање на косата.

Активни состојки во Pantogar® шампонот и Pantogar® тоникот против опаѓање на косата за мажи

Procapil™ е посебен комплекс од активни супстанции кои го намалуваат губењето на косата и се добиени од природни состојки. Иновативната комбинација на биотинил-трипептид со апигенин и олеанолнa киселина од листови на маслиново дрво придонесува за зајакнување на косата и подобрување на здравјето на коренот на влакното.

Procapil™ делува на главните причини за алопеција: слаба микрокиркулација на кожата на главата, атрофија и стареење на коренот на влакното предизвикани од дихидротестостерон.

Кератинот се обвиткува околу влакното како заштитен филм. На тој начин ја штити косата од оштетувања, ја зголемува стабилноста и го намалува кршењето.

Кофеинот продира во коренот на влакното и го поттикнува протокот на крв низ најмалите крвни садови на кожата на главата. Со тоа го подобрува снабдувањето на коренот со хранливи материи и позитивно влијае на растот на косата.

Биотинот е важен витамин за кожата и косата. Помага во негувањето на кожата на главата и ги зајакнува фоликулите на влакната.

Пантенолот е добро позната негувателна супстанција. Со своите регенеративни својства ја смирува кожата на главата и ја хидрира.

  1. Pantogar® Growtect формулата содржи кофеин. Студиите покажуваат дека кофеинот го поттикнува растот на влакното и кај жени и кај мажи.

  2. Pantogar® Growtect формулата за мажи содржи Procapil™. Студиите покажуваат дека Procapil™ го забавува процесот на губење на косата кај мажите.

Упатство за производот.

Pantogar® шампон за зајакнување на косата

За мажи

• Ја прави косата посилна и поотпорна
• Делува од врвовите до коренот на влакното
• Косата изгледа поздраво и побујно

Pantogar® шампонот за зајакнување на косата е наменет за дополнителна нега на проретчена и ослабната коса кај мажи.

Го содржи комплексот Procapil™, кофеин и витамини од Б-групата, кои придонесуваат за подобра микрокиркулација на кожата на главата – се подобрува снабдувањето на коренот на влакното со хранливи материи, а косата изгледа посилна и погуста.

Козметички производ.

Начин на употреба

Нанесете шампон, масирајте ја кожата на главата и по 2 минути исперете. За оптимални резултати се препорачува употреба во период од најмалку 3 месеци.

Погоден е за секојдневна употреба кај сите типови коса. Препорачлива е истовремена употреба на Pantogar® тоникот за зајакнување на косата кај мажи.

Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.

Производител: Merz Pharmaceuticals GmbH, Германија

Носител на дозволата: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Увозник: СЕПТИМА Д.О.О.Е.Л. Скопје, Булевар 3-та Македонска Бригада бр.92, Скопје

Пакување: 200 ml

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.