Уникатната комбинација на активни супстанци повторно ја активира природната функција на коренот на влакното.
Дифузното опаѓање на косата се јавува поради нарушување на циклусот на раст на влакното.
Кога коренот на косата не е доволно хранет или е ослабнат како последица од болест или стрес, метаболичката активност се намалува, клеточната делба се успорува и фазата на раст на косата се намалува.
Ова доведува до нерамнотежа помеѓу анагената фаза (фаза на раст) и телогената фаза (фаза на стагнација или одмор), при што опаѓа повеќе коса отколку што расте.
Pantogar® содржи специјално формулирана комбинација на активни супстанции кои ја реактивираат природната функција на коренот на косата и го запираат опаѓањето на косата. Клеточната делба се стимулира и влакното преминува од фаза на одмор во фаза на активен раст.
За да се спречи дифузното опаѓање на косата, неопходно е таа повторно да се врати во фазата на раст. За да се постигне тоа, на коренот на косата му се потребни низа активни супстанции што го поддржуваат метаболизмот на косата и претставуваат основа за здрав нов раст.
Цистинот е главна компонента на кератинот, ја поттикнува природната функција на коренот на косата и има антиоксидативно дејство, делувајќи како природен прочистувач.
Тиаминот ја зголемува метаболичката активност на коренот на косата.
Калциум пантотенат (витамин Б5) го поддржува енергетскиот метаболизам во процесот на клеточна репродукција, ја стимулира поделбата на клетките и ја поттикнува регенерацијата на постоечките клетки.
Медицинскиот квасец содржи елементи во траги и витамини, го активира метаболизмот и го стимулира создавањето на нови клетки.
Кератинот е главна компонента на секое влакно и претставува основен градежен блок за здрава коса.
Пара-аминобензоевата киселина позитивно влијае врз пигментацијата на косата.
Сите активни супстанции во капсулите Pantogar® се присутни во високи дози и заеднички ја поддржуваат природната функција на коренот на косата преку активирање на метаболизмот и стимулирање на формирањето нови клетки на влакното.
Влакното повторно преминува во фаза на активен раст, опаѓањето се запира, а новата, здрава коса повторно расте.
За разлика од додатоците во исхрана, Pantogar® е лек што се издава без лекарски рецепт и е достапен единствено во аптеките.
Возрасни (постари од 18 години): една капсула Pantogar® три пати дневно, во период од 3–4 месеци.
Капсулата Pantogar® треба да се проголта цела, со мала количина течност.
Во едно пакување капсули Pantogar® има 90 капсули.
За време на третманот со Pantogar®, метаболизмот на коренот на косата директно се активира и се стимулира формирањето на нови клетки. Опаѓањето на косата се запира и таа повторно се враќа во фазата на раст. Бидејќи косата расте приближно еден сантиметар месечно, потребни се неколку месеци за резултатите од третманот да станат видливи.
Дајте ѝ го потребното време на Вашата коса за повторно да стане здрава и силна. Придружете им се на многумина кои се збогувале со опаѓањето на косата благодарение на Pantogar®.
УПАТСТВО ЗА ЛЕК
Pantogar® капсула, тврда, 100 mg + 60 mg + 60 mg + 20 mg + 20 mg + 20 mg
Пакување: блистер, 6 × 15, 90 тврди капсули
Производител: Merz Pharma GmbH
Адреса: Ludwigstraße 22, D-64354 Reinheim, Германија
Подносител на барањето: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје
Адреса: Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Заштитено име, јачина, фармацевтски облик:
Pantogar® тврда капсула, 100 mg + 60 mg + 60 mg + 20 mg + 20 mg + 20 mg
INN медицински квасец, тиамин, калциум-пантотенат, цистин, п-аминобензоева киселина, кератин
За лекови кои се издаваат без лекарски рецепт:
Внимателно прочитајте го ова упатство, бидејќи содржи информации важни за Вас. Овој лек може да се набави без лекарски рецепт, но неопходно е да го користите Pantogar внимателно за да постигнете најдобри резултати.
Зачувајте го упатството — можеби ќе Ви биде потребно повторно.
Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај фармацевтот.
Ако Вашите симптоми се влошат или не се подобрат, мора да се обратите кај лекар.
Ако некоја несакана реакција стане сериозна или забележите несакано дејство што не е наведено во ова упатство, информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.
Во ова упатство ќе прочитате:
1. ШТО Е ЛЕКОТ PANTOGAR И ЗА ШТО Е НАМЕНЕТ
Капсулите Pantogar го намалуваат дифузното опаѓање на косата со подобрување на структурата на влакното. Исто така ја зголемуваат отпорноста на косата кон различни механички и хемиски штетни фактори. Pantogar капсулите го поттикнуваат растот и цврстината на ноктите.
Информирајте го лекарот доколку земате други лекови, имате хронична болест, метаболичко нарушување, позната преосетливост на лекови или претходни алергиски реакции.
Pantogar лекот не смеете да го користите ако:
Сте преосетливи на било која состојка на лекот.
