Pantogar шампон за коса за жени - Biram zdravlje

Pantogar шампон за коса за жени

Побарајте во аптека

Pantogar® шампонот за здрав раст на коса е наменет за жени со засилено опаѓање на косата.Содржи специјално дизајниран комплекс - AnaGain, кофеин, комплекс витамини од Б-групата и кератин - влакното станува посилно и поотпорно, а квалитетот на косата се подобрува.

Активни состојки на Pantogar® шампонот за жени

AnaGain™¹ е природен екстракт од никулци од грашок со особено висока содржина на вредни фитонутриенти. Екстрактот ги стимулира папиларните клетки во коренот на влакното, што го активира растот и ја подобрува виталноста на косата, со што се спречува понатамошното опаѓање на косата.

Кератинот се обвиткува околу влакното како заштитен филм. На тој начин ја штити косата од оштетувања, ја зголемува нејзината стабилност и го намалува кршењето.

Кофеинот продира во коренот на влакното и го поттикнува протокот на крв низ најмалите крвни садови на кожата на главата. Со тоа го подобрува снабдувањето на коренот со хранливи материи и позитивно влијае на растот на косата.

Ниацинот е дел од коензимот NAD, кој има важна улога во бројни метаболички процеси. Тој го подобрува снабдувањето на кожата на главата со хранливи материи за густа и полна коса.

Биотинот е важен витамин за кожата и косата. Помага во негувањето на кожата на главата и го зајакнува коренот на влакното.

Пантенолот е добро позната негувателна и регенеративна супстанција. Благодарение на своите регенеративни својства ја смирува кожата на главата и ја хидрира.

Упатство за производот.

Pantogar® шампон за здрава и силна коса

За жени

• За побујна косата
• Делува од врвовите до коренот на влакното
• Косата изгледа поздраво

Pantogar® шампонот за здрава и силна коса е наменет за дополнителна нега на ослабена коса кај жени. Го содржи специјално дизајнираниот AnaGain™ комплекс, кофеин и витамини од Б-групата кои ја негуваат косата од коренот до врвовите, правејќи ја посилна и погуста.

Козметички производ.

Начин на употреба

Нанесете шампон, нежно масирајте ја кожата на главата и по 2 минути исперете. За оптимални резултати се препорачува употреба во период од најмалку 3 месеци.

Погоден е за секојдневна употреба кај сите типови коса.

Се препорачува истовремена употреба на Pantogar® тоникот за здрава и силна коса кај жени.

Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.

Производител: Merz Pharmaceuticals GmbH, Германија

Носител на дозволата: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Увозник: СЕПТИМА Д.О.О.Е.Л. Скопје, Булевар 3-та Македонска Бригада бр.92, Скопје

Пакување: 200 ml

Прашајте нѐ

Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.

expand_circle_right Поставете прашање.