Посебна претпазливост при употреба на лекот Pantogar:
Не се препорачува истовремена употреба на Pantogar и сулфонамидски лекови. Не се препорачува употреба кај деца поради зголемен ризик од реакции на преосетливост. Кај опаѓање на коса поради хипотиреоза, габични инфекции, хормонски нарушувања, системски лупус или дијабетес, неопходна е терапија на основната болест. Кај опаѓање на коса предизвикано од хемотерапија препорачливи се нефрамаколошки мерки (специјална нега на косата, прилагодување на фризурата). Кај кршливи и осетливи нокти поради габична инфекција или псоријаза, потребна е соодветна фармаколошка терапија.
Доколку користите препарати што содржат сулфонамиди, консултирајте се со својот лекар пред да започнете со употреба на Pantogar.
Не е познато дека храна или пијалаци влијаат врз дејството на Pantogar капсулите.
Истражувањата на животни се недоволни за да укажат на ефектите врз бременоста, ембрионалниот/феталниот развој, раѓањето и постнаталниот развој. Опасноста за луѓе не е позната. Во текот на бременоста и лактацијата Pantogar може да се препише само по внимателна процена на односот меѓу потенцијалната корист и можниот ризик од страна на Вашиот доктор. Не постојат доволно податоци за безбедноста на овој лек во бременост и за време на доење. Доколку сте бремени или доите, обратете се кај Вашиот лекар, кој ќе одлучи за употребата на овој лек.
Не е познато дека препаратот влијае врз способноста за управување со возила и ракување со машини.
Досега не е познато дека помошните супстанции имаат негативно дејство врз организмот. Сепак, доколку се појават какви било симптоми, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Доколку сметате дека лекот Pantogar делува премногу слабо или премногу силно на Вашиот организам, обратете се кај лекар или фармацевт. Доколку лекарот не пропише поинаку, вообичаената доза е: Возрасни над 18 години: 3 пати дневно по 1 капсула.
Капсулите Pantogar земајте ги за време на оброк, со мала количина течност, без џвакање. Просечното траење на третманот изнесува 3–4 месеци. Доколку е потребно, третманот може да се повтори или продолжи.
Нема доволно податоци за ефикасноста и безбедноста на примената на овој препарат кај деца и адолесценти под 18-годишна возраст.
Доколку сте земале поголема доза на Pantogar отколку што е препорачано, веднаш консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт! До сега не се регистрирани такви случаи, но доколку се појават симптоми при земање дози поголеми од препорачаните, веднаш обратете се кај Вашиот лекар.
Никогаш не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза!
Не се очекуваат никакви ефекти.
Како и сите лекови, така и капсулите Pantogar може да предизвикаат несакани дејства, кои се класифицираат според зачестеноста на следниов начин:
Многу чести несакани дејства (почести од 1 на 10 пациенти кои го земаат лекот)
Чести несакани дејства (кај 1–10 на 100 пациенти кои го земаат лекот)
Повремени несакани дејства (кај 1–10 на 1 000 пациенти кои го земаат лекот)
Ретки несакани дејства (кај 1–10 на 10 000 пациенти кои го земаат лекот)
Многу ретки несакани дејства (пореки од 1 на 10 000 пациенти кои го земаат лекот)
Непозната зачестеност: главоболка и вртоглавица
Ретки: тахикардија, забрзан пулс
Непозната зачестеност: палпитации (чувство на забрзано или силно чукање на срцето)
Непозната зачестеност: дијареа, повраќање, абдоминална болка, надуеност, горушица, мачнина.
Пореметувања на ниво на кожата и поткожното ткиво:
Ретки: уртикарија, осип, пруритус (чешање);
Непозната зачестеност: еритем (црвенило).
Ретки: засилено потење
Доколку ги забележите овие симптоми, информирајте го Вашиот лекар.
Лекот не смее да се употребува по истекот на рокот означен на пакувањето. Рокот на употреба на пакувањето за продажба е 3 години.
Да се чува на температура до 25°C.
Една тврда капсула содржи: медицински квасец 100 mg, тиамин-нитрат 60 mg, калциум-пантотенат 60 mg, цистин 20 mg, п-аминобензоева киселина 20 mg, кератин 20 mg.
Листа на помошни супстанции:
Капсула, тврда
Опис: тврди, непроѕирни желатински капсули со темнозелени капки и светлокафено тело.
Опис на внатрешното пакување: PVC/PVdC–алуминиумски блистер со 15 тврди капсули.
Опис на надворешното пакување: склоплива картонска кутија во која се наоѓаат шест блистери со по 15 тврди капсули (вкупно 90 тврди капсули).
Носител на дозволата и производител
Носител на дозволата: САЛВЕО Д.О.О.Е.Л. Скопје, Васил Ѓоргов 19/2-26, Скопје
Производител: Merz Pharma GmbH, Ludwigstraße 22, D-64354 Reinheim, Германија
Ова упатство е последен пат одобрено
Јуни, 2017
Режим на издавање на лекот:
Лекот се издава без лекарски рецепт.
Број и датум на дозволата:
515-01-7322-12-001 од 03.09.2013 година.
Доколку имате прашања за нашите производи слободно исконтактирајте нѐ. Со задоволство ќе одговориме на Вашето барање.
expand_circle_right Поставете прашање.УПАТСТВО ЗА ЛЕК

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.